Author: Нова ТВ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека верува во решавање на македонско-бугарскиот спор и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми. Колку повеќе чекаме, толку повеќе емоции се влеваат во историските прашања, смета претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и додаде дека верува во решавање на македонско-бугарскиот спор и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми. – Ги поддржуваме нашите сограѓани Македонци во овој многу значаен процес и сметам дека и бугарската страна ќе има предвид во овие значајни процеси. Верувавме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине овие емотивни ситуации, затоа што ако Балканот…

Read More

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски направи увид во работата на градежните активности на експресниот пат Штип – Радовиш, кои се одвиваат со брза динамика и се очекува финализирање и пред истекот на крајниот рок предвиден со проектот. Премиерот Заев, како што соопштуваат од владината прес-служба, упати пофални зборови за заложбите и максималната посветеност и во услови на пандемија на градежните работници кои секојдневно се на терен и ги реализираат проектите. -Се применуваат сите европски правила за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот и изградба на експресен пат по најсовремени стандарди.…

Read More

На два дена од Европскиот совет на 8 декември премиерот Зоран Заев не го напушта оптимизот дека сепак е можно Бугарија да се откаже од најавеното вето за почеток на пристапните преговори за С. Македонија до крајот на годинава во рамки на германското претседателство. Потврди дека со Република Бугарија се постојано отворени каналите за комуникацијата и интензивно се разговара за прашањата што се актуелизираа и што се поставуваат како пречка за согласноста за усвојување на преговарачката рамка за Република Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Го оцени како конструктивен настапот на министерот за одбрана на Бугарија…

Read More

Не само Северна Македонија, туку целиот свет полека ги прифаќа лековитите дејствија на канабисот и неговите предности во медицински цели. Легализацијата и декриминализацијата на марихуаната не ја измисли премиерот Зоран Заев, тој само го отвори јавно прашањето за користењето на канабисот, за, ако ништо повеќе, да се отвори темата за да може лекарите, угостителите, туристичките работници, јавноста… да изнесат свои ставови околу употребата на канабисот со крајна цел да се утврди моделот прифатлив за сите. Со оглед дека во нашата држава маслото од канабис легално се продава во аптеките, премиерот оди чекор понатаму, предлага рекреативна употреба на марихуаната, на одредени…

Read More

„Добри вести! Советот на ЕУ и Европската комисија засега нема да отворат нови поглавја за преговори со Србија“, напиша на Твитер известувач на ЕП за Косово Виола Фон Крамон додавајќи како објаснување дека она што го опиша како „влошување на состојбата на демократијата, напади врз медиумите, насилство против мирните протести и проблематичните избори“ не се патот кон евроинтеграциите. На оваа вест, како што јави дописникот на МИА од Белград, денес имаше повеќе реакции, а се огласи и министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, кој оцени дека европарламентарката Виола фон Крамон е отворено политички инспирирана против Владата на Србија и дека нејзиниот твит „навистина не оди подалеку од политичката пристрасност што стана…

Read More

Однесувањето на опозицијата, на ВМРО-ДПМНЕ е апсурдно и ирационално и не може да се најде оправдување за нивните постапки, порача вечерва министерот за здравство Венко Филипче во вклучувањето во живо на социјалните мрежи со кандидатот за градоначалник на општина Штип, Сашко Николов од СДСМ. „ВМРО-ДПМНЕ бараа парламентарните избори да се одржат есенва, велејќи нема да има нов бран, а сега не сакаат да учествуваат на изборите за градоначалник на Штип. Во време на пандемија организираат протести на кои мерките за заштита не се почитуваат, а во исто време велат дека изборите во Штип не биле безбедни за јавното здравје“, порача…

Read More

Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани од шест илјади денари беше изгласан во Собранието на денешната пленарна седница. Со ова граѓаните конечно добиваат по шест илјади денари за купување македонски производи. Освен самохраните родители со Законот за финансиска поддршка по шест илјади денари треба да добијат и пензионерите со месечна пензија до 15 илјади денари, невработените кои не бараат работа или пасивните невработени. Потоа, самохраните родители, естрадни уметници и филмски работници, ученици од основно и средно училиште од социјално ранливи семејства, децата без родители. Граѓаните имаат рок до 25 месецов да ги потрошат парите за купување на домашни…

Read More

Речиси секое семејство во Словенија во својот дом има во просек три канти за ѓубре. Една во која го собира пластичниот отпад, друга за металот и стаклото и трета за органскиот отпад. Во Велика Британија домаќинставата го селектираат отпадот во седум биоразградливи ќеси со различна боја – посебна за секој вид на отпад. Во Македонија, за жал отпадот најчесто го фрламе во пластични неразградливи ќеси, неселектиран и во еден контејнер наменет за секаков вид. Просечното ниво на селектирана пластика во европските земји е околу 50 проценти, а кај нас нема прецизни бројки, но предвидувањата се дека таа бројка е едноцифрена.…

Read More

Агенцијата Фич очекува хрватската економија годинава да падне за рекордни девет проценти, бидејќи вториот бран на пандемијата на коронавирусот тешко го погоди извозот на услуги и потрошувачката на домаќинствата и покрај сеопфатниот пакет мерки за поддршка во вкупна вредност од над 10 проценти од БДП. Агенцијата потврди дека кредитниот рејтинг на Хрватска за инвестиции е „БББ-“, со стабилни изгледи, нагласувајќи го очекуваното постепено закрепнување од корона-кризата со финансиска поддршка на ЕУ, но и проблемот со ограничениот капацитет за користење европски пари. Рејтингот ги одразува силните структурни показатели, вклучително и поголем развој на човечки ресурси во споредба со земјите со сличен…

Read More

„Апсолутно сум растеретен и служам на мојата земја и целиот мој народ најпатриотски и онака како што знам и умеам. Секако слушајќи го многу внимателно и учејќи го и тоа што не го знам, но знам дека ние сме Македонци кои што зборуваме македонски јазик и сме денес членки на НАТО, ние ќе бидеме Македонци што зборуваме македонски јазик и ќе бидеме членка на ЕУ. Јас изразувам огромна почит за граѓаните од другите етнички заедници, односно Албанците, Ромите, Турците, Власите… што имаат разбирање за оваа прашање кое што се однесува на граѓаните со македонска етничка припадност, затоа што прашањето сега…

Read More

Според весникот, компромисот се очекува во текот на следната недела, така што Бугарија ќе добие гаранција дека во секое време ќе може да ја суспендира С Македонија откако земјава ќе ги почне преговорите Гаранција за Бугарија во секое време да ја суспендира С Македонија во Европскиот совет, а во „замена“ С Македонија ќе може да ги почне преговорите за членство. Ова, според софискиот „24 часа“ е компромисот што треба да се случи во текот на следната недела. Како што објавува весникот, идејата на влијателни европски политичари е да и се гарантира на Бугарија дека нема „повеќе да биде измамена“, но…

Read More

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на поставено новинарско прашање за препродавање и купување на лекови на црно од интернет од страна на граѓани, истакна дека ниту еден граѓанин не треба да посегне да бара лекови кои не се докажани дека помагаат во лекувањето на овој вирус. „Насекаде во светот има многу клинички студии кои испитуваат, ние знаеме дека специфичен и посебен лек за оваа болест нема. Се прави комбинација на постојни терапии за други болести или согласно симптомите коишто ги дава оваа болест. Мора да знаеме дека има навистина широка лепеза на симптоми со коишто оваа болест може да…

Read More