Author: Нова ТВ
Експертскиот медицински тим што ја советува словенечката Влада предложи да се намали времетраењето на задолжителниот карантин од 14 на 10 дена. – Ризикот од заразување може да биде малку поголем, но оваа мерка ќе го намали притисокот врз словенечката економија, смета епидемиологот Бојана Беовиќ. Како што пренесува агенцијата СТА, овој предлог е поддржан и од словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар, со образложение дека поголемиот дел од заразените од Ковид-19 покажуваат симптоми на болеста во рок од 10 дена
Од белгискиот институт за јавно здравје изјавија дека инцидентот со вакцината на АстраЗенека, стопирана поради тешки нус ефекти кај еден од волонтерите е „нормална појава“ и „доказ дека се работи коректно“, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот на институтот, Ив Ванлатем, за медиумите изјави дека прекинот во клиничките тестови за вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека е доказ дека работата се врши сериозно. -Тоа е сосема нормална, банална процедура што покажува дека сѐ се следи коректно, како и дека ваквите инциденти се случуваат секојдневно за сите други вакцини што се тестираат. Фирмата АстраЗенека информираше дека привремено се стопираат клиничките тестови…
Владата на денешната седница предложи намалување на судската такса за физичките лица за седум пати. -На денешната седница Владата одлучи да ја предложи измената на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати (Од 48.000 денари на 6.000 денари). Работиме во интерес на граѓаните за да ја направиме правдата подостапна, напиша на својот Фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.
Пожарот кој утринава избувна во просториите на поранешна Комерцијална банка е локализиран. Нема повредени, а според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина, а опожарен е и надворешниот дел на вториот кат. Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција. Пожарот е локализиран во 08:50 часот, а во гасењето интервенирале 24 пожарникари со девет пожарникарни возила. При интервенцијата, само еден пожарникар се пожалил на задушување по што му била дадена прва помош од екипа на Брзата помош. Пожарникарот е во стабилна состојба. Командантот на Територијалната противпожарна…
Нови 72 случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 793 тестирања,информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-1. Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г). Сите се починати во болница. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје-8, Куманово-7, Штип-4, Тетово-1, Струга-4, Велес-2, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-11, Гевгелија-1, Крива Паланка -2, Кочани-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3,…
Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да објават листа на коморбидитети кои се забележани кај починатите од Ковид-19 (тие дијагнози соодветно да се ослободат и понатаму од работа), дел од хронично болните кои се со најголем ризик на смртност од Ковид-19 да останат ослободени од работа (списокот на најризичните хронични болести да биде доставен од соодветните клиники до Комисијата за заразни болести), а враќањето на работа на хронично болните да се одвива според одредени критеритуми, бидејќи сите пациенти со хронични заболувања не се со висок ризик. Ова се дел од барањата на повеќе здруженија на пациенти во врска…
Рускиот претседател Владимир Путин лично ќе објави доколку одлучи да ја прими вакцината против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Доколку смета дека е неопходно, ќе ја информира јавноста за тоа, изјави Песков. На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирусот и ја именуваше Спутник V, а меѓу јавните личности кои веќе ја примиле вакцината се министерот за одбрана Сергеј Шојгу, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин и лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, како и белорускиот премиер Роман Головченко. Во средината на август, Путин објави дека вакцина примила и…
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска почнува со најавените тематски граѓански протести. Протестот најавен за вечер со почеток во 18 часот е против поаскапувањето на струјата. Според најавите, протетсот ќе почне пред зградата на Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. -Имаме скапа струја, а сиромашен народ, и тоа е првата причина поради која ќе протестираме и поради која ќе излеземе со свои барања. Да нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија една милијарда евра на поткуп, трошат над осум…
Повлечена е последната транша од 20,4 милиони евра од евтините кредити за домашните компании. Заклучно со оваа транша, Развојната банка на Северна Македонија досега има повлечено вкупно 50,9 милиони евра. Со денеска повлечената транша добиени се сите средства што беа предвидени како евтини кредити за домашите компании. -Седмата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која ја користи Развојна банка е одобрена за нови 73 проекти на домашни компании. Со ова, досега на вкупно 186 домашни компании преку шест комерцијални банки им се овозможи да користат евтини кредити со каматна стапка до 1,6 отсто. Овие 186 домашни компании ќе поддржат…
Британскиот министер за здравство Мет Ханкок денеска изјави дека одлуката на АстраЗанека привремено да го прекине тестирањето на вакцината против Ковид-19 е предизвик, но оти не значи дека мора да ги уназади напорите за развој на вакцината. – Очигледно тоа е предизвик за ова тестирање на вакцината. Всушност, не е првпат ова да се случува со вакцината на Оксфорд, изјави Ханкок за Скај Њуз. Тој прецизираше дека доцнењето нема да го уназади процесот за развој на вакцината, а сето тоа зависи од тоа што ќе се открие за време на истрагата. Компанијата АстраЗанека, која работи на развој на вакцината со…
Рано утрово избувнал пожар во зградата во која се сместени Канцелариите на Инспекторатот за животна средина и на Секретаријатот за европски прашања, како и канцелариите на Медиумската Информативна Агенција, на улицата Димитар Влахов во центарот на Скопје, во поранешната зградата на Комерцијална банка. Евакуирана е целата зграда, а противпожарни екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот, кој се проширил и на вториот кат, каде се наоѓаат и канцелариите на МИА, и зафатил дел од нив. Од Инспекторатот за животна средина, каде првично избувнал пожарот, за МИА изјавиле дека работното време почнува во 08:30 часот и дека…
Установите за згрижување и воспитување на децата од денеска почнуваат со работа согласно здравствените протоколи. Сите установи во земјава согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија со Ковид-19, како што посочи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца. Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца го донесе Комисијата за заразни болести, а со него се овозможува реализација на процесот под посебни мерки за превенција од ширење на коронавирусот. Протоколот, како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, опфаќа…