Author: Нова ТВ
„Agnosco“ е првата самостојна изложба на Ана Спасова, млад ликовен уметник и академски графичар, чие отворање е вечерва во 20 часот во Галерија на Факултетот за ликовни уметности. На изложбата ќе бидат претставени четириесетина дела изработени во различни медиуми: цртежи, графики, фотографии и колажи од хартија и полимерна глина. Делата се настанати во периодот од 2019 и 2020 година и го следат истражувањето на авторот во полето на семиотиката и науката за човековата психа, особено Јунговата аналитичка психологија. Главниот интерес е насочен кон разоткривање на односот помеѓу свесниот и несвесниот дел на личноста и нивната материјализација во уметничкото дело преку…
Германија ќе издвои до 750 милиони евра за поддршка на три домашни фармацевтски компании што работат на развој на вакцина против новиот коронавирус. Германската министерка за наука Ања Карличек изјави дека Владата веќе донела одлука да ги даде парите на компаниите „BioNTec“ и „CureVac“, додека наскоро треба да завршат разговорите со третата компанија „IDT Biologika“. Договорот со тие три компании ќе и обезбеди на Германија 40 милиони дози вакцини, покрај оние што ќе ги добие преку ЕУ, како нејзина членка. Карличек додаде дека Германија нема намера да ги скрати безбедносните процедури при тестирање на вакцините, што значи дека поголемиот дел…
Ако не научиме од коронавирусот и го примениме наученото во пракса со потребните ресурси и посветеност, следната пандемија, што сигурно ќе има, ќе биде многу повеќе опустошителна. Тоа се предупредува во извештај на Светската здравствена организација. Авторите на извештајот, насловен „Неорганизиран свет“, истакнуваат дека сегашната пандемија Ковид-19 е доказ за „колективната неспособност“ да се спроведат во пракса мерки за спречување, подготвување и одговор , „да им се ндаде соодветен приоритетен карајктер“. Оваа година исто така беше нагласена и „ранливоста на економиите и социјалните системи кои се тесно поврзани“, како и јасните празнини во општествата и нациите во врска со нееднаквостите,…
„Врба“ доби номинација за најдобар меѓународен филм, а Милчо Манчевски е номиниран за најдобар режисер на претстојниот фестивал Рејнденс во Лондон, најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија и еден од најголемите во светот. Жирито предводено од оскаровецот Џереми Ајронс ќе ги додели престижните награди во 8 категории, во секоја се номинирани по 3 филма, а „Врба“ доби номинации во 2 категории. Настапот на Рејнденс, што ќе се одржи од 28 октомври до 7 ноември, е и британска премиера на „Врба“, чиј продуцент е и легендарниот британски продуцент и основач на „Вирџин рекордс“ Ник Пауел. Организаторот на фестивалот го…
Повторно актуализирање и промени на предложениот закон за легализација на дивоградби што е во собраниска процедура низ разговори со пратеничките групи и сите заинтересирани страни, најавува новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА. – Законот е веќе во собраниска процедура, односно тоа е истиот закон што е поднесен. Во моментот кога Собранието ќе го актуализира Министерството ќе биде подготвено да разговара со сите пратенички групи и сите заинтересирани страни секако на крајот на денот во оваа парламентарна демократија да се донесе закон којшто ќе го регулира делот на бесправо изградените објекти. Но, сè она што…
Премиерот Зоран Заев, кој од вчера престојува во работна посета на Атина, на својот профил на Фејсбук објави дека синоќа имал вечера со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и екс-претседателот на Франција, Франсоа Оланд, со кои се согласиле дека „ова е време кога заедно со националните интереси на секоја земја, ги споделуваме и солидарноста и кохезијата за да направиме уште еден чекор напред кон подобра заедничка иднина“. – Првиот работен ден на конференцијата на угледниот „Економист“ во Атина го завршуваме со заедничка констатација дека во критични времиња, предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, народите од Европа мора да бидат здружени во…
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сакал да го „елиминира“ сирискиот претседател Башар ал Асад во 2017 година, но тогашниот секретар за одбрана Џејмс Матис се спротиставил на операцијата. – Бев повеќе за тоа да се отстрани. Се беше подготвено за тоа. Матис не сакаше да го направи тоа. Матис беше многу преценет генерал и го пуштив да замине, истакна Трамп за телевизијата „Фокс њуз“. Трамп истакна дека Матис бил „лош лидер“. – Беше грозен кон мене, беше грозен генерал, посочи Трамп. Тој исто така го обвини пензионираниот генерал дека не успеал да ја победи Исламска држава во Ирак…
Коронавирусот е причина за смрт на најмалку 121 лице на возраст под 21 година во САД помеѓу 12 февруари и 31 јули. Тоа се нагласува во студија објавена од Центрите за контрола и превенција на болести. Од тие млади, приближно тројца од четворица биле од хиспанско, црно, американско-индиско или домородно население од Аљаска, што укажува на тоа дека вирусот убива непропорционално млади луѓе кои не се белци, а особено оние кои немаат основни здравствени услови. ЦДЦ нагласува дека наодите треба да ги охрабрат училишните системи кои повторно се отворија за внимателно следење на инфекциите и тешките симптоми кај деца и…
Во гостувањето на ТВ Телма тој најави и промени во Законото за кривична постапка со цел да се отстранат елементите кои беа злоупотребувани за одолговлечување на постапките
Мајките кои се на породилно отсуство во четрток на 17 септември во 17 и 30 часот најавија протест пред Владата бидејќи, како што велат, стотици деца се одбиени од градинка заради новите протоколи. Тие бараат да се продолжи рокот за породилно отсуство до крајот на годината. „Согласно вчерашната донесена одлука која не става пред свршен чин бидејки стотици деца се одбиени од градинките заради новите протоколи, заради краткиот рок што не ни дозволува и на тие што се примени да го пројдат задолжителниот педиод на адаптација и најважно од се илјадници деца со чиј живот не би експериментирале најавуваме протест…
Заразеното 15-месечно дете престојувало во градинка само еден час на 9 септември. Следните денови родителите не го донеле, а вчера ја известиле градинката дека покрај целото семејството и детето е позитивно на Ковид -19. Министерката Јагода Шахпаска вели дека будно ја следат состојбата во градинките. – Министерството за труд и социјална политика има информација за 15-месечното дете, кое на 9 септември само еден час престојувало во градинка. Следните денови родителите не го донеле. На прашање од вработените во градинката зошто детето отсуствува, добиле информација дека се работи за вадење на запчиња и затоа детето е отсутно од градинката. Вчера на…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Република Грција, оствари средба со Кристос Копелузос, извршен директор на групацијата „Копелузос“, која е основачки акционер на компанијата „Гастрејд“. На средбата, која се оствари на покана на компанијата „Гастрејд“ учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, и високи претставници на компанијата „Гастрејд“, беше изразен взаемниот интерес Северна Македонија да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција, како нова, независна влезна точка за снабдување со природен…