Author: Нова ТВ
Поранешната пратеничка, Силвана Бонева, ќе заврши на суд за измама со патните трошоци. Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против неа, во кое ја обвинува дека со измама зела над 100 илјади евра за патарини. Станува збор за предметот во јавноста познат како „Друмарина“, за кој истражната постапка ја водеше СЈО.
Нови 109 случаи со ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 1486 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-40, Куманово-10, Штип-3, Прилеп-12, Тетово-6, Струга-4, Битола-6, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-2, Крива Паланка-2, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1. Починати се 3 лица, пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г). Сите се починати во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациент од: Скопје-29, Куманово-13, Дебар-2, Штип-4, Тетово-4, Велес-1, Битола-2, Гостивар-13, Струмица-1, Радовиш-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-4, Кичево-6. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани…
За Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) е прифатлив моделот за предвремено пензионирање, но предлага старосната граница за пензионирање да биде од минимум три до пет години односно од 59 до 61 година за мажи и од 57 до 59 години за жени. – Доколку работниците предвремено одат во пензија, процентот ќе им биде намален поради годините од предвремено пензионирање, според процентот на годините стаж, но штом ја исполнат старосната граница пензионерите да си ја добијат пензијата во полн износ, исто како да ја исполниле старосната граница од 64, односно 62 години, предлагаат од КСС. Синдикатот бара да се изнајде и…
Не постоеше план за насилство на конститутивната седница на 27 април 2017 година, сведочеа денеска дел од пратениците кои се повикани од страна на одбраната на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски. Сегашниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој и во претходниот собраниски состав ја имаше истата функција, пред судот изјави дека ниту некој информирал за некаков план, ниту за тоа се разговарало на координација во Собранието. – Ниту имавме некоја информација, ниту некој на координација информирал за некаков план. Напротив, на многуте координации во тој момент ни се укажуваше да внимаваме на било каква било вербална…
Летните одмори се пред нас и секогаш главен фактор при изборот на дестинација е далечината и патот. Традиционално, патувањето со автомобил е прв избор за фамилијарен одмор, а во услови на КОВИД-19 е и најдобро и најбезбедно да се патува со сопствен автомобил. Пред патувањето набавете средства за дезинфекција на база на алкохол и убаво исчистете го возилото. Патувањето со автомобил нуди најдобра заштита во време на корона кризата, но неопходно е при секоја пауза или посета на бензинска станица да ги почитувате протоколите како што се носење заштитна маска и држење дистанца, а потоа пред да влезете во автомобилот…
НОВА ТВ го објавува демантот на Даут Даути, кој се однесува на серијалот за лустрација, во случајов- Хроника на политички прогони: Лустрација на Хисен Шаќири, разговор со Нора и Бени Шаќири, прв и втор дел, 20 и 27 август, 2020 Си мислев дека таму пред 4-пет години се разјаснија работите, ама не, тогаш Нора, а сега и Бени, унисоно,се навраќаат на старата затворена тема, и за лустрацијата, и за случајот на Хисен Шаќири.Но најнапред, пред да се впуштам во „материјална расправа“ со нив, поучно би било да им раскажам две кратки и поучни народни приказни, кои имаат врска со исповедта…
Членките на НАТО денеска ќе одржат специјална седница на која ќе разговараат за труењето на лидерот на руската опозиција Алексеј Навални со воен нервен отров „Новичок“. 30 члениот западен воен сојуз се очекува официјално да ја повика Русија да спроведе целосна и транспарентна истрага. Германија на 2 септември соопшти дека тестовите обезбедуваат „недвосмислен доказ“ дека сериозно болниот критичар на Кремљ бил затруен со „Новичок“. На 44-годишниот Навални му се слошило на лет од Сибир кон Москва на 20 август, принудувајќи го авионот со кој патувал да изврши итно слетување во Омск, каде помина два дена во болница пред да биде…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска во Овалната соба во Белата куќа ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти. Американскиот претседател со тоа ќе присуствува на церемонија на потпишување на документ меѓу Србија и Косово, за кој вчера пишуваа српските медиуми и ќе земе учествуво во трилатералниот состанок, објави Белата куќа, а пренесува „Гласот на Америка“. По средбата во Белата куќа, и Вучиќ и Хоти поединечно ќе се состанат со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот. Во соопштението на Белата куќа, објавено доцна во четвртокот, не било прецизирано што ќе биде потпишано,…
Нови 166 случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 1756 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-46, Куманово-17, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-12, Тетово-11, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-6, Берово-4, Виница-3, Делчево-12, Кратово-2, Свети Николе-3. Нема починати пациенти. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациент од: Скопје-59, Куманово-34, Дебар-28, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Струга-6, Велес-4, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-6, Гостивар-17, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-6, Берово-2, Виница-7, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Неготино-5. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на…
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски апелира до сите градоначалници да спроведат постапки за избор на фирми што ќе ги урнат дивоградбите во општините врз основа на донесени решенија. Само со почитување на законите, порача денеска Бочварски, ќе се привлечат инвестиции и ќе се овозможи развој на државата. Бочварски, во одговор на новинарско прашање дали вчерашнот пример со уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровска во Скопје ќе стане пракса и во останатите општини рече дека општините треба да си ги преземат своите одговорности и да ги решаваат овие проблеми. -Ваквиот тип објекти од втора категорија се под директна надлежност…
Лицата, на кои им беа одложени интервенциите поради Ковид-19, ќе го користат системот „Мој термин“ заедно со новите пациенти. Термините ќе им се закажуваат согласно листата на чекање кај соодветен доктор и како што биле одложувани интервенциите, таква ќе биде и динамиката. На клиниките за педијатрија, урологија, ортопедија, болницата Свети Еразмо и ГОБ „8 Септември“ овој процес ќе биде паралелен. -Веќе се направени списоци пред сè во институциите каде што се собирани повеќе пациенти, со хронични заболувања, каде се одложуваа интервенциите и еден дел од капацитетите ќе им биде посветен на нив, согласно листата на чекање кај соодветниот доктор. Тој ќе има обврска да направи еден дел за интервенциите само…
Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за правда Бојан Маричиќ и државните секретари Калина Габер од Секретаријатот за европски прашања и Зоран Попов од Министерството за надворешни работи, денеска одржаа утринска брифинг средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во нашата држава, соопшти владината прес-служба. На брифингот премиерот Заев во име на Владата ги презентираше стратешките приоритети во следниот четиригодишен мандат со посебен осврт на евроатланските интеграции на земјата. Заев рече дека изминатиот мандат на Владата направи комплетен пресврт во…