Author: Нова ТВ

Угур Шахин, директорот на компанијата „Бионтек“, чиј тим експерти стои зад ветувачката вакцина против коронавирус, вели дека е важно да се обезбеди чесна поделба на вакцината низ целиот свет и дека тоа го очекува во првата половина на 2021 година кога ќе биде можно да се испорачаат 200 милиони дози во Европа и 100 милиони дози во САД. – Нашата работа сега е да го зголемиме производството за да можеме да обезбедиме до 1,3 милијарди дози следната година. За тоа се потребни многу повеќе инвестиции, изјави Шахин за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“. Тој посочи дека процесите на одобрување на вакцината…

Read More

Речиси 80 ​​проценти од Американците, вклучувајќи и над 50 отсто од републиканците, го признаваат кандидатот на демократите Џозеф Бајден за победник на претседателските избори во САД, покажуваат резултатите од анкетата на Ројтерс и Ипсос. Во анкетата, спроведена меѓу саботата и вторникот, 79,7 проценти од Американците со право на глас сметаат дека Бајден победил во трката за влез во Белата куќа. Околу 13 проценти сметаат дека претседателските избори се уште се неодлучени, три проценти  дека победил Трамп, додека пет проценти велат дека не знаат кој победил, наведуваат британските медиуми. Кога станува збор за политичките партии, од 10 анкетирани републиканци околу шест…

Read More

Северна Македонија се уште е во неизвесна ситуација во однос на почетокот на преговорите за членство во Европската унија и не се знае дали Бугарија ќе го искористи своето право на вето. Седницата на Советот на министри за европски прашања е презакажана за 17 ноември, така што се уште постои простор за разговор помеѓу Скопје и Софија во насока на усвојување на преговарачката рамка. Вчерашните разговори во Софија, како што оценуваат учесници во процесот од Скопје, се добра основа да се продолжи понатаму за надминување на недоразбирањата со Бугарија. Остануваме посветени на наоѓање решение и работиме заедно како добри соседи…

Read More

Откако го решивме проблемот со Германија во однос на признавањето на македонските возачки дозволи, сега се наметна нов. Печалбарите кои од нашата земја се наоѓаат во Шведска имаат проблем со дозволите за управување на возила. Се жалат дека само една година по нивното пристигнување може да возат без проблем со македонската возачка дозвола. „За нас е пречка бидејќи ни требаат. Зависи каде одиме, а не можеме да одиме со автомобил затоа треба да се качиме на автобус или воз, а со тоа се губи повеќе време. Ако со автомобил стигнуваш за 5-10 минути, со воз или автобус губиш еден час“,…

Read More

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ тринаесетта година по ред, доделува стипендии на студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Согласно објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2020/2021 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од Kомисиите за распределба на стипендии во чиј состав членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултети, како и претставници од редовите на студентите. Годинава, доделени се 39 нови стипендии, од кои 19 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Еднократната парична…

Read More

Премиерот Зоран Заев порача на прес конференцијата по самитот во Софија дека го искористиле Берлинскиот процес за да постигнат договор за патување  со лична карта низ регионот, за договарање  зелени коридори, соработка во одговорот на пандемијата и други иницијативи. Премиерот Бојко Борисов  им се заблагодари на земјите од Западниот Балкан што уште сега мислат на зелената економија и што делуваат европски и договараат заеднички регионален пазар. Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека овој самит е тежок но покажале дека може да се организира и во вакви услови. Ова ќе даде импулс како за народите во регионот така и за компаниите,…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче денеска уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи, како што рече, болничките капацитети се преоптеретени. -Ова е тежок и комплексен период, да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, да нема групирање на повеќе од четворица на јавните места. Капацитетите на болниците се преоптеретени, како и медицинскиот кадарот, рече Филипче. Прашан за шпекулацијата за воведување на полициски час, министерот рече дека засега не се планира ваква мерка. -Засега нема да има полициски час, односно доколку се почитува и новата мерка за забрана од групирање, нема да има потреба, рече Филипче.

Read More

Во Софија денеска започна лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, на кој оваа година ко-домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија. Заради ситуацијата со КОВИД-19 Самитот е организиран со физичко присуство на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија и со учество преку видео конференциска врска на останатите учесници. Во поздравното обраќање за успешна работа на Самитот претседателот на Владата на Северна Македонија Заев потенцираше дека тоа што за прв пат од започнувањето на Берлинскиот процес, ко-домаќини се една земја кандидат од регионот заедно со соседна земја-членка на ЕУ е јасен доказ дека регионот…

Read More

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска доаѓа во Софија и ќе има средба бугарскиот премиер Бојко Борисов, потврди шефицата на дипломатијата на Бугарија Екатерина Захариева. Таа најави дека ќе им предложи на двајцата премиери да биде свикана Меѓувладината комисија за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, која не се состанала речиси година и пол, иако во меѓувреме, како што посочи, се насобрале многу прашања. Бугарската министерка за надворешни работи повторно ги повика македонските власти да го почитуваат и спроведат Договорот за добрососедство и да ги разгледаат бугарските забелешки. – Имаме забелешки не само за историјата, туку и за напредокот на…

Read More

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан синоќа изјави дека со лидерот на Азербејџан, Илхам Алиев, потпишал декларација за прекин на војната во Нагорно Карабах, а „гарант“ на потписот е рускиот претседател Владимир Путин. Оваа одлука предизвика незадовоство во главниот град на Ерменија, Ереван, и упад на граѓаните во зградата на ерменската Влада. „Донесов тешка, исклучително тешка одлука за мене лично и за сите нас. Потпишав декларација со претседателите на Русија и Азербејџан за прекин на војната, со почеток од 1 часот по полноќ”, напиша Пашинијан на Фејсбук. Тој во статусот на социјалната мрежа наведува дека дека за него и за ерменскиот народ…

Read More

Американскиот министер за правда, Вилијам Бар, ги овласти федералните обвинители низ САД да ги испитаат наводите за неправилности за време на гласањето, доколку има такви, пред да се потврди исходот од претседателските избори во САД, поради што главниот советник за изборни нерегуларности поднесе оставка. Бар, меѓутоа, додаде дека ги овластил обвинителите да ги истражат „суштинските обвинувања“ за неправилности за време на гласањето и пребројувањето на гласовите. Тој, исто така, прецизираше дека истрагите за наводите што очигледно нема да влијаат на исходот на изборите треба да се одложат се додека не се потврдат изборите. -Обвинителите треба да ги почнат таканаречените прелиминарни…

Read More

Германија се надева дека Северна Македонија и Бугарија ќе пронајдат заеднички јазик за нивниот спор и оти во тој процес ќе бидат земени предвид барањата на двете страни. Од друга страна, Бугарија порача дека Скопје треба да го искористи еднонеделното одложување на состанокот на Советот на ЕУ за разговори за надминување на спорот, додека македонските власти очекуваат сериозна поддршка од денешниот Самит во Софија за одржување на меѓувладината конференција меѓу земјава и ЕУ. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, на заедничка прес-конференција со неговите колеги од Скопје и Софија, Бујар Османи и Екатерина Захариева, по министертскиот состанок во рамки…

Read More