Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Годишниот извештај на Платформата на Советот на Европа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите, објавен денеска од 14 меѓународни организации за слобода на печатот, идентификува 201 инцидент што сериозно ја загрозуваат слободата на печатот во 47 земји-членки на Советот на Европа за 2020 годинa. Оваа бројка претставува зголемување од 40 отсто во споредба со 2019 година. Рекорден број предупредувања се однесувале на физички напади (52 случаи) и акти на вознемирување или заплашување (70 случаи). Меѓу случаите во кои новинари биле мета на сексистички навреди и закани е наведен случајот со Тања Милевска, дописник на новинската агенција МИА од…
Финансиските ефекти од владините пакет економски мерки покажуваат излез од кризата и заживување на економијата. Платите се зголемени во образованието, здравството, армијата, во приватниот сектор со субвенционирање на платите…,Не можам да кажам дека е доволно но навистина е видливо и може да се направи разлика, изјави попладнево премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање и најави за наесен зголемување на буџетите и во правосудството. На прашањето од пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски за тоа што донесоа политиките на Владата во делот на унапредувањето на работничките права, Заев нагласи дека еден од најголемите ефекти кои предизвика спирала на подигање…
Јавното здравство во Северна Македонија од денеска на располагање има дополнителни 100 респиратори, донација од Директоратот за здравство на Кралството Норвешка. Министрите Шекеринска и Филипче на денешното примопредавање на донацијата му се заблагодарија на одбранбеното аташе на Кралството Норвешка, потполковникот Егил Далтвеит за исклучителното залагање и за брзата и ефикасна организација на донацијата. „Епидемијата стана прашање на опстанок, егзистенцијална тема која што ги обедини државите во светот, прво во трката по соодветни лекови, потоа во трката по вакцини и во таа трка сме посилни и посигурни затоа што можеме да сметаме на помошта на нашите сојузници, на нашите браќа и…
Според последниот извештај на „Фридом хаус“ македонскиот демократски индекс се зголемил од 3.75 на 3.82 поени, што претставува голем успех, ако се има предвид дека нашата земја е единствената во регионот каде се забележува демократски напредок, објави министерот за правда Бојан Маричиќ. – Според извештајот, Владата на премиерот Зоран Заев поправила дел од институционалната штета нанесена од неговиот десничарски-популистички претходник. Ова е уште еден доказ дека реформите што се прават во земјата, вклучувајќи ги и оние во правосудството даваат резултат, напиша на својот Фејсбук профил Маричиќ. Дополнително, посочи тој, тоа е и обврска и мотив да продолжиме по патот кон…
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет лица од кои едно е полициски службеник, а едно дете во судир со законот над 16 години. Три лица се осомничени дека сториле кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, пет лица се осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на…
Нашето членство во НАТО се совпадна со избувнувањето на пандемијата и во почетните месеци на оваа глобална криза, македонските граѓани ја искусија важноста на солидарноста во Алијансата, бидејќи добивме вредна поддршка од земјите членки, како и од самата организација, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, заблагодарувајќи се пружената помош во овој период. – Ова е моја прва посета на НАТО како претседател на Република Северна Македонија. Неодамна, на 27 март, ја одбележавме првата годишнина од нашето членство во НАТО. Ни требаа многу години, донесовме многу тешки одлуки, но бевме упорни во остварувањето на нашата стратешка цел. Веруваме дека членството во НАТО е многу важно за одржување на безбедноста и стабилноста како предуслов за просперитет и зајакнување на…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање откри информации за оперативна обработка во УБК насловена Алка водена во времето на поранешниот режим против опозицијата и против него како технички министер за внатрешни, во која бил вклучен и инсцениран атентат врз Никола Груевски. Тој на пратеничко прашање од Мартин Костовски од СДСМ до каде е случајот со упадот во домот на Стојанче Величковски началникот на Секторот за внатрешни работи на Куманово во време на Техничката влада извршен кога со БЈБ командувал Митко Чавков заедно во координација со одделот за организиран криминал, рече дека постапката се завршила со претрес…
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека следната недела ќе има разговори со грчките власти по кои прецизно треба да се знае под кои услови македонските граѓани ќе може да патуваат во Грција. Засега, рече Филипче, останува најавата дека границите ќе се отворат на 14 мај и дека услов да се поминат ќе биде негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација. -Тоа беа последните информации. Од тогаш немаме нова информација. Околу 14 мај границите ќе се отворат, а за влез во Грција ќе биде потребно или потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Ќе разговараме следната недела со министрите…
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, реагираше попладнево на шпекулациите кои произлегоа од наводните нон-пејпери за прекројување на границите на западниот Балкан и порача дека овие наводи не помагаат за стабилноста, јави дописничката на МИА од Брисел. Столтенберг изјавата ја даде на прес-конференцијата по средбата со македонскиот претседател, Стево Пендаровски со кого се сретна изутринава. -Не е на мене да коментирам нешто што не сум го видел или прочитал но секоја шпекулација за промена на граници само ќе донесе повеќе неизвесност и нестабилност во регионот, шпекулациите не се од помош, изјави шефот на северноатлантската алијанса. Тој истакна дека стабилноста на…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како дел од засилената дипломатска активност, а во контекст на европските интеграции на земјава, испрати писма до повеќе политички центри во рамките на ЕУ: министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, претседателите на политичките групи во Европскиот парламент, членовите на Комисијата за надворешна политика -АФЕТ, до пратениците од ЕП, кои се дел од неформалната група на пријатели на Република Северна Македонија, како и до други претставници на институциите на ЕУ. Како што соопшти МНР, целта на писмата е во насока Европскиот Совет во јуни конечно да ја материјализира одлуката за почеток на преговорите…
Дел од лицата родени во Република Македонија пред прогласување на независност на државата во 1991 година се уште не го решиле проблемот со државјанскиот статус, а притоа континуирано живеат во земјата заедно со семејствата во нивните домови и имоти, што претставува своевиден апсурд при еднакви услови и околности некои членови на семејството да поседуваат државјанство, а некои со години да не можат да го остваруваат ова право, констатира народниот правобранител Насер Зибери на денешната презентација на Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2020 година. – Кон оваа категорија граѓани е…
Денеска најавуваме уште еден голем проект за жителите на Скопје – изведбата на клучката кај Момин Поток со два нови кружни текови, подвозници и надвозници на местото што е една од двете главни рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот, објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Според неговата изјава, се работи за убедливо најсложениот сообраќаен проект којшто Град Скопје го има изработено до 1965 година, па наваму. „Малку поедноставен е проектот за клучката кај хотелот „Континентал“. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, се предвидува изградба на 2 кружни текови, првиот треба да ја…