Author: Нова ТВ

Учебната 2020-2021 година ќе се одвива преку Националната платформа за онлајн учење, која е инклузивна, едноставна за користење и нуди учење на пет јазици. Платформата е практична, лесна за користење и го доближува образованието и наставните содржини до учениците на каналите кои тие секако често ги користат. Ученикот преку компјутер или телефон ќе може да ја гледа училницита и наставникот и ќе може да ги користи сите поставени аудио и видео материјали на платформата и да ги изработува домашните задачи, а наставата нема да биде здодевна и ќе има брзи квизови, тестови и други иновативни содржини. Обуките за користење во…

Read More

Намалување на парафискални давачки, даночен календар за поголема предвидливост и признавање на трошоците за тестовите за Ковид од даночен аспект, се дел од барањата што денеска бизнисмените од Стопанската комора на Македонија му ги упатија на министерот за финансии Фатмир Бесими. Стопанствениците бараат да се разгледа и прашањето за двојното одданочување за приватното здравствено осигурување за кое сега плаќаат персонален данок и данок на добивка. – Над 20 проценти плаќаме дополнително на државата за здравствено осигурување со кое сакаме младите да ги мотивираме да останат во државата и да им озвоможиме да бидат здравствено покриени за било каков случај. Веројатно…

Read More

Новите неделни случаи на новиот коронавирус во Европа го надминаа бројот на заразени од пикот во март, соопшти Светската здравствена организација. Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге нагласи дека само минатата недела се регистрирани над 300.000 нови инфекции на стариот континент. – Пред нас е многу сериозна ситуација, рече тој. Некои европски земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и Франција, со месеци бележат највисоко ниво на број на дневни инфекции. Капацитетот за тестирање е зголемен низ цела Европа од почетокот на пандемијата. Клуге рече дека новите податоци покажуваат и „алармантни стапки на брзо ширење на вирусот низ целиот регион… Бројот на…

Read More

Директорот на Светска програма за храна Дејвид Бизли ги повика најбогатите луѓе во светот да донираат пари за да спасат околу 30 милиони луѓе, кои би можеле да умрат од глад доколку не добијат помош. – Околу 270 милиони луѓе се на раб на гладот и Светска програма за храна се надева дека годинава ќе успее да им пружи помош на 138 милиони луѓе, истакна Бизли пред безбедносниот совет на Обединети нации. Тој додаде дека се потребни околу 4,1 милијарди долари на годишно ниво за да се нахранат 30 милиони луѓе, кои би починале без помош на Светската програма за…

Read More

Врховниот суд ги одби поднесените барања на осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“ и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје. Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор и тој веќе е на издржување на казната. Второобвинетиот, поранешен премиер Никола Груевски како поттикнувач за сторување на делото е осуден на две години затвор. Апелациониот суд Скопје откако делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ и ја намали казната затвор од шест на четири години. Тројцата се осудени дека во периодот од февруари до крајот на октомври…

Read More

Москва вчера беше погодена од ураган пропратен со град, грмотевици и силен ветер, поради што во следните два дена прогласено е жолто ниво на опасност. Обилниот дожд поплави голем број улици во главниот град на Русија. Метеоролозите од денеска очекуват пад на температурата на воздухот во текот на ноќта до минус еден степен Целсиусов. https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=JbqcNIdGTrI&feature=emb_logo&ab_channel=TetovaNews

Read More

Седум лица починаа, а најмалку 177 се заразени откако присуствувале на свадба – ова е тажната статистика забележана во американската држава Мејн, јавија американски медиуми. На прославата присуствувале 65 лица додека максимално дозволен број поради пандемијата е 50 лица. Венчавката се одржала на 7 август, со верска церемонија во баптистичка црква, а потоа и хотелски прием. Двете места се близу до живописниот град Милинокет со 4.000 жители во државата Мејн. По 10 дена, 24 лица поврзани со настанот се заразени со коронавирус, а вчера беше објавено дека 177 веќе биле заразени и дека седум лица починале од Ковид-19. Од починатите…

Read More

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон…/Rruga drejt…“ на Алсат М телевизија истакна дека ако епидемиолошката слика е добра и стабилна, на почетокот на месец ноември ќе се даде дозвола уште некоја група од децата да оди со физичко присуство во училиштата. – Од 1 октомври, со физичко присуство би можеле да одат и други одделенија само во ситуација кога вкупниот број на деца во одделенијата или бројот на класови во училиштето е толку мал да сметаат епидемиолозите дека е ризикот мал, односно ист или помал, на тоа да во големо училиште се…

Read More

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието. На предлог на одбраната, треба да бидат сослушани осум пратеници од поранешниот состав, меѓу кои и Талат Џафери. Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште на предлог на одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, беа сослушани повеќе пратеници, меѓу кои Илија Димовски, Благој Деспотовски, Весна Дамчевска Илиевска и Весна Пемова. Предметот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски,…

Read More

Втор случај на Ковид-19 на дете во градинка вчера беше регистриран во нашата држава. Се работи за дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“. Детето не било носено во градинката од понеделникот, а вирусот го добило од член на семејството. -Преземени се сите мерки за ширење на вирусот, а децата од таа група, воспитувачите и родителите се изолирани, изјави вчера директорот на градинката Васил Бубев. Пред три дена, скопската градинка „13 Ноември“ во општина Центар, го пријави првиот случај на заразено 15-месечно дете. И во овој случај, децата кои биле во група со заразеното дете беа ставени во домашна…

Read More

Земјите од регионот во текот на наредната недела треба да одлучат за слободен премин и отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче во емисијаата “ Патот кон“на Алсат-М. Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната „on-line“ средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека од причина што епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, регионалните власти најавиле координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата. Претходно треба да…

Read More

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, попладнево излегоа на протест пред Владата. Бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината, а според нив во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца. Петицијата ја потпишале 3.325 мајки. Според владината одлука, од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември. Од Владата соопштија дека…

Read More