Author: Нова ТВ
Ураганот „Лора“ предизвика големи штети во американската сојузна држава Луизијана, при што загинаа неколку лица. Иако најлошите стравувања не се остварија, надлежните продолжуваат да предупредуваат
Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 2.018 тестирања со позитивни резултати кај 45 лица во Скопје, 26 во Куманово, 12 во Прилеп, 10 во Штип, Дебар-9, седум во Кавадарци, по шест во Гостивар и во Крива Паланка, пет во Тетово, по четири во Струга, во Велес и во Струмица, по три во Гевгелија, во Пехчево и во Делчево, по две во Битола, во Охрид, во Кочани и во Пробиштип и по едно лице во Берово, во Кратово, во Свети Николе и во Кичево
Донесување на стратегија за јавна дипломатија, формирање на мрежа на наши успешни државјани во странство, таргетирана промоција на економски, на културни и на туристички потенцијали на земјава, итн.., се дел од политиките во програмата на новата влада, во делот на меѓународната и на регионалната соработка. Новата влада ќе покрене иницијатива за формирање на регионален Центар за дијалог „Преспа форум“, како што е наведено во програмата за работа што мандатарот Зоран Заев ја достави во парламентот. „Преспа како географски регион обединува три држави, три нации, различни етнички групи, јазици, традиции, култури. Нејзиното богатство од различности ги обединуваат исклучителните природни богатства и…
Доколку ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето право на потпретседател во Собранието, тоа ќе го стори и СДСМ, порача мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев кој денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите во Македонска Каменица што е воедно и Ден на градот. „Ако се откаже ВМРО- ДПМНЕ, ќе се откаже и СДСМ од своето место со што ќе се отвори простор за помалите партии“, рече тој. Овој пат, истакна Заев, се утврди бројката на потпретседатели и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат да имат по еден потпретседател, што значи дека тогаш би останале трите места и за помалите политички…
Јапонскиот премиер, Шинзо Абе одлучил да поднесе оставка од здравствени причини. Лани во ноември тој стана премиер на Јапонија со најдолг мандат во историјата, но летово неговата популарност значително се намали поради управувањето со епидемијата на Ковид-19 и серијата скандали, пред сè апсењето на поранешниот министер за правда. Светските агенции, цитирајќи извор близок на семејството на јапонскиот премиер, јавуваат дека Абе решил да поднесе оставка поради неговата влошена здравствена состојба. Шинзо Абе за прв пат ја презеде функцијата премиер во 2006 година како најмлад премиер во повоената историја во Јапонија, но само една година по стапувањето на должност, под притисок…
Развојна банка на Северна Македонија денеска повлече уште пет милиони евра за евтини кредити за домашните компании. Заклучно со оваа транша, досега се повлечени вкупно 30,6 милиони евра од вкупно 50,9 милиони евра предвидени како евтини кредити за домашните компании. Шестата транша од кредитната линија на ЕИБ (фаза 5) што ја користи Развојна банка, е одобрена за нови осум проекти на домашни компании. Со ова, досега на вкупно на 113 домашни компании, преку шест комерцијални банки, се овозможи да користат евтини кредити со каматна стапка до 1,6 отсто. Овие 113 домашни компании ќе поддржат вработувања на вкупно 222 лица. Најголем…
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне 34 степени. Во наредниот период продолжува сончевото и топло време со раст на дневните температури. Особено топло ќе биде во недела и во понеделник, кога во најголем дел од земјава температурата ќе надмине 35 степени.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието бидејќи тоа е непотребен трошок што ќе го плаќаат граѓаните. -Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави, рече Јанушев за вестите на ТВ Сител. На прашањето, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата во која ќе се дискутира за новиот состав на владата, Јанушев изјави дека ќе се спротивстават на лошите политики кои ги спроведува СДСМ и Заев, додавајќи дека кадрите кои што се понудени се стари и истрошени кадри. -Ќе се спротивставиме на…
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска побараа воведување санкции за Белорусија, со цел да се изврши притисок врз претседателот Александар Лукашенко за одржување нови избори, откако опозицијата во таа земја побара помош од германската канцеларка Ангела Меркел. Министрите на ЕУ размислуваат да воведат забрана за патување и замрзнување на имотот за 20 лица, што тие сметаат дека се одговорни за пресметката со демонстрантите, две недели по изборите во Белорусија, за кои опозицијата тврди дека се фалсификувани. „Најавата за санкции не доведе до никаква промена во однесувањето во Белорусија“, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, пред новинарите, осврнувајќи…
Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 1.529 тестирања со позитивни резултати кај 39 лица од Скопје, 10 од Куманово, осум од Прилеп, по четири од Штип и од Охрид, по три од Кавадарци, од Струга и од Берово, по две од Гостивар, од Делчево и од Кичево и по едно лице од Дебар, од Тетово, од Битола, од Струмица, од Крива Паланка, од Кочани, од Македонски Брод, од Пехчево и од Валандово
Преодната Влада во заминување во овој, речиси, деветмесечен мандат успешно одговори на предизивиците со кои беше соочена и отвори пат за новата влада, изјави техничкиот премиер на денешната прес-конференција
Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше и се обрати на Вебинар на тема „Геополитичките проблеми на Западен Балкан среде корона-криза, Евроатлантска перспектива“ организиран од Алумни асоцијацијата Маршал Центар на Република Северна Македонија, во партнерство со Маршал Центарот од Гармиш и Секторот за јавна дипломатија на НАТО. Пендаровски, како што е наведено во соопштението од неговиот Кабинет, истакнал дека пандемијата од Ковид-19 фундаментално го промени целиот свет и предизвика огромен негативен ефект. Го посочил и притисокот врз нашиот здравствен систем, за кој додал „дека беше исто така огромен, но за среќа ние не допревме до горните граници на неговите капацитети и успеавме…