Author: Нова ТВ

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска на прес-конференција ги најави своите приоритети во работата во четиригодишниот мандат. Николовски најави градење на системска алатка која ќе ги следи парите и капиталот кај избраните и именуваните функционери, а ќе следува и редефинирање на Кодексот за етичко однесување на функционерите во Владата. – Тој ќе стане поприменлив, согласно компаративните искуства во светот, и во него ќе важи максимата Нулта толеранција за корупција, порача вицепремиерот Николовски: Има уште простор за кратење на привилегиите на функционерите, принципот на отчетност ќе продолжи и на локално ниво Принципите…

Read More

Девет лица со Ковид починаа во последните 24 часа, меѓу нив и двајца млади на 23 и 29 години. Останатите починати се на возраст од 44 и 52 години, двајца на возраст 60 години, на 62, на 70  и 71 година. Од Министерството за здравство најавија подетални информации  Нови 98 случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 1404 тестирања,информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Велес-1, Битола-4, Охрид-2, Гостивар-1, Струмица-9, Крива Паланка-1, Кочани-1, Берово-1, Делчево-2, Кичево-1. Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и…

Read More

Прв случај на дете заразено со КОВИД-19 е забележан во скопска градинка, потврдија за МИА од Министерството за труд и социјална политика. Според информациите од Министерството, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје. Од отворањето на градинките на 9 септември беа пријавени три случаи на позитивни вработени во градински во Скопје, Битола и Свети Николе

Read More

Рускиот опозиционер ја објави својата прва фотографија на својата страница на Инстаграм откако се разбуди од кома. « Здраво, овде Навални. Ми недостигавте. Сè уште не можам да работам ништо, но вчера можев цел ден да дишам самостојно. Без никаква помош, дури ниту обичен вентил во грлото не користев. Навистина ми се допадна“, напиша Навални на својот профил на Инстаграм. Германската влада вчера објави дека Алексеј Навални, кој лежи во берлинската болница „Шарит“, бил отруен со отровната супстанца „новичок“. Руската страна негира дека овој отров бил во телото на Навални додека тој бил на територијата на Русија.

Read More

Минатогодишниот шампион на Мастерсот во Рим, Рафаел Надал нема големи надежи дека ќе успее да ја одбрани титулата. За Надал настапот во италијанската престолнина ќе биде прв по подолгата пауза и единствениот пред одбраната на титулата на Грен слемот Ролан Гарос. Очигледно, ви требаат натпревари за да се чувствувате 100%. Но, нема што да се стори. Дојдов тука и имав доволно време да вежбам правилно. Турнирот ќе биде добар тест. Драго ми е што ќе се вратам на натпреварувањето, но немам големи очекувања, изјави Надал. АТП Мастерсот 100 во Рим почна вчера и ќе трае до 21 септември.

Read More

Високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, денеска се обрати пред европските пратеници во пресрет на претстојниот Европски Совет на кој главна тема ќе биде Турција и тензиите со Грција, јави дописничката на МИА од Брисел. Во овој контекст, шефот на европската дипломатија предупреди дека се враќаат „големите империи од минатото“. -Европа се соочува со ситуација во која големите империи се враќаат, најмалку три од нив, Кина, Русија и Турција, големите империи од минатото се враќаат со пристап кон нивното непосредно соседство, но и глобално и ова претставува нова средина за нас, изјави Борел, додавајќи дека Турција е…

Read More

По кратко боледување почина писателот и хроничар на Скопје, Данило Коцевски. Погребот се одржа денеска на Градските гробишта Бутел во присуство на семејството. Данило Коцевски е роден во 1947 година во Куманово. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Како стипендист на француската влада престојувал во Франција (1981-1982). На Интердисциплинарните студии по новинарсто на скопскиот универзитет ги држел вежбите по теорија и практика на новинарството. Еден е од иницијаторите за основање на Институтот за македонска литература, заедно со Георги Сталев, Слободан Мицковиќ и Душко Наневски, на почетокот на осумдесетите години. Член на Друштвото на писателите на Македонија станал во 1973 година.…

Read More

Парламентарните партии до претседателот на Собранието испратиле дописи за формирање пратенички групи. Во Собранието се формирани четири пратенички групи, по две од владејачкото мнозинство и опозицијата, како и пратениците од Левица и ДПА кои не се во пратенички групи. Како независен пратеник на собраниската веб – страна засега фигурира само Игор Дурловски, кој е дел од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но не е член на партијата. Пратенички групи формираа СДСМ и коалицијата „Можеме“, ДУИ, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ и Алијанса на Албанците и Алтернатива, а како независни ќе делуваат двајцата пратеници од Левица и ДПА. Координатор на пратеничката…

Read More

Гигантски маски, што им го покриваат целото лице, добија дел од учениците во Грција, во рамките на програмата на Владата за бесплатни маски во сите училишта во висина од шест милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на вчерашниот ден, на социјалните мрежи во Грција, родителите објавија фотографии од нивните деца со маските. Доцна синоќа од Генералниот секретаријат за јавно здравје од Министерството за здравство на Грција, објаснија дека димензиите за изработката на маските биле одредени од надлежните комисии според меѓународните стандарди, меѓутоа, се однесувале на големина на ткаенината пред да се сошие, а не на крајната…

Read More

Потребите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, подготовките на Република Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, како и зголемување на ефикасноста во постапувањето по предметите беа теми на разговор на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со јавната обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Маричиќ во разговорот, како што соопшти Министерството за правда, истакна дека ќе биде поддршка во процесот на кадровското зајакнување со стручни соработници и подобрување на капацитетите на обвинителството со цел поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата. Во однос на почетокот на преговорите…

Read More

Во периодот од 7 до 13 септември 2020 година, тестирани се вкупно 8.353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 14.2 проценти помалку во однос на минатата недела. Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи од 33 града во државата што претставува намалување од 10,8 проценти во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи, согласно извештајот на Институтот за јавно здравје  се од Скопје (n=202; 28,7%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20. Процентот пак на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4 проценти или 0.3 проценти повеќе…

Read More

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека Ковид-19 не е последната пандемија и повика на политички и финансиски инвестиции за спречување пандемии. Тој на презентацијата на извештајот на Советот за следење на глобалната подготвеност (ГПМБ) за 2020 година рече дека ова нема да биде последна пандемија или последна глобална здравствена криза. – Не знаеме каква ќе биде следната здравствена криза, но знаеме дека ќе дојде. И мора да бидеме подготвени, нагласи тој, објаснувајќи дека ова не е заплашување, туку повик за акција. Неговиот говор уследи откако беа потврдени повеќе од 29 милиони инфекции со коронавирус и…

Read More