Author: Нова ТВ

Штедачите во „Еуростандард банка“ кои имаат повеќе од 30.000 евра на сметките, преку писмо до медиумите повикуваат на обединување за да се организираат и бараат помош поради ситуацијата во која се најдоа- не по нивна вина. „За обештетување на своите средства ние ќе мора да се потпреме на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви. Впрочем, функционирањето на истиот тој систем нѐ доведе и до оваа состојба за свои тешко спечалени пари да одлучува некој друг. За да не се губи време додека истите структури- горе наведени, излезат со информации за тоа кој сме тие 780…

Read More

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални (44) е во болница откако наводно бил отруен, пишува „Гардијан“. Неговиот портпарол Кира Јармиш тврди дека е без свест и дека бил отруен од некој што ставил отров во чајот. Јармиш вели дека Навални се разболел во четвртокот на летот од Томск кон Москва. Авионот слетал итно во Омск, а Навални бил пренесен во болница, каде во моментот е на интензивна нега. “Претпоставуваме дека Алексеј (Навални) бил отруен, од  нешто што се мешало во неговиот чај. Тоа беше единственото нешто што пиеше утрово. Лекарите велат дека отровот работел побрзо бидејќи пијалокот бил жежок. Алексеј во…

Read More

Централниот одбор се согласил со предлозите за министри во Владата, потврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според предлогот распоредот на министерските места изгледа вака: Вицепремиер за економија – Фатмир Битиќи Вицепремиер за борба против корупција – Љупчо Николовски Вицепремиер за европски прашања – Никола Димитров Министерство за внатрешни работи – Оливер Спасовски Министерство за правда – Бојан Маричиќ Министерство за одбрана – Радмила Шекеринска Министерство за транспорт и врски – Благој Бочварски Министерство за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска Министерство за култура – Ирена Стефоска Министерство за здравство – Венко Филипче Министерство за образование – Мила Царовска Министерство…

Read More

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по денешната седница на партискиот Централниот Совет на ДУИ ги соопшти имињата на нивните кандидати за министри во новата Владата по договорот со СДСМ за поделба на ресорите. – Ова владеење е владеење на рамноправноста. Утре ќе го избереме претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели, Артан Груби како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими како министер за финансии, Бујар Османи за надворешна работи, Крешник Бектеши во Министерството за економија, Насер Нуредини во животната средина и останува да се договориме со коалиционите партнери за министер во Министертвото за информатичко општество, рече Али Ахмети. На новинарските прашања…

Read More

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Љупчо Николовски попладнево имаа средба со лидерите и претставниците на партиите од коалицијата „Можеме“. Како што соопшти СДСМ, коалициските партнери му дале целосна поддршка на договорот за коалицирање со ДУИ, како и на вредностите и принципите кои произлегуваат од него во насока на брза трансформација на државата. Пред присутните, Заев ги претстави главните приоритети на новата Влада за следниот четиригодишен мандат. Тој рече дека квалитетни, чесни, и одговорни кадри ќе бидат предложени од сите политички субјекти во коалицијата „Можеме“, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи…

Read More

Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 1.902 тестирања со позитивни резултати кај 45 лица во Скопје, 18 во Куманово, 11 во Штип, девет во Гостивар, по четири во Делчево, во Струга и во Велес, по три во Свети Николе и во Прилеп, по две во Тетово, во Струмица и во Виница и едно лице во Дебар

Read More

Автор: Валентин Стојанов, дипломирал право на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и специјализирал Право на Европската унија на Универзитетот во Хамбург. Бил главен експерт во парламентарната комисија за Економска политика, енергетика и туризам. Го потпомага издавањето на списанието „Бугарија-Македонија“ Во Бугарија има три идеолошки и практични теченија по однос на македонското прашање. Првото школо произлегува од блиското минато. Тоа може да биде наречено „московско-белградско“. Со една реченица – целта и е да се создава и одржува непрекината состојба на раздор, конфликт и спротивставување меѓу Софија и Скопје. Идејата е да нема зближување меѓу двете држави, при што истовремено да биде…

Read More

Полицијата поднесе кривични пријави против советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини и против уште едно лице, во врска со вчерашниот инцидент кој се случил пред хотел во Охрид. Според соопштението од СВР Охрид, станува збор за Усеини и неговиот брат Ибраим (48), како осомничени сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. Полицијата по наредба на Јавен обвинител извршила и претрес во домовите на двајцата осомничени и оти се спроведуваат мерки за нивно пронаоѓање и целосно расветлување на случајот. Лицето С.Т. од Охрид вчера во полиција пријавило дека врз него бил извршен физички напад, како…

Read More

Пензиите преку деловните банки ќе почнат да се исплаќаат од 26 август. Середствата на корисниците ќе бидат достапни преку мрежите на банкоматите и за користење во трговската мрежа, а готовинската исплата ќе се врши во четири групи на 26 август, на 27 август, на 28 август и на 1 септември. Овој месец, корисниците на пензии кои ја добиваа пензијата на сопствената адреса преку Пошта, нема да може да го остварат ова право, бидејќи ниту една банка нема склучено договор со „Македонски пошти“ за оваа услуга по стечајот на Еуростандард банка. Пензионерите кои ги примаа пензиите на домашна адреса, треба да…

Read More

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека договорот за владина коалиција меѓу претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети е „договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата“. „Политичарите од транзицијата да продолжат со деградирање на институциите, провлекување на личните интереси и неправдите. Имаме коалиција на криминалот. Замислете, истите оние кои со месеци се во потрага по инвеститорот на дивата градба што расте кај „Мавровка“ среде Скопје сега ќе управуваат со буџетот на сите. Ова е коалиција после која истиот СДСМ ќе го видиме пред следните избори како ни вели нема инвестиции, нема пари затоа…

Read More

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) го поздрави вчерашниот договор за постизборна коалиција меѓу СДСМ и ДУИ со кој лидерот на социјалдемократите Зоран Заев се враќа на позицијата премиер на Северна Македонија. „Ова е одличен момент за Северна Македонија. Под постојаното раководство на Зоран Заев, земјата сега може да продолжи по својот демократски, европски пат. Го поздравуваме постигнатиот договор и се надеваме дека ќе биде брзо спроведен, така што новата влада предводена од Зоран Заев може да биде одобрена од парламентот и ќе може да почене со работа“, вели претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев. СДСМ и Зоран Заев, додава тој, беа…

Read More

Претседателите на земјите членки на т.н. „Вишеградска група“ денеска ја повикаа Белорусија да отвори пат за нови избори и да избегне насилство врз демонстрантите. „Ги повикуваме властите на Република Белорусија да отворат пат за политичко решение и да се придржуваат кон основните човекови права и слободи, истовремено воздржувајќи се од употреба на насилство врз мирните демонстранти“, се наведува во заедничката изјава на т.н. „Вишеградската група“ што ја сочинуваат Унгарија, Полска, Словачка и Чешка. Масовните протести на опозицијата во Белорусија почнаа на 9 август, на денот на претседателските избори, на кои победи актуелниот претседател Александар Лукашенко. Опозицијата не ги признава резултатите…

Read More