Author: Нова ТВ

Во изјава потпишана од дваесет европратеници се повикува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ за Северна Македонија и да се овозможи прогрес и за Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. Пратеници од сите политички партии во Европскиот Парламент бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на оваа година. -Предупредувајќи дека блокирањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува кредибилитетот на Европската Унија на западниот Балкан, тие ги повикуваат Бугарија и Северна Македонија да изнајдат компромис за билатералните прашања за да…

Read More

Нас ни е важно македонскиот јазик и македонскиот идентитет да останат недопрени. Имаме механизам за историските прашања да се решаваат од историчарите и важно е пристапниот процес да европеизира, а не да балканизира, порача денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, по полагањето цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“. Нашите позиции се на кристално чисти принцип, потенцира тој, на право на самоопределување и најави дека ќе се продолжи со разговори со соседна Бугарија и, како што рече, ќе продолжиме да ги убедуваме дека не може правото на самоопределување да биде пречка за европски…

Read More

Министерот за надоврешни работи, денеска по повод положувањето на свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски, уште еднаш ги повтори ставовите дека владата ќе чекори по овој пат, и дека не се откажува од членство во ЕУ, и покрај блокадата од Бугарија. „Ќе се надминат и овие разлики. Замислете што ќе се случеше ако се откажевме од НАТО во последните 30 години. Сега немаше да бидеме членка на Алијансата. Или кога Франција стави вето, да се откажевме. Но ние одевме по тој пат, и потоа добивме препорака. И сега не се откажуваме. Jас ве уверувам дека после членството во…

Read More

Доколку Пендаровски одбил членство во Европската економска зона, тогаш тој постапил неодговорно, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, на изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски дадена на вчерашната конференција за Западен Балкан организирана од „Пријателите на Европа“. Членувањето во Европската економска зона ја олеснува трговијата и протокот на луѓе и стока, а одбвањето го сметаат за антидржавен чин. „Стево Пендаровски и Зоран Заев не се монарси, на кои народот им го предал правото безусловно да владеат и Македонија не е нивна своина, ниту Пендаровски, ниту Заев не смеат да донесуваат стратешки одлуки без да го прашаат народот. Кого прашал…

Read More

Како јазична гимнастика го оцени денешен „Политико“ спорењето на македонскиот јазик од страна на Бугарија, поради што денес на министерскиот состанок на ЕУ најверојатно нема да се расправа за почетокот на преговорите со Македонија. Според „Политико“ тврдењето дека македонскиот не е посебен јазик туку регионална варијанта на бугарскиот е основата на спорот кој повторно ги загрозува европските перспективи на земјата. Притоа, ја отвора дилемата: Како безусловна одлука за почеток на преговорите стана одеднаш условувана од земја членка на Унијата, која и самата дала согласност за неа? Според медиумот, бугарската блокада ги фрустрира другите земји во ЕУ бидејќи ги загрозува стратешките…

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче,во денешното гостување во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител рече дека смета оти полицискиот час не е решение за претстојните новогодишни празници, но предупреди дека граѓаните мора да бидат внимателни бидејќи собирите се голем ризик и можат да предизвикаат мини кластери. Како евентуална нова рестриктивна мерка за празниците, тој најави дека на еден од следните состаноци ќе се дискутира за работното време на угостителските објекти. „Мислам дека полициски час и карантин нема да има ефект за време на новогодишните празници, затоа што веќе имаме добро димензионирани мерки кои доколку се почитуваат ќе дадат ефект, и впрочем тоа се гледа. Ние веќе имаме намалување на факторот на преносливост и бројот на пациенти низ болниците во однос…

Read More

Бугарија и Северна Македонија се расправаат околу македонскиот јазик и идентитет. Се чини дека е бизарно. Но, конфликтот има безбедносни импликации и е потенцијално експлозивна мешавина, вели историчарот Улф Брунбауер од Универзитетот во Регенсбург, Германија

Read More

Св. Климент е дел од нашиот идентитет и значаен темел на нашето постоење, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитката по повод денешниот празник „Св. Климент Охридски“. Во честитката тој ја напаѓа и власта дека тргува со ликот и делото на Свети Климент. „Св. Климент е еден од неколкуте наши знаменити личности кои оставиле светски белег и е вграден дел од нашиот идентитет како народ и земја, истиот оној кој денешната власт како неразбрани трговци го тргуваат, преговараат, се откажуваат. Тие кои се одрекуваат од нашите великани, и го понижуваат нашиот народ се понижуваат себе си, го валкаат нашето…

Read More

Германската медиумска мрежа РНД, пишувајќи за несупехот на ЕУ да ги почне преговорите со Македонија, прстот на вината го вперува кон Бугарија. И вели дека тешко може да се најде некој во ЕУ кој повеќе се залага за проширувањето од Германија, па сепак и таа, за време на нејзиното претседателство, доживеа неуспех. РНД нагласува дека главната причина за блокадата на Бугарија се тврдењата дека македонскиот идентитет, јазик и историја имаат бугарски корени и дека Северна Македонија е „измислена нација“. РНД вели дека дури и посредувањето на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и министерот за надворешни работи Хајко Мас, било залудно поради…

Read More

Денеска се одржува министерскиот состанок за европски прашања на кој требаше да се даде зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, и најверојатно за Албанија со дополнителни услови, но поради ветото на Бугарија целата дискусија е отстранета од дневен ред, јави дописничката на МИА од Брисел. Германското претседателство и останатите земји членки на ЕУ не успеаја да ја надминат блокадата на Бугарија која поради билатерални прашања со Скопје одбива да даде согласност за одржување на првата меѓувладина конференција оваа година, прашање кое беше апсолвирано со усвојувањето на Преспанскиот договор, договорот за пријателство и новата методологија за…

Read More

Денеска го славиме Свети Климент Охридски, жив паметник на нашата историјата и историјата на другите народи на Балканот, ученик на сесловенските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет, објави денеска на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев. Со Свети Климент Охридски, стои во честитката по повод празникот,  се поврзани почетоците на македонската писменост и неговото име денес достојно го носат универзитети, факултети, училишта. – Записите велат дека низ Свети Климентовата Охридска школа минале околу 3.500 ученици. Тоа е импозантен број за тогашните времиња, а секако, импозантен е…

Read More

Енергетскиот сектор во земјите од Западен Балкан во изминатата декада се соочува со двојна транзиција, едната од централизирани системи  контролирани од државата кон отворени и конкурентни пазари и втората, од традиционални начини на производство на електрична енергија кон алтернативни “зелени” начини.  Втората транзиција е повеќе од неопходна ако се земе предвид фактот дека повеќе градови во државите од регионот, во изминатите години, се наоѓаат на врвот по загаден воздух. Еден од начините да се придонесе во подобрување на квалитетот на воздухот  е и  искористувањето на алтернативни извори за производство на електрична енергија. Во последнта декада искористувањето на ветерот за оваа…

Read More