Author: Нова ТВ
Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на Фејсбук објави дека се потпишани нормативните акти за амблемите на полициските униформи и на албански јазик. „Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи и на албански јазик. На сообраќајната полиција, на граничната полиција, на хеликоптерската единица за полициски должности, на единицита за специјални должности“, наведува Нухиу. Агим Нухиу го предводи МВР откако му истече мандатот на техничкиот министер Наќе Чулев по објавувањето на официјалните резултати од предвремените парламентарни избори.
Покани се адресирани до Африм Гаши („Алтернатива“, до Билал Касами (Беса), до Зијадин Села (Алијанса на Албанците) и до Мендух Тачи (ДПА). Средбата, како што најавија денеска од ДУИ, е планирана во четврток (12 ч.) во хотел „Парк“ во Скопје
Нестабилното време со сончеви периоди, пороен дожд и грмежи, ќе продолжи до крајот на неделава, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со услови за појава на изолирана нестабилност претежно во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе достигне 36 степени.
Уапсени околу 140 демонстранти од кои 61 во Минск и 79 во останатите градови во Белорусија по масовните протести што почнаа вчера вечер. За судири со полицијата и организација на немири, во Белорусија се предвидуваат затворски казни до 15 години
Кај родителите од една страна доминира ставот дека училницата е незаменлива за образовниот процес, а од друга страна владее стравот дека и вирусот ќе тргне во училиште
Во постот на Апасиев, со кој директно ја навредува другарката Радмила Шекеринска, се гледа омраза кон жените воопшто, а уште појасно се гледа омразата кон жените кои се активни и гласни во политичкото делување, се вели во реакцијата на Форумот на жени на СДСМ. „Тој со ова ја покажа својата „свежина“ што ја внесува на политичката сцена. Ова е она што најмалку му беше потребно на македонското Собрание. Ние му порачуваме дека жени во политика кои се моќни има и ќе нè има уште повеќе. Политичари кои уште неседнати во фотељите покажаа агресија и недостоинство под секое ниво, уште повеќе…
Меѓународните донатори ветија 253 милиони евра на вчерашната донаторска конференција за Либан наменети за итна хуманитарна помош за земјата по катастрофалната експлозија во Бејрут, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го организираше виртуелниот собир. Франција ќе испрати 30 милиони евра, како и Европската комисија. Донаторите ветија дека ќе обезбедат итна помош, пред сè, за болници, училишта, храна и домови. Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, рече дека е подготвен да го стави морскиот простор и аеродромот на земјата на располагање на меѓународната заедница за трансфер на хуманитарна помош или каква било друга помош за соседен Либан. Тој рече дека Кипар ќе…
Белоруската државна телевизија објави дека според анкетата, Лукашенко имал 79,7 проценти од гласовите, а проценките се дека неговиот главен ривал Светлана Тихановскаја, којa привлече огромен број луѓе на митинзите низ целата земја, доби 6,8 проценти од гласовите
Едно лице загина, а најмалку 20 се повредени во денешниот инцидент со пукање за време на собир во Вашингтон, јавуваат американските медиуми. Како што наведува канал „Фокс 5“, жртвата е 17 годишното момче Кристофер Браун, кој починал во болница, додека една полицајка сè уште се бори за живот. Инцидентот се случил на собир на кој учесниците подготвувале храна, кога неколку лица почнале да пукаат од огнено оружје. Полицијата соопшти дека се повредени 21 лице од кои шест завршија во болница. Шефот на полицијата Питер Њушем изјави дека најмалку три лица пукале кон насобраните луѓе. Собирот не бил пријавен, а, според полициски…
Кратката комедија „Налепница“ („Sticker“) на режисерот Георги Унковски освои шест награди на премиерното издание на „Апулија фестивал“ за краткометражен филм во Италија. Македонскиот адут победи во категориите за најдобар филм, за најдобра режија, за сценарио (Георги Унковски), за најдобар актер (Сашко Коцев), за монтажа (Мартин Иванов), како и наградата „Popular Jury Vote“. Филмот на Унковски беше во конкуренција на 12 кратки филма од цел свет. Досега има учествувано на повеќе фестивали, меѓу кои и на престижниот „Санденс“ во САД. Покрај оваа награда, има освоено уште неколку на интернационалната фестивалска сцена. Премиерата на „Налепница“ беше во 2019 година.
Организацијата на работовачи бара што поскоро формирање на Влада и донесување на нов сет антикризни мерки, порача нејзиниот претседател Ангел Димитров кој потенцира дека особено на удар е текстилната индустрија. Бизнисот со шиење на заштина опрема и маски стагнира, а работодавачите алармираат дека на голем број конфекции им се заканува затворање во октомври поради намалената побарувачка од нивните традиционални партнери. Се жалат дека се оставени сами да се справуваат со ситуацијата во која голем дел од работниците се дома или се позитивни на коронавирус или се наоѓаат во изолација. Димитров вели дека мора да се донесе и нов сет на…
Едно лице загина, а 34 се повредени во сообраќајна несреќа во која автобус со полски регистарски таблички излета од автопат во јужна Унгарија. Меѓу повредените, тројца се здобиле со потешки повреди, меѓу кои и петгодишно дете. На местото на несреќата загинал 35 годишен патник, а сите други се пренесени во болница со два хеликоптера и 14 амбулантни возила, рече Пал Ѓорфи, портпарол на службата за итни случаи. Делницата на автопатот М5 е затворена за сообраќај во правец на Будимпешта.