Author: Нова ТВ

Пратеничката од првиот парламентарен состав од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, и една од основачите на овса партија, Ратка Димитрова, почина денеска на 80 години. Димитрова, која дипломираше на Факултетот за музика во Љубљаана, а потоа магистрираше на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски“ во Москва, по прогласувањето на независноста на државата се вклучи во политиката. Таа беше основач на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Последната деценија таа беше голем критичар на политиките на Никола Груевски и идеолошкото скршнување на партијата. Во 2016 година таа изјави: „Идеологијата на ВМРО -ДПМНЕ не е она што беше некогаш. Денеска во ДПМНЕ нема идеологија, или е тотално…

Read More

Избирачките места за парламентарните избори во Црна Гора и локалните избори во Будва, Котор, Тиват, Андријевица и Гусиње беа отворени утрово во 7 часот, а граѓаните ќе гласаат до 20 часот. Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои гласаат на 1.217 избирачки места. Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по враќањето на независноста. На парламентарните избори учествуваат шест коалиции и пет политички партии. Парламентарните избори ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски. Претседателот на црногорската Државна изборна комисија (ДИК) Алекса Ивановиќ на правата прес-конференција соопшти…

Read More

Голем број автобуси со беретки од специјалните воени единици на Белорусија, специјализирана воена опрема, како и воени камиони кои превезуваат војници се собираат во центарот на Минск, поради денешните очекувани големи антивладини протести организирани од белоруската опозиција. Опремата и луѓето биле пренасочени од воената единица во Уручие, населба во североисточниот дел на Минск, јави Бгнес. Рано утрово тие поминаа низ Плоштадот на независноста во градот, за каде се закажани денешните антивладини демонстрации. Во Белорусија на 9 август сеодржаа претседателски избори. Според ЦИК, актуелниот претседател Александар Лукашенко освои 80,10 отсто од гласовите. Второто место го зазеде главниот конкурент на Лукашенко –…

Read More

Мандатарот за состав на нова влада, Зоран Заев, во своето експозе се обрати и кон идните министри порачувајќи им дека од нив очекува одговорност и работа во интерес единствено на граѓаните и на државата. „Да ги ставите интересите на граѓаните и на државата на прво место. Имате привилегија во вашата работа да донесете добро за нашата држава и нашиот народ. Искористете ја. Очекувам посветена работа и целосно да се вградите и да водите процеси што носат трансформација на подобро. И никогаш не заборавајте дека секој од вас е одговорен и пред граѓаните и пред законите. Нема толеранција за прекршување на…

Read More

Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 1.297 тестирања со позитивни наоди кај 24 лица во Скопје, 20 во Куманово, 12 во Гостивар, 10 во Делчево, осум во Прилеп, по шест во Берово и во Виница, пет во Штип и во Свети Николе, по четири во Охрид и во Гевгелија, по три од Струга и во Кочани, по две во Битола, во Кавадарци и во Струмица и по едно лице во Велес, во Радовиш, во Македонски Брод, во Валандово и во Кратово

Read More

Мандатарот за состав на новата Влада, претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното експозе пред пратениците ги претстави економските политики за следните 4 години. Една од клучните работи, според Заев, во наредните четири години ќе биде намалување на последиците врз економијата од коронакризата, зголемување на платите, но и отворање на нови работни места. „Стапката на невработеност за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по завршување на кризата ќе продолжиме да ја намалуваме за 3 отсто годишно, како што тоа го правевме во изминатите три години. Конечна цел е едноцифрена стапка на невработеност до крајот на овој мандат. Домашните…

Read More

Момир Маричиќ, обвинител во Вишото Јавно обвинителство во Скопје и татко на кандидатот за министер за правда, доставил барање за пензионирање веднаш по објавување на името на неговиот син за кандидат за министер. Исто така, сопругата на Бојан Маричиќ нема да биде повеќе шеф на кабинет на министерот за правда и во наредниот период преку мобилност во службата ќе биде префрлена во друга институција.

Read More

Белоруската опозиција е подготвена да ја прифати Русија како посредник, доколку пропаднат напорите за решавање на политичката криза во земјата без меѓународна помош, изјави поранешната кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја за „Еуроњуз“. „Ако ни треба странско посредување во преговорите, дефинитивно ќе ја гледаме Русија како еден од учесниците во процесот. Русија е земја со која имаме пријателски и блиски односи“, рече Тихановскаја. Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко освои 80,10 проценти од гласовите, додека Светлана Тихановскаја, која се смета за негов главен ривал, доби 10,12 проценти од гласовите.…

Read More

За избор на владата е потребно просто мнозинство, односно 61 глас, а коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ плус ДУИ и ДПА има мнозинство од 62 пратеника во Собранието. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека ќе учествува во дебатата за избор на нова Влада и како што изјави партискиот портпарол Димче Арсовски ќе гласа „против“

Read More

Даниела Антоновска, експертка по родова рамноправност, магистер по родови студии со 18-годишно работно искуство во оваа областа во домашни и меѓународни невладини организации, во интервју за МИА говори за застапеноста на жените во политичките процеси

Read More

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути, информираат од Автомото Сојуз на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Според најавата, од градежното претпријатие „Илинден“ од Струга, задутре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, меѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин во…

Read More

Полициски службеници, пожарникари и граѓани синоќа започнаа потрага по две лица кои исчезнале во водите на Вардар кај Гостивар. Според неофицијални информации, нешто пред полноќ, помлада жена била забележана во водите на Вардар кај кланицата. Очевидци тврдат дека еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и бил повлечен од брзаците на реката. Набрзо потоа, настанот бил пријавен во полиција, по што биле ангажирани екипи на првата помош, полиција и пожарникари. Околу 1:30 часот новинарот на МИА беше на мостот во селото Форино каде вознемирените жители го очекуваа исходот од потрагата. Полициски службеници со батериски ламби…

Read More