Author: Нова ТВ

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија регистрирало 511 прекршоци за неносење лична заштита на лице. Од МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Read More

Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати. Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит на патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници

Read More

Комисијата за заразни болести смета дека наставата треба да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто е неопходно физичко присуство на децата, информира министерот за здравство  Венко Филипче. Тој соопшти дека на состанокот на Комисијата за заразни болести биле разгледани протоколите за работа на училиштата, а за утре е закажан состанок на кој ќе присуствуваат претставници на Министерството за труд и социјална политика и ќе бидат разгледани протоколите за работа на градинките. „Став на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто е неопходно физичко присуство…

Read More

Министерството за здравство собира информации од финските власти за тоа кои се 24 патници позитивни на вирусот, дали станува збор за неколку семејства или се поединечни случаи, каков тип на тестови им биле направени, а Институтот за јавно здравје веќе работи на проверка дали на некои од патниците им била издадена мерка самоизолација во нашата земја. По добивање на информациите за позитивните веднаш ќе се пристапи кон утврдување на контактите кои тие лица со позитивни тестови евентуално ги имале во нашата земја, тврди министерот за здравство Венко Филипче. „Ниту еден од патниците којшто бил тука во нашата земја со престој…

Read More

Во изминатото деноноќие се направени 1.885 тестирања со позитивни резултати кај 39 лица во Скопје, 23 во Штип, 18 во Кичево, 13 во Гостивар, 10 во Куманово, осум во Тетово, шест во Струга, по три во Битола, во Кочани, во Демир Хисар, во Македонски Брод и во Виница, по две во Охрид и во Крива Паланка и по едно лице во Прилеп, во Пробиштип, во Берово, во Кратово и во Свети Николе

Read More

Околу 2.000 родители кои досега се потпишале на онлајн петиција, бараат учебната година од 1 септември да се одвива со далечинско учење, што особено се однесува на учениците од прво до петто одделение. Иницијаторите веќе упатиле и официјално барање до институциите за онлајн настава од 1 септември. Во петицијата се бара да се донесе одлука за далечинко учење за сите ученици, а посебно да бидат опфатени децата од прво до петто одделение, имајќи ја предвид возраста и неможноста за самостојно почитување на здравствените протоколи. „Единствено со онлајн настава ќе се заштитат децата, наставниците, родителите и нивните блиски, вработените, ризичните групи…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ја регистрирала првата вакцина против коронавирусот. „Утрово за првпат во светот е регистрирана вакцина против коронавирусот“, рече Путин на средбата со членовите на Владата. Рускиот претседател изрази надеж дека со време ќе се појават повеќе вакцини против Ковид-19.

Read More

Во анализата на италијанската новинска агенција се потенцира дека бројките на откриени мигранти се далеку помали во споредба со оние забележани во 2015 година, но оти сепак мигрантскиот прилив од Турција и Грција преку Балканот кон Западна Европа не престанува и покрај фактот што земјите долж т.н. балканската рута официјално ги „запечатија“ своите граници

Read More

Од сè уште непознати причини Т.К. (44), кој управувал со автомобилот „шкода“ со скопски сообраќајни ознаки, загубил контрола врз возилото, скршнал од коловозот и удрил во карпа покрај патот, јави телевизијата „Ора Њуз“

Read More

Најмалку 32.000 луѓе во Босна и Херцеговина се отпуштени од работа од почетокот на епидемијата на коронавирус, а работодавците најавуваат дека слична судбина ги чека уште десетици илјади повеќе кои сè уште имаат работа, пренесува дневник.ба. Според збирните податоци на Агенцијата за статистика на БиХ, повеќе од 23.000 работници биле отпуштени во Федерацијата БиХ од средината на март до 20 јули, додека над 9.000 лица ги загубиле своите работни места во Република Српска. Сепак, овие податоци се показател само за дел од проблемот, затоа што работодавците во БиХ не регистрираат голем број работници, ниту пак им плаќаат придонеси, а се…

Read More