Author: Нова ТВ

Главниот експерт за заразни болести на американската Влада, Ентони Фаучи, вчера изјави дека не се согласува со проценката на претседателот Доналд Трамп дека САД го минаа најлошото со пандемијата на коронавирусот, изјавувајќи дека статистичките податоци се вознемирувачки. Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести, кажа дека во САД сезоната на грип почнува со околу 40.000 нови случаи дневно, а бројот на смртни случаи во просек изнесува околу 1.000 на ден, пренесуваат американските медиуми. Трамп, кој призна дека ја намалил сериозноста на вирусот откако се појави на почетокот на оваа претседателска изборна година, завчера кажа дека верува оти кризата…

Read More

Собранието работи на барање алтернативен начин за одржување седници во вонредни услови, односно онлајн седници и гласање поврзано со пандемијата со Ковид-19, состојбата која според последните проценки ќе потрае и следните две години. Собранискиот претседател Талат Џафери на брифинг со новинарите истакна дека за утврдување на таквиот алтернативен начин на работа ќе бидат потребни два до три месеци, па сега засега седниците ќе се одржуваат во салата со купола, а гласовите ќе се бројат рачно. – Како претседател на Собранието обврзан сум да размислувам за функционалноста на Собранието и во редовна ситуација и во вонредна ситуација и затоа на првите…

Read More

Негувателка во градинка во Битола е позитивна на коронавирус, а пет деца, три воспитувачки и две негувателки се ставени во домашна изолација од 14 дена, соопштија од Центарот за јавно здравје. Тие додаваат дека случајот е регистриран само три дена по започнување со работа на градинките. Денеска од Министерството за здравство информираа дека во Битола се регистрирани четири новозаразени лица, а три лица се оздравени.

Read More

Пред судот во Франкфурт на почетокот на септември започна процесот против Филан М. обвинет за подготовка на напад против државата, кршење на законот за воено оружје и телесни повреди. Филан планирал самоубиствен напад, објави Дојче Веле, повикувајќи се на весникот Франкфурте Рундшау. „Бев наивен“, беше една од ретките реченици кои Филан М. ја изусти пред судијата во Франкфурт каде е обвинет за серија сериозни кривични дела. Во ноември 2019 година, Филан М. е уапсен од германската полиција заедно со уште двајца осомничени на 21 и 22 години од турско потекло, под сомнение за подготување на терористички напад. Неговите соучесници подоцна…

Read More

Денеска на 82 годишна возраст почина доајенот на македонската забавна и народна музика Нина Спирова. Родена е на 26 октомрви 1938 година во Прилеп. Со нејзиниот милозвучен и моќен глас остави трајни вредности, музички записи на неколку забавни мелодии кои станаа евергрини, како и на бројни бисери на староградската македонска музика. Нина во својата кариера има снимено голем број познати музички хитови, од страна на светски аранжери како и голем број на обработки на македонски народни песни. Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо Чифликот“,…

Read More

Шведскиот пратеник Магнус Јакобсон поднесе иницијатива за номинирање на владите на САД, Србија и Косово за Нобеловата награда за мир. Како што соопшти, бил поттикнат од Вашингтонскиот договор меѓу Белград и Приштина за нормализирање на економските односи, за кој смета дека го трасира патот за постигнување мировен договор меѓу двете страни. Овој демохристијански политичар на својот профил на Твитер напиша дека денеска ја предал номинацијата до Шведската академија на науките, која ги доделува Нобеловите награди. „Затоа сакам да ги номинирам Владата на Соединетите Американски Држави, Владата на Косово и Владата на Србија за Нобеловата награда за мир, бидејќи овој договор…

Read More

Досега над 20 милиони луѓе во светот се излекувале од коронавирусот, односно 20.431.925. Во исто време, во светот имало вкупно 28.427.160 случаи на Ковид-19, од кои 7.079.946 случаи се активни, според податоците на страницата Ворлдомерс. Од коронавирусот досега починале 915.288 лица. Најмногу заразени луѓе има во САД, Индија и Бразил, каде има и најмногу смртни случаи.

Read More

Нови 142 нови со ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 1542 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-37, Куманово-18, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-13, Струга-3, Битола-4, Гостивар-9, Струмица-4, Крива Паланка-8, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-1, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2 и Ресен-2. Починати се 5 лица, пациент од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и пациент од Штип (58г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од: Скопје-20, Куманово-10, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-11, Велес-4, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-1, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1,…

Read More

Бегалците и мигрантите од кампот Мориа, на грчкиот остров Лезбос, веќе трет ден се на улиците на островот, откако по двата пожари останаа без кров над глава и сега се обидуваат да изнајдат начини и простори за да постават регуларни, но и импровизирани шатори, јави дописничката на МИА од Атина. Во близина на постоечкиот прифатен центар Кара Тепе, според локалните медиуми од островот, денеска со хеликоптер се пренесуваат шатори за да се создаде нов, привремен камп. Паралелно, илјадници бегалци и мигранти, со помош на железа, трски и платна создаваат привремени живеалишта на улиците од островот. Меѓу илјадниците бегалци и мигранти…

Read More

Доколку добие предлог од Владата за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе достави предлог до пленумот за гласање. Но, вели Џафери, не очекува такво нешто, иако во јавноста некои пратеници најавуваа дека ќе се откажат од патните трошоци. Според него, поединечно барање на пратеник или фунционер се коси со Уставот. – Ако сакаат да доаѓаат со тротинет, ќе им обезбедам паркинг на пратениците, вели Џафери на брифинг со новинарите, додавајќи дека доколку функционерите сакаат да се откажат од службените возила нека одат на работа со тротинет.…

Read More

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите изјави дека ако Владата достави законски измени за понатамошно кратење на трошоците на пратениците, ќе предложи сите во Владата да се откажат од службените возила и секаде да одат со тротинет. Според Џафери треба да се обезбедат услови за работи и да се има предвид дека доаѓаат од различни места во државата. „Очекувам да не добијам таков предлог од Владата, а поединечно не очекувам некој да се откаже од тоа право што е регулирано со Уставот. Ако добијам таков предлог од Владата, јас ќе поднесам предлог сите да се откажат…

Read More

Вицепремиерот за координација со економските сектори Фатмир Битиќи денеска изјави дека не се откажуваат од проектот „Викенд без ДДВ“ и оти се разгледуваат законските можности и здравствените аспекти кога тој може да се реализира. – Веќе ги гледаме последните законски можности кога во најбрз временски период и во координација со здравствените институции, тоа може да се направи. Мислам дека наскоро со четвртиот пакет веќе ќе имаме став и за „Викенд без ДДВ“, рече Битиќи. Коментирајќи ги мислењата на одредени експерти дека мерката повеќе ќе им помогне на поимотните отколку на посиромашните граѓани и оти таа води кон сивата економија, Битиќи…

Read More