Author: Нова ТВ
Во последните 24 часа во Франција се регистрирани нови 4.771 случаи на коронавирус, соопшти Генералниот директор за здравство, јави дописникот на МИА. Вчера беа откриени 3.776 случаи, односно за една недела беа идентификувани вкупно 18.638 случаи. Стапката на позитивни лица на тестовите е сè уште висока, достигнувајќи 3,3 отсто. Изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 12 лица со кои вкупниот број на жртви од болеста во земјата достигна 30.480. Според последниот извештај, 410 кластери или извори на зараза сè уште се активни на територијата на Франција, меѓу кои 35 се откриени во последните 24 часа. Жаришта на заразата најчесто се…
Авион за итни медицински потреби полета од Германија за Русија за транспорт на лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, кој од вчера е хоспитализиран и се наоѓа на интензивно лекување, откако претрпе претпоставено труење. Спасувачкиот авион бил испратен од Нирнберг во 3.11 часот, јави германскиот дневен весник „Билд“. Руските лекари проценуваат дека состојбата на рускиот блогер и лидер на опозицијата Алексеј Навални во моментот е стабилна, но тешка, соопшти синоќа Министерството за здравство од регионот Омск, додавајќи дека специјалисти од Москва денеска ќе отпатуваат во Омск на продолжена консултација. „Лекарите ја оценуваат неговата состојба во моментот како стабилна, но тешка“, се…
Европската унија (ЕУ) негира дека изградбата на жичана ограда на границата меѓу Србија и Северна Македонија е дел од некој договор со Белград. Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Ана Писонеро изјави дека Брисел дава значителна финансиска и техничка помош на партнерите од Западен Балкан кога станува збор за управување со миграциите, а за таа цел во 2015 година издвои повеќе од 100 милиони евра за Србија. „Сепак, тоа финансирање не вклучува изградба на огради, кои, како што беше погрешно објавено, не се дел од ниеден договор со ЕУ“, истакна Писонро. Радио Слободна Европа (РСЕ) пред неколку дена објави дека Србија…
За денеска напладне е закажано продлжението на собраниската конститутивна седница, на која досегашниот прв човек на Собранието, Талат Џафери, треба повторно да биде избран за претседател на законодавниот дом. Предлогот за избор на Џафери е поднесен во Собранието со потписи од сите 62 пратеника парламентарното мнзисинство што го сочинуваат СДСМ и Коалицијата „Можеме“ со Беса, ДУИ и ДПА. Петседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници. По изборот, претседателот на Парламентот во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев. Рокот…
Министерот за здравство Венко Филипче, при денешната посета на реновираниот дел во лабораторијата при Институтот за јавно здравје и се заблагодари на амбасадорката на САД Кејт Брнз за нејзиното, како што рече, несебично залагање да помогне уште од почетокот на пандемијата во зајакнување на нашиот здравствен систем. Филипче потенцира дека САД остануваат главниот стратешки партнер на нашата држава, како и во другите области, така и во здравството. – Благодарение на Амбасадата на САД ќе имаме кабинет со биосејфти ниво 3 во делот на микробиологијата. Тоа ќе биде уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга која се дава и во технологијата…
Во последните 24 часа, според МЗ, се направени 1.653 тестирања кои покажаа позитивни резултати кај 55 лица во Скопје, 12 во Куманово, девет во Прилеп, шест во Тетово, пет во Штип, по четири во Кавадарци и во Кичево, по три во Виница и во Охрид, по две во Велес, во Гостивар, во Крива Паланка и во Делчево и по едно лице во Дебар, во Струга, во Битола, во Струмица, во Кочани, во Пробиштип, во Берово, во Кратово и во Свети Николе
Полицијата трага по советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат откако судот денеска им одреди притвор од 8 дена за кривично дело насилство. Кривична пријава против браќата Усеини беше поднесена вчера за инцидентот што се случил пред хотел во Охрид, кога го нападнаа Спиро Топаловски. Топаловски обвини дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини заедно со уште неколку лица го нападнал и претепал пред хотел во близина на градот. Според Топаловски, Усени го повикал да дојде на средба а потоа извадил пиштол пред очите на неговиот малолетен син. Тогаш и бил нападнат од братот на Усеини и уште…
Создадовме влада која ќе служи на граѓаните и ќе ги следи нивните потреби, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил. „Новата влада ќе има седум министри помалку, за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните и државата“, нагласи Заев во постот на социјалната платформа и повика на „двојно поголем ангажман на секој од нас за целиот народ да добие многу повеќе. Ќе работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите“.
Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз од новата влада очекува да продолжи соработката во однос на евроатлантскиот пат на земјата, како и справување со пандемијата од Ковид-19 која претставува глобален предизвик. „Партнерството меѓу САД и Северна Македонија е исклучително важно и исклучително силно и ние се радуваме на соработката со следната влада што треба да се формира. Да продолжиме со важната агенда која ја имаме за евроатлантска интеграција и силна соработка меѓу двете земји, како и во борбата против пандемијата која претставува глобален предизвик“, изјави Брнз во однос на очекувањата од новата влада што треба да се формира, согласно постигнатиот договор…
Изборот на претседател на Собранието се очекува да се одржи утре, велат за Телма избори од СДСМ, иако лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа на состанокот на Централниот совет на партијата седницата ја најави за денеска. На функцијата треба да биде реизбран претседавачот и претседател на минатиот собраниски состав Талат Џафери, кој треба официјално да го закаже продолжението на конститутивната седница.
По повод Денот на Армијата и членството на Република Северна Македонија во НАТО, министерката за одбрана Радмила Шекеринска додели плакети и писма со благодарност до словенечкиот политичар Јелко Кацин кој ја вршеше функцијата постојан претставник на Словенија во НАТО, и до Блерим Кољали и Валентин Диневски поранешен и сегашен советник во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје. Шекеринска утрово низ видео разговор со Кацин му ја изрази благодарноста за поддршката. -Северна Македонија и Словенија поминаа долг пат заедно благодарение на Вашето залагање и желба да ја видите нашата земја членка на НАТО. Сега кога оваа наша заедничка цел е исполнета…
Револт во партиските структури на ДУИ од скопските ограноци по кандидатурите за министри на Артан Груби и Бујар Османи, објавија дел од албанските медиуми. Поради тоа, скопските ограноци на ДУИ, Сарај и Чаир не учествуваа на синоќешниот состанокот на Централниот совет. Груби е предложен за прв вицепремиер, додека Бујар Османи оди во Министерството за надворешни работи, но сепак дел од членовите и партиските функционери негодувале и за тоа што повторно исти луѓе добиваат шанси, дури имало реакција и за Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии, додека неговиот брат Флорин Бесими веќе е избран за пратеник. „Ако Артан Груби…