Author: Нова ТВ

Посебно тело за заедничко привлекување на инвестиции за земјите од Западен Балкан и заеднички настап во Берлин, Дубаи и Шангај договориле стопанските комори од регионот на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) што се одржа во Белград. Ова значајно тело ќе го предводи Данило Цицмил, клучен човек во Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, магистрант на Хартфорт (САД), во чиј мандат од 2017 година до денес, Србија има раст на странски директни инвестиции од 1,3 милијарди евра во 2014 година на 3,8 милијарди евра во 2019 година и има донесено над 200 фабрики од повеќе различни индустрии.…

Read More

Според регистарот на напади кон новинари на Здружението на новинарите на Македонија, во 2020 година се нотирани вкупно 14 посериозни закани по безбедноста на новинарите и медиумските работници, од кои, повеќе од половина се кон новинарки. Мизогинијата, како што стои во публикацијата „14 Напади врз новинарите, 14 Бодежи на демократијата“, во комбинација со онлајн-насилството, се вистинска закана за учеството на жените во новинарството и јавната комуникација во дигиталната ера. – Со сè почесто користење на дигиталните платформи, новинарките се соочуваат со зголемен ризик во својата работа и сè почесто со сексистички напади. Во онлајн-сферата се среќаваа примери на закани, уцени,…

Read More

Во земјава пристигнаа уште 100.000 вакцини од кинески „Синофарм“ донација од кинеската Армија. Надлежните се надеваат дека со оваа значителна количина на вакцини, може да се смени епидемиолошката слика во државава. Вакцинирањето, според надлежните, оди согласно предвидената динамика, според возраста и до крајот на следната недела се очекува да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари граѓани кои ќе имаат приоритет пред помладите. Како приоритетни ќе бидат вакцинирани и пациентите со трансплантирани бубрези и пациенти на дијализа по што следуваат оние со потешка форма на хронични болести на респираторниот систем. Во групата на потешко болни од хронични болести кои, исто така,…

Read More

Во минатото, многу германски медиуми го нарекуваа Хамас радикална исламистичка организација. Меѓутоа, неодамна, кога повторно се разгореа борбите меѓу Израел и Газа, медиумите го нарекоа Хамас исламистичка терористичка група, констатира Дојче веле. Повеќето западни влади, вклучително и Европската унија и САД, го класифицираат како терористичка организација. Норвешка и Швајцарија се значајни исклучоци. Двете страни зазедоа строго неутрална позиција и одржуваа дипломатски врски со организацијата што управува со Појасот Газа од 2007 година, потсетува ДВ и пренесува куса историја на Хамас. Хамас е основана во осумдесеттите години од минатиот век и уште од своето основање се спротивставува на Палестинската ослободителна организација…

Read More

Социјалдемократскиот сојуз денеска на онлајн конгрес треба да избере заменик-претседател на партијата, членови на Централниот одбор и членови на Надзорниот одбор. По конгресот следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, организациски секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство. Во моментов, заменик-претседател на Социјалдемократскиот сојуз е Радмила Шекеринска, генерален секретар на СДСМ е Љупчо Николовски, а потпретседатели Мила Царовска, Оливер Спасовски, Коста Петров и Мухамед Зеќири. Вчера, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев не сакаше да говори за тоа кој би се нашол во новото раководство. Партијата, рече тој, е отворена за…

Read More

Ова е последно носење закон со конечна цел, да заврши бесправното градење од независноста на државата, па дури и претходно, за време на поранешна Југославија. Единствената порака што треба да се испрати е дека не се исплаќа да се гради на диво. Вака премиерот Зоран Заев денеска одговори на новинарско прашање во врска со одлуката на претседателот Стево Пендаровски, да не го потпише Законот за легализација на дивоградбите. По непотпишувањето од страна на шефот на државата, Законот, потсети Заев, се враќа во собраниска процедура. Според премиерот, освен забелешките на Пендаровски, во повторната дискусија за Законот внимателно ќе бидат ислушани и…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш ја повика Европската унија да остане на зборот и да го испорача она што и го вети на земјава. Ние од утре не стануваме земја-членка на ЕУ, рече Заев, туку се работи за следниот чекор – одржување на првата меѓувладина конференција. Од новата бугарска Влада, пак, Заев очекува лидерство, одговорност и грижа за Западен Балкан, посебно грижа за нејзиниот, како што рече, прв западен сосед – Северна Македонија. Тој верува дека одлуките на новата бугарска влада можат да ја придвижат земјава кон европеизација, а заедно со тоа и Албанија, како и да ги отворат…

Read More

СДСМ утре бира заменик претседател на партијата, членови на Централниот одбор на СДСМ, членови на Надзорниот одбор, а после тоа следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство, рече денеска премиерот Зоран Заев. Тој посочи дека влегуваат во нов конгрес со нови политики. Премиерот и лидер на СДСМ денеска на прес-конференцијата во одговор на прашање околу наводните шпекулации за избор на новото раководство на партијата рече дека се што излегува во јавноста се најверојатно дискусии кои се водат во рамки на на органите и телата…

Read More

Туристичката сезона во Грција од вчера официјално започна, а по 14 месеци пауза, дозволен е влез и за македонските државјани, но рампата е крената само на граничниот премин Евзони (Богородица), додека пак патувањето е сосема поинакво од она на што бевме навикнати пред пандемијата. Дописничката на МИА од Атина анализира, кои се протоколите за патување во Грција, што е потребно за влез во земјата, кои се задолжителните документи што ги бараат грчките власти, но и кои се мерките што во овој момент се во сила во Грција и важат како за Грците, така и за туристите. За влез во Грција,…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 203.324 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.719 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.482 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 203.324 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале…

Read More

Нови воздушни напади извршија израелските сили вврз Газа, а палестинските милитанти возвратија денеска со ракетни напади кон Израел, без знаци за крај на најтешката ескалација во последните неколку години. Американски и арапски дипломати се обидуваа да ја смират ситуацијата по ноќно насилство во кое милитантите испукаа околу 200 ракети кон градови во Израел, чии авиони погодија, како што наведе израелската армија – цели што ги користел Хамас, исламистичката група што управува со Газа. Најмалку 136 лица се убиени во Газа од почетокот на непријателствата во понеделникот, од кои 34 деца и 21 жена, со уште 950 ранети, соопштија палестинските медицински…

Read More

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ земјата. -За македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош да се обратат до Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на мобилен +972549096965 или некој од SOS броевите објавени на веб страната на Министерството, се наведува во соопштението од МНР.

Read More