Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ја регистрирала првата вакцина против коронавирусот.

„Утрово за првпат во светот е регистрирана вакцина против коронавирусот“, рече Путин на средбата со членовите на Владата.

Рускиот претседател изрази надеж дека со време ќе се појават повеќе вакцини против Ковид-19.