Author: Нова ТВ

Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици, истакна претседателот Стево Пендаровски во писмото кое го упати до Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, Вартоломеј, по повод почетокот на Новата црковна година. -Ми претставува особена чест да Ви се обратам и да ги изразам своите срдечни желби по повод почетокот на Новата црковна година. Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме…

Read More

Нови 140 случаи на ковид се регистрирани во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-47, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2. Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-9, Штип-3, Прилеп-2, Струга-3, Охрид-2, Кавадарци-2, Крива Паланка-1,…

Read More

Во Словенија од денска е задолжително носењето заштитини маски и на отворено во случаи кога е невозможно да се држи физичка дистанца од најмалку два метра. Таквата мерка е донесена синоќа од Владата со цел да се сузбие епидемијата на новиот коронавирус. Носењето заштитни маски во затворен простор е задолжително уште од пролетта. Досега во училиштата се носеа маски само во заедничките зони, а сега учениците и наставниците од повисоките одделенија ќе мора да носат заштитни маски во текот на целиот престој во училиштата ако не постои можност за физичка дистанца

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека бугарскиот меморандум до земјите членки на ЕУ, со којшто Бугарија најавува дека може да ја блокира интеграцијата на Македонија во ЕУ, отстапува од рамката, односно принципите на кои се заснова Договорот за добрососедство со Бугарија. Сепак порачува дека земјава нема да отстапи од договорот туку ќе ја интензивира комуникацијата на највисоко ниво. Тој вели дека изминатите денови имал разговор со неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева и договориле дека разликите ќе ги стават во рамката, ќе ги интензивираат комуникациите на највисоко можно ниво, а комиисиите ќе продолжат со работа за да ги утврдат…

Read More

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и останатите деца, соопшти денеска Министерството за образование и наука и информира дека со Планот и Протоколите што се усвоени од Владата се предвидува успешно следње на наставата и за децата кои нема да бидат во можност да учат преку онлајн платформата. -За таа цел, детето има можност наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наствниците предаваат на другите деца преку онлајн платформата. Исто така, за децата, чии родители се изјасниле дека не сакаат да…

Read More

Истражен судија во Жупански суд во Загреб одреди едномесечен притвор за десетмина осомничени во аферата Јанаф поради опасност од влијание врз сведоците. Управа за сузбивање на корупција и криминал (УСКОК) за 10 од 13 осомничени во аферата Јанаф побара притвор поради можно влијание врз сведоците. Помеѓу осомничените се и градоначалнивите на Нова Горица и на Нова Градишка, Дражен Баришиќ (ХДЗ) и Винко Гргиќ (СДП), на кои вчера им беше укинат пратеничкиот имунитет откако беа уапсени. Пратеничкиот имунитет одземен му е и на Дарко Пуљашиќ (ХДЗ). Првпат во Хрватска во еден ден им е укинат имунитетот на тројца пратеници. УСКОК почна…

Read More

 Најновото, 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е во знакот на традицијата, а годинава и со задолжителни мерки за борба против Ковид-19. Во пресрет на вечерашниот централен настан што ќе се одржи во пациото на битолскиот Музеј, од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека на сцената во Битола ќе биде доделена наградата на ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ чиј добитник е режисерот Столе Попов, а за присутната публика ќе биде емитувано видео обраќање на добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински, како и видео обраќање од ново избраниот претседател на Меѓународната асоцијација на…

Read More

Првата Национална онлајн платформа преку која во државава од 1 октомври ќе се одвива новата учебна година вчера беше презентирана пред јавноста. Следи период за прилагодување на наставниот кадар, учениците и родителите. Новата алатка, според надлежните, треба да биде значаен ресурс и по надминување на кризата со коронавирусот. Платформата, според надлежните, е едноставна за користење и нуди учење на пет јазици. Ученикот преку компјутер или телефон ќе може да ја гледа училницата и наставникот и ќе може да ги користи сите поставени аудио и видеоматеријали на платформата и да ги изработува домашните задачи, а наставата нема да биде здодевна и…

Read More

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во емисијата „Само интервју“ на Канал5 најави дека владата ќе води неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата. Нудиме чесни одговорни и отчетни кадри, неселективно ќе се бориме против корупцијата Корупцијата и криминалот не бираат по партија, националност или вера, затоа доаѓа време кога најрастеретено, најбескомрпомиско, најнеселективно треба еднаш засекогаш да ја почнеме таа битка, истакна вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во емисијата „Само интервју“ на Канал5. Тој во интервјуто најави и промени во кадровската полтика. “Верувам во капацитетот, верувам дека ќе…

Read More

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски кој беше вработен како советник во Кабинетот на министерот на позицијата, на која што беше поставен за време на техничката влада кога министер на МВР беше Наќе Чулев. Ѓорѓиевски отказ го доби по дисциплинска постапка против него откако на денот на предвремените парламентарни избори беше снимен како  го пцуе се и се обидува физички да го нападне командирот од Тетово, Зоран Талев. Дисциплинската комисија утврдила дека на 17 јули на денот на изборите Ѓорѓиевски  отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот Талев…

Read More

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека со конкретни мерки се грижат за лозарите, посочувајќи дека ќе одвојат дополнителни четири денари за килограм предадено грозје наменето за преработка од средства обезбедени од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со Ковид-19. – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа ги извести нашите лозари дека на владиниот Економски совет договоривме дополнителна мерка за интервентен откуп на грозје, кое ќе биде преработено во вински дестилат и гроздов сок, напиша Заев. Додава дека остануваат да важат и претходно договорените два денара за вранецот и смедеревката, кои, како што…

Read More

Нови 144 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2. Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г) Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33,…

Read More