Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Во државава досега се вакцинирани 53 193 граѓани, а на веб страницата вакцинација.мк се пријавиле 203 047. Процесот на вакцинација се одвива добро, а во тек се и подготовките за масовната вакцинација која треба да започне по велигденските празници во шесте регионални вакцинални пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарди. Министерот за здравство Венко Филипче по посетата на салата „Борис Трајковски“ во Скопје каде веќе се врши ревакцинција со „Спутник В“ после три недели од вакцинацијата информираше дека завчера стасала нова количина со уште 20 000 од овие вакцини, а 7000 од нив ќе бидат наменети за…
До крајот на август почнува изградбата на проектот Ниш – Приштина, а меѓувреме се договара делницата кон Прешево, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со претставници на ЕУ во Брисел. Тој најави дека Европската унија за изградба на пругата до границата со Северна Македонија ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра, и додаде дека станува збор за брза пруга со која времето за патување од Белград до Скопје би се скратило на 3 часа и триесет минути. -Најважното нешто за што разговаравме овде во Брисел е тој фантастичен проект на брзата пруга Белград-Ниш, за кој добивме понуда од…
Преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам. Тоа е констатирано на средба на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски со поглаварите на верските заедници во земјава – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,…
Премиерот Зоран Заев денеска во Влада ги прими претставниците на германската компанија „Гересхајмер“ каде одржаа работна средба на која беа презентирани плановите за инвестиции на компанијата во земјава. Средбата доаѓа на само еден ден пред утрешното официјално отворање на фабриката „Гересхајмер” во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2. Според Заев заложбите за инвестиции на „Герeсхајмер” во земјава ќе значат имплементирање на врвна технологија и нови вработувања, што пак ќе придонесе за подобрување на севкупниот економски раст. На средбата во Влада, присуствуваа и заменик-претседателот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директор на ТИРЗ Јован Деспотовски,…
Можните решенија за обесштетувања земјоделци, кои останале необесштетени за настанати штети од невремето во општините Гази Баба и Арачиново во 2016 година и во 2018 година, поради правни пречки, беа разгледани на денешниот состанок на премиерот Зоран Заев со Аднан Ајрула и уште неколкумина други претставници на Организацискиот одбор на протести на земјоделците од овие две општини информираат од владината прес служба, од каде најавуваат дека е можно решавање на овој проблем. -Има волја кај Владата да се изнајдат решенија за посочените прашања и има и пари во Буџетот за оваа намена. Клучно е да се утврдат можностите за обесштетување…
Собранието попладнево не ја прифати иницијативата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, за отповикување од функцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „За“ интерпелацијата гласаа 11 пратеници, 60 „против“, а немаше воздржани. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа во дебатата и не гласаа. Министерот Спасовски во завршните зборови пред гласањето истакна дека расправата за неговата интерпелација ја смета како висок чин на демократијата. -И на крајот, посебно упатувам порака до пратениците на парламентарното мнозинство. Кога ќе одлучувате за интерпелацијата да одлучувате по ваша совест врз основа на она што сме го сработиле, на фактите коишто ги…
Министерот за здравство венко Филипче соопшти дека денеска во земјава се очекува да пристигнат уште 10.000 од најавените дози на вакцини од производителот „Фајзер“, кои се обезбедени преку директен дооговор со компанијата. – Вакцинацијата се одвива добро. Во салата „Борис Трајковски“ се врши ревакцинција по три недели од вакцинацијата со вакцината „Спутник В“. Во саботата доцна навечер, практично в неделата наутро стигна нова количина од 20.000 вакцини „Спутник“ од кои 7000 ќе бидат наменети за ревакцинација на вработените во критичната инфраструктура, додава Филипче. Тој истакнува и дека во наредниот период треба да стигне и одредена количина преку системот на солидарност…
Ковид пандемијата е дополнителен катализатор што на површина ја исфрли потребата од дигитализацијата со која, ќе се заштити здравјето на граѓаните, а постапките ќе течат непречено, вели министерот за правда Бојан Маричиќ. Со неа, додава, се воведуваат онлајн судења што пак ќе придонесе до забрзување на постапките, истите ќе бидат поевтини, а можностите за одложување ќе бидат значително намалени. Со дигитализацијата и промените на одредбите на Законот за прекршоци, како што појасни министерот за правда, ако еден жител на Скопје направи сообраќаен прекршок во Охрид и поради тоа ќе треба да оди на суд за прекршоци, нема потреба веќе да…
На утрешната седница на Влада како една од точките за разгледување ќе се најде и предлогот за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, соопшти на прес – конференција премиерот Зоран Заев. Како што претходно се изјасни премиерот ваквиот чекор се презема како одговор на „пркосниот однос со надлежните кој не е дозволен“, во врска со рамковните вработувања. – Директорот Пауновски е информиран со дописи за систематизацијата. Во меѓувреме не побарал да разговара со нас. Последното негово писмо до мене или до вицепремиерот Груби е во јануари. При изготвување на планот за прераспределба на лицата е земено предвид и образованието,…
Прашањето за наводниот нон – пејпер на Јанез Јанша се уште ја бранува јавноста. Денеска ова прашање повторно беше упатено до Европската Комисија, а од таму со јасна порака, ваков проект не доаѓа предвид. Портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, рече дека фамозниот нон пејпер кој наводно е поднесен од страна на словенечкиот премиер, Јанез Јанша, ниту било кои други документи со слична содржина никој не видел во Европската Комисија. -Ја знаете добро позицијата на ЕУ за тоа дека не сме за никаква промена на граници, ова треба да се отстрани, какви пејпери и да се појават во иднина или…
Најавите на ЕК дека за непочитување на договорот од страна на компанијата „Астра Зенека“ ќе поднесе тужба и ќе бара судска разврска се остварија. ЕК потврди дека во петокот е поднесен ваков документ бидејќи компанијата не ги испочитувала точките од договорот со кој се предвидуваше за ЕУ да бидат обезбедени 300 милиони вакцини и уште дополнителни 100 милиони од овој производител. Компанијата не успеа да ги обезбеди договорените дози, а со тоа предизвика и криза во ковакс механизмот, односно доцнење на распределбата на вакцини за земјите кои чекаа на овој механизам.
– Денешната интерпелација за моето работење е реален приказ за изместениот систем на вредности на опозицијата. Се бара гласање доверба за мене за успешно спроведена акција. Гласањето доверба се однесува на настаните поврзани со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков кој е во затвор, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од собраниската говорница во своето обраќање пред пратениците пред да биде гласана доверба за неговото работење на позицијата министер за внатрешни работи. – Каква иронија – идолот и идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков е во затвор, а опозицијата поднесува интерпелација за министерот за внатрешни работи?! Оваа интерпелација, во суштина, претставува…