Author: Нова ТВ

Јавноста денеска беше сведок на срамно однесување на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која требаше да учествува на централната манифестација во Куманово, по повод одбележувањето на големиот празник 11 октомври – Денот на народното востание, соопштуваат од СДСМ. „Денеска, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ не оддаде почит ниту на државната химна, ниту на борците, ниту пак на одбележувањето на 79 години од почетокот на антифашистичката борба. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ срамно заминаа без да ја испочитува државната химна, без да ги ги поздрави претставниците на Сојузот на борци и дипломатскиот кор, без да ја проследи манифестација. Иако според протоколот и за нивната делегација како и…

Read More

– Претседателот на Мексико, Лопез Обрадор испрати писмо до папата Франциск во кое бара извинување од Католичката црква поради угнетувањето на домородното населени при шпанското освојување пред 500 години. Во писмото се бара од Ватикан привремено да ги врати неколки древни автохтони ракописи што се чуваат во неговата библиотека, пред 500-годишнината од шпанското освојување на Мексико. Обрадор истакна дека шпанската круна, шпанската Влада и Ватикан треба дасе извинат на автохтоното население поради „страшните злосторства“ извршени од конквистадорите што пристигнаа во Мексико 1521 година. Католичката црква имаш клучна улога во шпанското колонизирање на Америка, која го ширеше своето царство со испраќање…

Read More

АД „МЕПСО“ денеска ја пушти во употреба втората делница на далекуводната врска меѓу трафостаниците  Неокази и Пробиштип. Дел е од новиот 110-киловолтен далновод Штип – Пробиштип, изграден на трасата на стариот, кој беше во функција речиси половина век. Во проектот се вложени 2,45 милиони евра, преку заем од ЕБОР и сопствени средства на АД „МЕПСО“. Премиерот Зоран Заев на официјалното пуштање истакна дека се работи за капитална инвестиција во нова и модерна дистрибитовна мрежа која, како што рече, ќе донесе бројни придобивки за  реалниот секор и за населението од источниот дел на земјата и ќе креира услови за долгорочно и…

Read More

– Верувам дека Парламентот веднаш ќе помине на онлајн опција доколку пратениците така се договорат, согласно Деловникот. Владата наредната седница во вторник ќе ја има онлајн. Ние немаме сè уште лице со симптоми или заразено, но по препорака на министерот Венко Филипче и Комисијата за здравствена заштита ни беше укажано дека согласно бројките треба да се подготвиме за онлајн владини седници. Верувам дека и Парламентот ќе биде многу разумен и ќе ја воспостави онлајн работата затоа што тоа го направија, колку што гледам, речиси сите парламенти и во регионот и во Европа, изјави денеска премиерот Зоран Заев кој додаде дека…

Read More

„Разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Бојко Борисов беа добри, но разговорите меѓу министерката Екатерина Захариева и министерот Османи не се баш добри. Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, а најмалку европски и ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември“, кажа Заев во Пробиштип, одговарајќи на новинарско прашање за завчерашната посета на Османи на Софија. Сепак, премиерот верува дека тоа не е став на премиерот Борисов, ниту став на бугарскиот народ.…

Read More

Инфективната клиника во Скопје нема повеќе места и во функција се става модуларната болнница. Ова го потврди министерот за здравство, Венко Филипче. „Есенскиот бран на новозаболени од ковид-19 го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнето се пополнети сите кревети. Поради тоа во функција го ставаме модуларното одделение“, изјавил Филипче. На помош е дојден и персонал од  Клиниката за пулмологија и алерголија и од Институтот за белодорбни заболувања и туберкулоза. Министерот претходно најави дека има уште само 10 места на Инфективна, но со новиот бран и новите заразени, целиот капацитет се пополнил. Во изминатите 24 часа примени…

Read More

Ако Европската Унија дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров од Прилеп каде ја предводеше владината делегација по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. „Не е европски македонскиот јазик да стане пречка на нашата европска иднина и интеграција. Ако Европската унија дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка за нашата интеграција, тогаш таа нема да ја заслужи во своето име придавката „европска“ и не знам дали ќе можеме да веруваме на ваква Европска унија. -Нема пријателство без заемна…

Read More

Тој нагласи дека одбележувањето на ваквите денови е најсилниот потсетник за вредностите кои не смееме да ги заборавиме, но и за патот по кој треба да продолжиме, а тоа, нагласи Заев, е европскиот пат, патот на демократските вредности.

Read More

„Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет“, изјави премиерот Зоран Заев на централната прослава од Спомен – костурницата во Куманово по повод Денот на востанието против фашистичкиот окупатор 11 Октомври. „Нашиот јазик, македонскиот јазик, и нашиот идентитет Македонци се кристално потврдени во Обединетите нации, во Брисел и насекаде во светот.Македонија доби пробив на меѓународен план , благодарејќи на Договорот за добрососедство со Бугарија и Договорот од Преспа. Нашата држава е ценет и почитуван…

Read More

Со проекцијата на новиот македонски игран филм „Стела“, вечерва се отвори кино во Велес. Киното е инвестиција на Општина Велес од 67.000 евра и се наоѓа во просториите на поранешната сала „Бели мугри“, која работеше во рамките на Градската библиотека „Гоце Делчев“. Салата која инаку има капацитет за 240 гледачи, согласно протоколите за работа на кината, ќе може да прими 80 гледачи. Филмот се прикажа во два термина, од 17 и 19:30 часот, во чест на претстојниот празник 11 Октомври. По втората проекција, получасовен настап имаше групата „Љубојна“ со музиката од филмот. Градоначалникот на Велес, Аце Коцески на својот Фејсбук…

Read More

Во неколку фази започна чистењето на речното корито на реката Црн Дрим од устието до вливот во Глобочичко Езеро. Втората фаза која започна го опфаќа делот од „Мостот на поезијата“ до истекот на Црн Дрим, кај Општата болница во Струга, во должина од 765 метри. Според направените анализи, проценетата количина депониран нанос, како што соопшти Општина Струга, е приближно 14.000 кубни метри. Талогот, посочуваат, го намалува капацитетот на проток и прави нееднаква дистрибуција на брзината на водата, а предизвикува голем ризик од поплавување на населените места. Од ОО СДСМ – Струга соопштуват дека и покрај пандемијата предизвикана од КОВИД-19 не…

Read More