Author: Нова ТВ

Независната угостителска комора (НУК) достави Иницијатива до Народната банка за промена на законските акти и прописи со што ќе им се дозволи на комерцијалните банки да извршат делумно отпишување на обврските за угостителската индустрија, намалување на каматите на кредитите и репрограмирање на сите доспеани обврски (кредити, рати и камати) заклучно со 30 април 2021 година, заедно со обврските кои ќе настанат во периодот до 30 април 2022 година. Според НУК, банките во моментов поради постојната законска регулатива не се во можност самостојно да излезат во пресрет на потребите на угостителската индустрија и да направат дополнителни одлагања на обврските односно репрограмирање…

Read More

Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Руанда, Русија и Сингапур од денеска се на грчката листа земји за чии државјани се укинува задолжителниот карантин по пристигнувањето во Грција, под услов да имаат негативен ПЦР тест или сертификат за вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина. Според новите авионски упатства од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, новите седум земји се додаваат на веќе постоечката листа од минатата седмица на која се и државјаните на земјите членки на ЕУ, на Шенген зоната, како и државјаните на Велика Британија, САД, Обединетите Арапски Емирати, Србија и Израел. Во истата одлука е и она…

Read More

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, прогласи победа на опозицијата на парламентарните избори во Албанија, само два часа по завршувањето на процесот на гласање. „Победата е јасна! Им благодарам на сите граѓани кои гласаа за победата”, нагласи Баша. Тој рече дека е убеден дека граѓаните масовно гласале за „Алијансата за промена“ и дека „на крајот, Албанија ќе победи“. „Верувам дека комесарите ќе го завршат процесот на броење (гласови) со трпеливост, врз основа на законот“, нагласи Баша. Наспроти неговата убеденост во победа, Еди Рама, кој синоќа кажа дка нема да ги коментира резултати до нивното официјално објавување, денешниот ден…

Read More

Листа на која се напишани правилата на однесување за време на протестот, кој се одржа вчера во Скопје, а на кој се бараше ослободување на осудените за нападот во Собранието, два дена наназад се споделуваше на социјалните мрежи. Истата беше потпишана од Македонското патриотско здружение Величко Велјанов – Чичето, односно од претседателот на здружението Лука А. Александров, кој на социјалните мрежи се претставува и како Лука Кралот Лав. Во поканата за присуство, каде беше потенцирано дека протестот ќе биде мирен, наведен беше и правилникот на однесување: -Значи, без инциденти -Без провокатори -Без бина -Без лажни лидери и месии -Без партиско…

Read More

Меѓународната федерација на филмски архиви ФИАФ (International Federation of Film Archives – FIAF) на еден од онлајн настаните кои ги заменија активностите на планираниот годинешен конгрес му оддаде почит на неодамна починатиот Борис Ноневски, поранешен директор на Кинотеката на Македонија. Борис Ноневски (1948-2021) беше  долгогодишен директор во неколку мандати и за време на неговото раководење Кинотеката ја збогати научно-истражувачката и издавачката дејност преку организирање симпозиуми со интернационален карактер. Годинешниот конгрес на ФИАФ, 77 по ред, требаше да биде одржан месецов во Дака, Бангладеш, со што би се прославил и „златниот јубилеј“, 50-годишнината од постоењето на националниот филмски архив на оваа земја. Со…

Read More

Вонредни паралемнтарни избори во јули се најверојатно сценарио за излез од блокадата на 45-от бугарски парламент каде очигледно е дека не може да се состави нова влада, објави 24 Часа по изјави од пратеници од шесте парламентарни партии. За датумот партиите ги разгледуваат – 11, 18 или 25 јули. За 11 или 18 јули претендираат од ГЕРБ, наведува 24 Часа. За тие датуми се и од ДПС. Од БСП поваеројатно е 1 август. Очекувањата за нови избори се засилија од петокот кога на барање на „Има таков народ“ беше крајниот рок за доставување предлози за второ читање на измените и…

Read More

Во Германија минатата година поради пандемијата на Ковид-19 повеќе од еден милион вработени останаа без работа и покрај милијарди евра за таканаречена намалена работа, се вели во одговорот на федералната Влада на барањето на Левица. Според Сојузната агенција за вработување, на која се темели одговорот на Владата, повеќето од погодените биле луѓе кои имале т.н мини-работни места. Околу 526.000 такви вработени останаа без работа, плус други 477.000 вработени кои подлежат на законот за придонеси за социјално осигурување. Податоците за пазарот на трудот од март до септември 2020 година беа споредувани со податоците за истиот период од претходната 2019 година. За…

Read More

Велики Петок пред Велигден (30 април), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Неработен ден, пак, за сите граѓани на Република Северна Македонија е понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден

Read More

Франсис Мекдорманд го освои својот трет Оскар на синоќешната церемонија во Лос Анџелес на доделување Оскари, за улогата во филмот „Земја на номадите“ (Nomadland), со што ја потврди својата репутација како една од најдобрите актерки од нејзината генерација. Со тоа им се придружи на Мерил Стрип, Даниела Деј Луис и Џек Николсон, единствените активни актери кои освоиле три Оскари. Пред нив е само покојната Кетрин Хепберн со четири Оскари. Британскиот актер Ентони Хопкинс синоќа го освои својот втор Оскар на церемонијата во Лос Анџелес, за улогата во филмот „Татко“.  Тоа е негов втор Оскар по скоро 30 години и четири…

Read More

Нашиот случај претставува тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, вели заменик претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров во разговор за грчкиот весник „То Вима“ и објаснува дека нашата земја статусот кандидат го доби во 2005 година, а пред 12 години го имавме првиот позитивен извештај за почеток на пристапни преговори, додека Хрватска стана членка, иако ние пред нив ја потпишавме Спогодбата за стабилизација и асоцијација, јави дописничката на МИА од Атина. -Многумина ќе се запрашаат дали ЕУ е сериозна. Треба, на ова да се додаде и неодамнешното пуштање на контроверзниот нон пејпер…

Read More

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ќе ги посетат припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“. Како што соопштија од Министерството за одбрана, во рамки на посетата, министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз ќе дадат изјави за медиумите. Вежбата „Одлучен удар – 21“ ќе се реализира во периодот од 17 мај до 2 јуни на АП „Криволак“ и на неа предвидено е да учествуваат околу 2.000…

Read More

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 истекуваат утре, а се очекува денеска Комисијата за заразни болести да ја анализира епидемиолошката состојба по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници. Во случај на потврдување на трендот на опаѓањe на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица, како што беше најавено минатата недела, Кризниот штаб ќе разгледа опција за отворање на угостителските објекти за посетители во отворениот дел од објектот, односно на летни тераси, градини. Во период…

Read More