Author: Нова ТВ
Етикетирањето на Бугарите е токму оној начин на кој Кремљ сака да се одвива оваа игра. Генерализациите и обвинувањата кон бугарскиот народ ги прикриваат вистинските центри на моќ кои се под влијание на Кремљ и кои сакаат да поттикнат национализам, омраза и поделби низ целиот регион. Сите ние треба да се воздржиме од напади врз Бугарите и да му оставиме простор на прогресивните и демократски сили да го најдат решението и да надвладеат. Имајќи ги предвид претходните искуства, тоа сигурно ќе се случи. Не може да се разбере комплексноста на бугарскиот политички контекст без да се земат предвид политичките актери…
Собранието денеска во рамки на 21 седница донесе повеќе предлог-одлуки за објавување јавни огласи со кои ќе се именуваат членови во одделни комисии, во Државната комисија за жалби по јавни набавки, во Комисијата за заштита на конкуренцијата, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации. Пратениците по скартена постапка го донесоа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка. Заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи рече дека целта на овој предлог-закон е да се предвиди ефикасна изградба на модуларни градби за вршење на здравствена дејност поради справување со последиците…
Европската унија не може повторно да ја изневери Северна Македонија, која повеќе пати потврди дека за неа нема алтернатива на патот кон ЕУ и на добрососедските односи со Бугарија, изјави словенечката европратеничка Тања Фајон за белградскиот весник „Данас“. – Не можеме повторно да ги изневериме. Ние мора да најдеме решение со Бугарија во духот на дијалогот и да ја вратиме нивната доверба во овој процес. Земјите членки имаат уште една можност да одлучат до крајот на годината и да ја отворат вратата на ЕУ за нашите пријатели од Северна Македонија, бидејќи тие тоа го заслужија, вели Фајон, која е претседател…
Младите и Владата денеска одржаа онлајн состанок на високо ниво по повод Светскиот ден на детето – 20 ноември на кој владините и меѓународни претставници имаа можност да чујат од децата како да се подобри образовниот систем, квалитетот на образованието и самото општество во целина. Квалитетно учење и образование, справување со предизвиците од онлајн наставата, градење вештини кај младите, ментално здравје и врсничко насилство и еко училиште, беа темите во фокусот на овогодинешната онлајн седница на високи ниво “За децата од децата – иднината на образованиетo”, на која младинските претставници пред одговорните претставија свои идеи, предлози, барања и критики во…
Светот мора да биде обединет во подигнувањето на свеста за детските права. Само преку заедничка и координирана акција ќе создадеме услови за безгрижно детство, за развој и квалитетно образование, со еден збор услови за воспитување на идните градители на светот. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во своето обраќање по повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември. – Денес е Светскиот ден на детето! Одбележуваме точно 31 година од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето од Обединетите Нации. Точно 31 година трае борбата за заштита и унапредување на детските права. Но и денес…
Премиерот Зоран Заев имаше средба со амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир на која му се заблагодари за помошта за надминување на пандемијата со КОВИД-19, преку дадената хуманитарна помош и финансиска поддршка. Премиерот Заев подвлече дека Владата е цврсто посветена на својата агенда за интеграција во Европската Унија, што е стратешка цел на земјата, при што додаде дека заклучоците на Советот на ЕУ од март 2020 година, потврдија дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори со ЕУ. Беше констатирано дека следејќи ги препораките содржани во Извештајот на Европската комисија за 2020 година, Владата прави силни напори да ги зајакне…
Клиниката „Жан Митрев“ ја поддржува иницијатавата на Владата за ставање на приватните капацитети на располагање во лекувањето на пациенти со Ковид-19. „Вчера вечерта од медиумите дознав за планот на Владата да прогласи кризна состојба и да ги вклучат и приватните здравствени институции во справување со епидемијата предизвикана од ковид-19.Јас од своја страна ја поддржувам секоја иницијатива за ставање на сите расположливи капацитети на располагање.Уште од самиот почеток на пандемијата во месец март, ние понудивме 40 болнички кревети за интензивна нега за потребите на државата.Во меѓувреме ситуацијата со бројот на ковид-19 пациенти ескалираше. Свесни сме дека состојбата е тешка и со…
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Туристичко-угостителската комора на Македонија во рамки на Сoјузот на стопански комори (ССК) и Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) го реафирмираат барањето за итна смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски. Како што соопшти ССК, ова е став на над 95 отсто од претставниците на туристичко-угостителскиот сектор. Тие подолго време укажуваат на некооперативност, дисфункционалност и непродуктивност на ресорната институција одговорна за промоција и поддршка на туризмот, за што, потсетува ССК, на 28 октомври 2020 година јавно побараа итна смена на директорот на Агенцијата…
Со оглед на клучното значење на капацитетот на НБРСМ да презема навремени супервизорски активности за да ја обезбеди стабилноста на финансискиот систем, од суштинска важност е да се зачува независноста на НБРСМ. Ова ќе ѝ овозможи на централната банка и понатаму да ги остварува своите задачи за одржување на ценовната стабилност и за заштита на финансиската стабилност, коишто се круцијални предуслови за одржлив раст. Ова го истакна шефицата на Mисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Баркбу, во изјавата по годишните редовни состаноци коишто се одржаа видеоконференциски, во периодот од 9 до 18 ноември. На состаноците се разгледаа најновите случувања во економскиот…
Денот кога Бугарија стави вето за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија не беше добар, ниту за Европа, ниту за европската перспектива на нашиот регион, а особено не за нас, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за виенскиот весник „Стандард“. Тој потенцира дека бугарското вето испраќа многу лош сигнал за регионот на Западен Балкан дека ЕУ не го препозна она што досега го постигна земјава, која во последните три и пол години ги реши проблемите со соседите, направи големи чекори кон отворено, демократско и мултиетничко општество и спроведе реформи за изградба на правна држава.…
Светската здравствена организација ги ажурираше насоките за лекови кои би требало да се користат во лекувањето на заболените со корона вирус. Советуваат дека антивирусниот лек ремдесивир не користи во лекување на оние во болница, без оглед колку е тешка нивната состојба. Ваквата препорака доаѓа еден месец по одобрувањето на ремдесивирот од страна на Управата за храна и лекови на Америка, за лекување со коронавирусни инфекции. Лекот стана прв третман против корона вирусот кој го одобри ФДА, но не и препорака од СЗО. Причината заради која СЗО е внимателна е истражувањето кое во почетокот укажуваше на одредена корист од лекот во…
Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето денеска дел од институциите во Скопје ќе бидат осветлени во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата. Во сина боја ќе бидат осветлени Владата, Собранието, УНИЦЕФ, делегацијата на ЕУ, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, Амбасадата на Италија, како и Халк банка и Рамстор мол кои се приклучијае кон иницијативата. Секоја година на 20 ноември, денот кога е потпишана Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, во светски рамки се одбележува Денот на детето, а зградите и обележјата…