Author: Нова ТВ

Македонија треба поинтензивно да работи да се впише на светската мапа на културата, бидејќи сме малку присутни на светската сцена, смета Јасмина Шопова, од неодамна советничка на министерката за култура, која има долгогодишно искуство во УНЕСКО. Шопова соопшти дека е започната процедура за впишување на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Курбиново во листата на светско кулурно богатство на УНЕСКО. „Нашата земја веќе има запишано пет елементи од националното културно наследство во УНЕСКО како нематеријални добра, но потоа имало пауза од неколку години и сега работиме за повторно интензивирање на соработката со УНЕСКО во овој дел. Најголемиот чекор што го направивме за…

Read More

Премиерот Зоран Заев на својот Фејбук профил напиша дека амандманите се апсурдни  и нелогичности на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата. -Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата. Еве го односот на Мицкоски и дел од пратениците од опозицијата кои дејствуваат по неговите опасни насоки. Ова е срамна непочит кон македонските граѓани.Уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани.

Read More

Драги Албанци, а и Македонци и сите народи што живееме тука. Г. Апасиев очигледно не може да се помири дека Албанец може да биде министер за надворешни работи. Исто така, Апасиев не може да сфати дека ниту една политичка фигура не смее да преговара за идентитетот на Македонците, ниту пак може да одлучи „чив е Гоце“ или како се вика јазикот на кој зборуваат Македонците. Дел од бугарските власти моментално добиваат некој поен таму кај нивните гласачи со некоја си дебилна реторика, па сега Османи бил крив! Апасиев треба да сфати една работа, а таа е многу едноставна: се додека…

Read More

Специјалниот претставник на Владата во разговорите за решаваање на проблемот со Бугарија, Владо Бучковски, на денешната прес – конференција со министерот за надворешни работи Османи, изјави дека е убеден дека ќе се најде решение, но тоа можеби нема да се случи во наредниве седум дена. – Можеби ќе биде потребно дополнително време, но сме на вистинскиот пат. Јас заради моето искуство нема да прифатам со нашите бугарски пријатели да ги испраќаме пораките преку медиумите – рече Бучковски. Тој вели дека до последен момент ќе се бори за да се изнајде решение. – Јас се надевам дека со моето искуство, со…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги наведе денес причините поради кои е донесена одлуката екс премиерот Владо Бучковски да биде именуван за специјален преставник за спорот со Бугарија. -Не назначуваме техничко лице туку поранешен премиер кој во минатиот период има остварено значаен придонес во подобрувањето на односите меѓу двете земји и е добар познавач на состојбата. Со неговото пополнување се пополнува и дипломатската празнина бидејќи во моментов немаме таму назначено амбасадор на Македонија, рече Османи. Додека зборуваше Османи зградата ја затресе силниот земјотрес, како симболика за стресот од најновата фаза на бугарско-македонските односи. Но, тоа не го помрдна новоименуваниот…

Read More

Доколку се зголеми бројот на болни и притисокот врз болничките капацитети, приморани сме да ги користиме капацитетите на приватните здравствени установи и откако ќе го прифатиме нацрт-договорот, ние како Главен штаб ќе донесеме одлука за ангажман на приватните здравствени установи за поддршка на јавното здравство. Потоа се склучуваат формалните договори околу начинот за исплата на трите приватни здравствени установи „Ремедика“, „Систина“ и Клиниката Жан Митрев, информира на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Според Ангелов, склучувањето на договорите со приватните здравствени установи во случаи на итна потреба може да се заврши за неколку часа, но…

Read More

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот почувствуван попладнево бил со Рихтерова магнитуда од 3,5 степени. Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот најсилно бил почувствуван од граѓаните во Скопје со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот беше почувствуван во 14:09 часот, а по него следуваше уште еден со послаб интензитет. Според информациите на Европскиот макросеизмички центар, епицентарот на земјотресот бил на девет километри источно од Скопје.

Read More

На еден ден пред онлајн состанокот на Мешовитата македонско-бугарска комисија за решавање на споровите, копретседавачите Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров, денеска си разменија не толку добри зборови. Бугарскиот копретседавач Димитров рече дека бугарската позиција е единствена и почитички монолитна, за разлика од македонската. Тој истакна дека почитичарите одат во насока кон решавање на процесот, додека тоа не е случај и со историчарите. Копретседавачот на македонската комисија Драги Ѓоргиев истакна дека е зачуден од изјавата на колегата Димитров. „Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата член на академско и експертско тело, и тоа во пресрет на новата средба. Ставот за…

Read More

Владо Бучковски е одличен познавач на македонско-бугарските односи и треба да придонесе кон создавање на позитивна атмосфера за да се надмине проблемот со Бугарија, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на новинарски прашања за одлуката на Владата да го именува за специјален претставник за Бугарија. Арсовски рече дека Бучковски е почитуван од бугарските општествени и политички чинители и е добро примен во тамошната јавност. – Има позитивни перцепции за неговите политики како поранешен премиер и е прифатен како некој што и порано придонесувал позитивно кон подобрување на односите со соседска Бугарија, истакна Арсовски на редовната прес-конференција во Владата. Повтори…

Read More

Велика Британија ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ и најави можат тие да можат да се користат од почетокот на следната недела. – Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек, објави британската Влада. Велика Британија прва во светот ја одобри оваа вакцина. Првите вакцини ќе бидат достапни веќе следната недела.

Read More

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, денеска на прес-конференцијата меѓудругото рече дека последната идеја е скулптурите и спомениците кои во рамки на Скопје 2014 беа донација на контроверзното „Здружение за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија – Скопје” да завршат на расчистената депонија во Ѓорче Петров. Ваквиот потег,, вели би бил по примерот на познатиот Мементо парк во Будимпешта,  кој е музеј под отворено небо каде што на почетокот од 90-тите години беа префрлени сите монументални статуи од комунистичкиот период на Унгарија (1949–1989), меѓу кои и оние на Ленин, Маркс, Енгелс, како и на неколку од унгарските комунистички…

Read More

„Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и јазик”, е во интерес само на Бугарија и нивните московски ментори! Всушност таа кампања таму е осмислена и од таму е нарачана„ – напиша на фејсбук профилот Петар Богојески реагирајќи на изјавата на Милошоски кој ја спори објективноста на актуелниот министер Бујар Османи, односно јавно праша со кое право Османи преговара за историјата, јазикот и интересите на македонскиот народ. „Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле! И двата народи бевме предмет на…

Read More