Author: Нова ТВ
МИА дојде до нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент за Северна Македонија која треба да биде предмет на дебата на 10 декември во комисијата за надворешни работи, јавува дописничката на МИА од Брисел. Во нацрт текстот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, до кој МИА ексклузивно дојде, се изразува жалење за ќорсокакот во кој се најдоа Бугарија и Северна Македонија на 17 ноември кога Софија одби да даде поддршка за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и одржувањето на првата Меѓувладина конференција. -Жалиме што Бугарија и Северна Македонија допрва треба да постигнат компромис за прашања поврзани за…
Блокадата на Бугарија на евроинтеграцијата на С Македонија го киднапира процесот на проширување на ЕУ, го загрозува кредибилитетот на Унијата и ги обесхрабрува другите земји кандидати. Потпишувањето декларации со кои аспирантите и земјите членки ќе се обврзат да не си го блокираат патот кон ЕУ во однос на билатералните прашања треба да биде стандард, оценува во коментар за МИА политичкиот аналитичар и експерт за Балканот, професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер. Сепак, додава, проблемот е повеќе во тоа што нема доволно земји во ЕУ кои се ентузијасти за проширувањето, кои се подготвени да притиснат и да извршат притисок врз…
До крајот на денот се очекува да се знае колку припадници на полицијата и Армијата ќе бидат потребни за обезбедување на објектите кои ги посочи Министерството за здравство во Акцискиот план. Како што изјави в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов по седницата на Главниот штаб за управување со кризи, ситуацијата од безбедносен аспект е целосно под контрола, во болниците нема нарушување на јавниот ред и мир и кај граѓаните не треба да се создава паника. Акцискиот план денеска беше разгледан од Главниот штаб, а од 14 часот е ставен и пред членовите на Управувачкиот комитет каде се очекува да биде усвоен,…
– И по десет месеци од новонастанатата состојба што ја предзвика корона вирусот, се уште сме во неизвесност. Треба да се подготвиме за она што претстои, а клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе почне да спласнува, смета претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Во текстот „Еден вурис, многу прашања, малку одговори“, објавен денеска на интернет страницата на Стопанската комора, Азески истакнува дека се оствариле сите предвидувања изнесени во март годинава. -Во изминативе десет месеци бевме сведоци на една тешка борба со пандемијата, во која се испреплете се: непредвидливоста, неискуството, неподготвеноста, неверувањето и што ли уште…
Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, изјави дека САД „во релативно брз период“ веќе следната година може да постигнат имунитет на стадо доколку доволен број Американци се вакцинираат против корона вирус. Фаучи за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека „помошта на патот“ е во форма на вакцина, но дека Американците треба да бидат внимателни затоа што се ближат празниците и да го спречат ширењето на вирусот во текот на зимата. Тој додаде дека САД се во „многу, многу тешка ситуација“, бидејќи и натаму расте бројот на случаи. -Вакцините наскоро ќе бидат достапни, доколку Американците можат да издржат, рече Фаучи.
Голем дел од наодите и од препораките во оваа публикација се совпаѓаат со приоритетите и фокусот на политиките на Владата во овој мандат, а со Националниот развоен план ќе креираме долгорочна стратегија за развој, порача вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во своето обраќање преку видео конференциска врска на денешната промоција на публикацијата „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“, изработена од еминентни експерти од земјава со поддршка од канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје. Станува збор за сеопфатна публикација во која се содржани анализи и препораки за забрзан и одржлив…
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа онлајн-состанок со претставници од министерствата за образование на Естонија и Грузија, претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани, и со претставници на оваа организација од регионални канцеларии. Како што соопшти МОН, на состанокот беа споделени гриузиските и естонските искуства за реформските процеси во основното образование и моделот на користење на наставните материјали. – Министерката на состанокот истакна дека врз основа на меѓународните искуства ќе искреираме наш нов македонски образовен систем на основно образование, кој ќе дава резултати и на домашните и на меѓународните тестирања. Но, клучно, ќе ги научи децата…
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24, зборуваше за значењето на воведената кризна состојба која ќе овозможи искористување на сите државни ресурси во справувањето со пандемијата, но дека тоа нема да значи рестриктивни мерки за граѓаните затоа што таквите мерки ги изрекува владата по предлог на лекарската комисија за заразни болести. „Исто како што имаме пет години кризна состојба на границата за справување со мигрантската криза, така сега ќе имаме на целата територија. Одлуките кои што во иднина би значеле рестрикции за граѓаните не доаѓаат по автоматизам со кризаната состојба. Владата таквите одлуки ги…
Со ветото на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, Бугарија ја користи својата позиција како членка на ЕУ за да постигне некои нејзини надворешно-политички интереси, на ист начин како што тоа го правеа многу други претходно, но проблемот е во тоа што Унијата како да нема желба и начин да ги обесхрабри ваквите еднострани постапки, оценува соработникот на Меѓународниот институт за безбедност од Белград, Орхан Драгаш за „Еурактив“. – Фактот што Бугарија го блокираше стартот на преговорите за пристапување кон ЕУ со Северна Македонија не е ниту новина, ниту изненадување. Постои долга историја на соседски пречки на патот кон членство во…
– Полицијата е максикмално ангажирана со сите ресурси и капацитети, и не само при извршување на редовните актривности кои секојдневно мора да се исполнат, имаме исклучиво активности поврзани со справувањето со Ковид 19. Имаме моментално повеќе од 17 000 граѓани во изолација, имаме 800 лица во последните 24 часа, нови, во изолација. Сето тоа го контролира нашата полиција, секои 24 часа мораме да ги провериме сите овие граѓани. Со другите инспекторати мораме да делуваме на терен за да проверуваме дали се почитуваат мерките за заштита, како на пример во угостителските објекти, производствените погони и насекаде, дали се почитуваат мерките за…
По Русија и Кина, и Германија најавува дека веќе следниот месец може да почне со вакцинацијата против Ковид 19. “Има причина за оптимизам дека вакцината ќе биде одобрена во Европа оваа година. И тогаш можеме да започнеме веднаш”, рече германскиот министер за здравство, Јенс Шпан во интервју за германски РНД. Тој додаде дека побарал од сојузните германски држави да подготват центри за вакцинација до средината на декември. Германија обезбедила повеќе од 300 милиони дози на вакцина преку Европската комисија, билатерални договори и други опции, што според Спан е повеќе од доволно и остава простор за споделување на вакцината со други земји.…
– Денеска е мој прв работен ден во МВР после тешката битка со Ковид 19. Најважно во справувањето со болеста е одговорноста што ја имаме како граѓани и во почитување на мерките, но и вниманието кон семејството, пријателите, со почитување на мерките да покажеме дека ги почитуваме здравствените работнци. Затоа им благодарам на сите кои се ангажирани во здравствениот систем, да им помогнеме секој на свој начин, да се носи заштитна опрема, да се споделуваат информации ако некој има симптоми, да оди секој случај преку здравствениот систем затоа што пријавувањето на лекар е многу важно. Благодарам и на медииумите, сето…