Author: Нова ТВ
Здружението на одгледувачи на медицински канабис „Макканабис“ апелира до Собранието, а особено до опозицијата, како што наведуваат во соопштение, да се надминат партиските надмудрувања и што поскоро да се изгласат измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. „ Апелираме за брза реакција и изгласување на измените на Законот, за да ги спречиме непоправливите последици кои ќе настанат доколку не се дозволи извозот на цвет, а со тоа и овозможување на егзистенција на сите лиценцирани субјекти и нивните вработени. Пред нас има две алтернативи: или промена на законот, заземање на водечка позиција на пазарот со канабис и…
Имаме побарувачка од директорите на болниците да го зголемиме бројот на припадници на Армијата зашто луѓето се чувствуваат пообезбедно кога има војска, рече денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Во разговор за телевизија 24, Ангелов истакна дека Главниот кризен штаб постојано заседава и е подготвен да реагира во секој момент, доколку има потреба. Припадниците на безбедносните сили може да се соберат за половина до максимум еден час. Според Ангелов, во моментов земјава се соочува не само со корона кризата, туку и со мигранстката криза. Има информации дека во одредени кампови КОВИД-от е многу раширен, па…
Политики што резонираат со потребите на реалниот сектор и на потребите на граѓаните како и наоѓање на системски решенија за решавање на проблемите се вредности по кои се водам при секојдневното донесување на одлуки. За да сме сигурни дека решенијата и политиките се одржливи и соодветни, сметам дека е од исклучителна важност тие да се донесени преку инклузивен процес на сите засегнати страни, потенцирал вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во своето воведно излагање на првиот состанок на Платформата „За татковината со љубов“. Платформата е иницирана токму од Битиќи за поголема вклученост на експертската јавност и професионалците од сите економски сфери…
Микробиологот проф. д-р Никола Пановски при гостувањето во Студио 10, рече оти смета дека до средината на следната година, најверојатно народот ќе стекне природен имунитет на Ковид-19, а вакцините може да помогнат. „33.000 дози од вакцината против Ковид не се многу, ама ќе помогнат во февруари, таму каде се најпотребни. Здравствените работници ќе мора да издржат до февруари. Најверојатно вакцинирањето од грип е безпотребно годинава. Спречено е ширењето на заразата, нема одење по слави, по спортски натпревари, концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет, но речиси половина од нив не биле болни. Не…
Радувај се, Црна Горо, го доби својот Вили Брант, мандатар кој половина од своето политичко житие го мина клечејќи по манастири, зобајќи жито врз надгробниот мермер, храбар сурфер на литискиот бран, оној што јавна штица од тиково дрво осветена под Острог, каде што, патем речено, е формирана и новата влада.
Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески стана дел и од елитното друштво ѕвездени имиња кои една од водечките светски авиокомпании „Луфтханза“ им ги препорачува на своите патници. Имено, како што посочуваат од КултурОп прес, сите патници во воздухопловите на овој гигант во иднина ќе можат да уживаат и во изборот што македонскиот пијано виртуоз го направи од свои, но и од изведби на светски уметници. Секако, додаваат, Трпчески и во оваа прилика на патниците им нуди и фрагмент од својот проект „Македонисимо“, инспириран од нашиот фолклор. „Македонскиот пијанист славен низ светот поради експресивниот начин на изведба и харизматичното сценско…
Во анализата на работата на ЕК, се констатира дека, сепак, клучен играч за остранување на блокадата меѓу Бугарија и С Македонија е германското претседателство, а не Вархеји
Амбасадорите на ЕУ вчера повторно не успеаја да постигнат договор за заклучоците за отворање на преговорите со С Македонија. Бугарија и натаму инсистира нејзините барања поврзани со историјата да бидат вклучени во текстот, што е неприфатливо за другите земји членки на ЕУ. Консултациите продолжуваат во обид да се постигне консензус до министерскиот совет на ЕУ на 8 декември и да се деблокира ситуацијата која, според дипломатите во Брисел, ја држи во заложништво не само евроинтеграцијата на С Макеоднија туку и на целиот регион. Официјално Скопје и натаму гледа со оптимизам дека ќе се најде решение со Бугарија, признава дека времето…
Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со Спасе Додевски – координатор со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и Христијан Стојанов, Вера Апостоловска и Кристијан Лазарев, претставници на лицата со попреченост преку видео запис го одбележаa 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Премиерот Заев истакна дека е горд за силното темпо и огромните чекори кои се направени во претходниот мандат и за одржувањето на континуитетот во спроведувањето на најдобрите светски практики за поддршка и вклучување на лицата со попреченост во сите области на социјалниот живот, во здравството, образованието и социјалната…
Овој амандман на Левица за промените во деловникот на Собранието, кој се однесува на оние што пратеници што од далечина ќе учествуваат при гласање во парламентот, ја отсликува бесмисленоста на начинот на кој опозицијата сака да го блокира процесот. Да не се носи „облека со обележја на салони за маникир и педикир пред камера“ е еден од апсурните амандамни кои немаат никаква елементарна логика – облека и маникир. Премиерот Зоран Заев на Фејсбук реагираше со осуда на ваквиот начин на блокада: „Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата. Еве го односот на Мицкоски…
Се помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Македoнија и со Албанија за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Според него, шансите се мали, иако Европската комисија и германското претседателство со ЕУ сè уште работат со земјите-членки во обид да се најде решение за старт на преговорите со Скопје и Тирана. – Се уште се надевам, но за жал се помалку е извесно дека оваа година ќе можеме да ги усвоиме преговарачките рамки, рече Вархеји на дебатата во Европскиот парламент по повод 25 години од…
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во вечерашното соочување со портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на Канал 5 телевизија посочи дека во отворените прашања со Бугарија македонскиот идентитет и македонскиот јазик не се, ниту ќе бидат предмет на преговори. – Манипулација е дека со Бугарија проговараме за идентитетот. За македонскиот јазик, македонскиот идентитет ниту се преговара, ниту ќе се преговара. За разнебитување на иденитетот зборувавте и кога се случуваше Преспанскиот договор. Велевте дека со Преспанскиот договр го губиме идентитетот. Каков идентитет имаме денес? На каков јазик зборувате вечерва овде? Колку идентитети имате? Доста ги лажете граѓаните. Се додека ширите манипулации, додека правите блокади…