Author: Нова ТВ
Почина патријархот на Српската православна црква Иринеј. Според спрските медиуми, здравствената состојба на патријархот се влошила вчера. Тој беше тестиран позитивен на коронавирусот на 4 ноември, а веќе следниот ден беше хоспитализиран. Патријархот вчера беше во исклучително тешка состојба и беше поврзан со уредите за одржување на работата на виталните органи. Српската православна црква во четвртокот на својата веб-страница објави дека состојбата на патријархот на Српската православна црква е влошена и дека покрај другите, за неговото здравје се грижат и руски лекари. Досега имаше неколку информации во врска со здравствената состојба на патријархот, една од нив беше дека неговата состојба…
Бугарските барања се спротивни на европските вредности и излегуваат од рамката на Договорот за добрососедство. Но, Северна Македонија ќе продолжи да бара разумно решение за надминување на разликите. Притоа, преговори за јазикот и идентитетот нема да има. Вака накусо може да се сублимираат вчерашните реакции и ставови во врска со бугарското вето и случувањата на релација Скопје – Софија. Македонската страна сѐ уште смета дека постојат шанси да се одржи првата Меѓувладина конференција во рамките на германското претседателство, доколку продуктивно се искористи претстојниот период. Според министерката Екатерина Захариева, поддршката од Бугарија никогаш не била безусловна. -Властите во Скопје одамна знаат…
Министерот за правда Бојан Маричиќ говорејќи на Mеѓународната конференција за модели на регулација на дроги, во организација на Коалиција Маргини и ХОПС, кажа дека е добро што во земјава се отвори широка општествена дебата за декриминализацијата на марихуаната. Според Маричиќ, квалитетното регулирање на ова прашање, може да донесе повеќе поволности за државата и тоа во однос на регулирање на трговијата со марихуана, намалување на криминалитетот и економски придобивки, пред сè во туризмот и угостителството. „Свесен сум дека ова е комплексно прашање и токму затоа овој процес во суштина мора да биде инклузивен, односно во креирањето на модалитетот како ќе се…
„Сакам да кажам дека во Бугарија се пренесуваат и изјавите на Зоран Заев, како градоначалник на Струмица, кој има изјавувано дека понекогаш му пречи тоа што на некои споменици пишува бугарскиот фашистички окупатор. Треба да видиме дали е точно дека во изминатите години имаме 15 до 20 споменици на кои е избришана формулацијата „бугарски“, за да дадеме поттик во духот на Договорот за соработка и да не ја лепиме таа етикета на сите Бугари. Ние Македонците забораваме дека Комунистичката партија која го создаде Антифашистичкото движење, кое ни ја донесе победата, слободата, ни го донесе АСНОМ, од 1934 година од Коминтерната…
Претседателот од почетокот на епидемијата на корона се тестирал 34 пати. Да, добро прочитавте.
Ние, докторите, можеме само да гледаме како овој брод оди во погрешна насока и да молчиме. Ги навлекуваме своите скафандери и се грижиме само за личните судбини. Дали ќе преживееме и како да ги сочуваме своите семејства.
Откако денес беше објавени видео од палење на бугарското знаме, ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека стојат зад овој чин, иако видеото беше објавено од канал насловен како ВМРО-ДПМНЕ УМС Гази Баба. Станува збор за шовинистички и удбашки методи кои ги спроведува власта, обвини ДПМНЕ. „Ниту УМС ниту ВМРО-ДПМНЕ стои зад тој фб канал кој патем е формиран пред еден ден и има за намера да го отргне вниманието на јавноста од катастрофата во здравството и политичката криза по добивањето на ветото од источниот сосед“, соопштија од партијата. Министерството за надворешни работи ја осуди денешната објава на видеото на социјалните мрежи, оценувајќи дека е евтин…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широла коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските штабови веќе тргнаа да бараат решение во заострување на односите со Бугарија. Во знак на револт на бугарската одлука за ВЕТО врз македонските евроинтеграции, членови од подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба го заплија националното знаме на Република Бугарија и за истото се пофалија со видео на фејсбук со наслов “Одговор за заедничката историја”. Дали Мицкоски смета дека на овој начин ќе се реши прашањето е нејасно, но партискиот лидер на луѓето кои го палат знамето…
По денешниот Совет за безбедност, премиерот Зоран Заев, беше запрашан зошто не одговора на повикот на опозицијата за лидерска средба посветена на односите со Бугарија. Заев рече се работи да се исполнат обврските од Договорот од 2017 година и да се најде европско решение, а реториката што ја користи во моментот опозицијата не оди во прилог на таквото решение. -Ако сакам да се скарам со Бугарија не ми треба Мицкоски, тоа можам и сам, но во моментот се работи да се постигне европско решение и да се постигне договор по кој ќе продолжиме на патот кон ЕУ, рече Заев. Претседателот…
Многу наскоро, премиерот Бојко Борисов и кабинетот ќе ја омекнат својата позиција за Северна Македонија. Ова за БНР го предвиде Станимир Панајотов, научен соработник на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и на Центарот за академски истражувања во Софија. Според истражувачот, цврстата позиција на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева или кабинетот наскоро ќе стане за смеа на меѓународно ниво. Станимир Панајотов потсети и за политиката на премиерот Борисов: „да ги фрла своите политички колеги и партнери под автобус“. Според Панајотов, премиерот Борисов нема да биде долго на небото како лидер и ниту еден политички лидер не сака…
Премиерот Зоран Заев по денешниот состанок на Советот за безбедност во вилата на Воднo, истакна дека уште вечерва, а најдоцна до утре, ќе се помине процедурата за прогласување на кризна состојба во траење на 30 дена. Барањето за кризна состојба произлезе од денешниот состанок, а претседателот Стево Пендаровски појасни дека се оди на ваков чекор бидејќи состојбата е навистина сериозна. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ова значи дека на располагање во лекувањето на заразените се ставаат и приватните болници, но и нивниот медицински кадар. Ова е прв пат во Македонија да биде прогласена кризна состојба на цела територија.…
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска во обраќањето на онлајн конференцијата „Земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ – Предизвици и можности за европската интеграција на земјите од Западен Балкан“, рече дека нема да престанат напорите за изнаоѓање решение со Бугарија и оти остануваме посветени на изнаоѓање излез, но само, како што рече, во рамките на тоа што е можно. – Ние сме целосно посветени на обврските што произлегуваат од Договорот за добрососедство, но не можеме да зборуваме или да преговараме за јазикот или идентитетот. Јазикот не може да биде пречка за пријателство ако тоа пријателство се…
„Добри вести за сите кои се противат на проширувањето на ЕУ со шесте земји од Западниот Балкан: по бугарското вето на почетокот на преговорите со Северна Македонија во вторникот, се поизвесни се изгледите дека ќе дојде до целосно запирање на процесот, а она што ќе остане ќе ја загуби и онака веќе малата веродостојност“, наведува германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) во денешната анализа насловена „Единствената историска вистина”. Бугарија сега воведе едно ново, неофицијално Поглавје во ЕУ преговорите: потчинување на земјите-кандидати за историски и јазични прашања, наведува весникот, и објаснува дека за да почне со преговорите Северна Македонија треба да „признае“ дека македонскиот јазик е…