Едно лице загина, а 34 се повредени во сообраќајна несреќа во која автобус со полски регистарски таблички излета од автопат во јужна Унгарија. Меѓу повредените, тројца се здобиле со потешки повреди, меѓу кои и петгодишно дете.

На местото на несреќата загинал 35 годишен патник, а сите други се пренесени во болница со два хеликоптера и 14 амбулантни возила, рече Пал Ѓорфи, портпарол на службата за итни случаи. Делницата на автопатот М5 е затворена за сообраќај во правец на Будимпешта.