Author: Нова ТВ
Апликацијата „Мој ДДВ“ брои над 315.000 корисници. Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги. Не само што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди, туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите, порача министерката за финансии, Нина Ангеловска преку нејзиниот Фејсбук профил. Таа упатува на дел од пораките во „МојДДВ #МојаНаграда“ – „со неиздавање на сметка вашите 5 или 18 отсто, продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите. И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и…
Во изминатото деноноќие се направени 1.828 тестирања со позитивни резултати кај 65 лица во Скопје, 21 во Штип, по 14 во Куманово и во Гостивар, по 12 во Велес и во Тетово, по седум во Битола и во Кавадарци, по шест во Кичево и во Дебар, по пет во Струга и во Кочани, по четири во Охрид, во Радовиш и во Македонски Брод, по три во Прилеп, во Пробиштип и во Свети Николе, две во Демир Хисар и по едно лице во Струмица, во Крива Паланка и во Неготино
Ова се дел од барањата што неформалното здружение на граѓани ги испорача на денешниот протестен марш од Министерството за правда до комплексот судови
Светлана Тихановскаја стана симбол на опозицијата во Белорусија. Таа на претседателските избори го предизвикува Александер Лукашенко. Политичката трка има повеќе изненадувања
Со панихида и положување на цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје претпладнево се оддаде почит кон 10. загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година. Почит оддадоа делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Mинистерството за одбрана, Драган Николиќ, претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, на Собранието, на општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и поголем број здруженија на бранителите, како и граѓански организации. „Денеска одбележуваме 19 години…
На ниво на Европската Унија (ЕУ) во просек има пет болнички кревети на 1.000 жители. Со најмногу кревети располагаат Германија и во Бугарија (повеќе од седум), а најмалку во Шведска и во Данска (под 2,5) на 1.000 жители. Македонија е некаде во средина во оваа статистичка категорија со 4,2 болнички кревети на 1.000 жители. Од земјите во регионот, Србија има просек од 5,6 болнички кревети на 1.000 жители, Црна Гора – 3,9 и Албанија – 2,8. Ова се податоци од 2018 година, последната за која има податоци. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во периодот од 2008 година…
Бебе во „водена обвивка“ се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен, раѓање во амнионска обвивка, што се случува еднаш во 80.000 породувања. Како што информираат од Министерството за здравство, бебето родено во „водена обвивка“ дојде на свет со помош на д-р Елена Ѓоргиевска-Николовска, гинеколог, која заедно со својата колешка д-р Катерина Николоска, со царски рез ја породиле трудницата која носела близнаци. „Како гинеколог-акушер со 18 годишно работно искуство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, имав прилика заедно со мојата колешка д-р Николоска да породиме пациентка…
Месец јули го одбележа повторното зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми во контекст на одржување на предвремените парламентарни избори и големиот број случаи со Ковид-19. Исто така, е забележано и енормно зголемување на новозаболени граѓани со коронавирус што предизвика негативен дискурс, кој воедно доби и етнички карактер како резултат на бројот на заболени по општини. Ова се наведува во Извештајот на Хелсиншкиот комитет за месец јули по спроведениот мониторинг на мерките на Владата, особено во контекст на почитување на темелните права во рамки на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права, во кој особено се дава осврт на…
Нови 10 пациенти со Ковид-19 се дијагностицирани во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, потврди за МИА министерот за здравство Венко Филипче. „Тоа се асимптоматски случаи кои се откриени со тестирање и ќе бидат сместени во изолиран дел и за нив ќе се грижи кадар од болницата“, рече Филипче. Директорката на болницата, Салија Љатиф Петрушовска за МИА изјави дека ситуацијата е под контрола, херметички е затворен одделот на третиот кат, а извршена е и вонредна дезинфекција. „Заболените се наоѓаат во добра здравствена состојба и без симптоми. Откриени се преку скрининг, кој го направи болницата. Со…
Речиси 59 проценти од анкетираните директори, 58 проценти од анкетираните наставници во основното и 48 проценти во средното образование, како и 46 проценти од анкетираните родители ја поддржале редовната настава во училница во согласност со протоколите, покажало истражувањето на МОН, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство и во соработка со истражувачкиот тим на Реактор-истражување. Опфатени се мислења на околу 10.000 испитаници (210 директори на училишта, 6.400 наставници и 3.400 родители) прашани преку онлајн-анкета во јуни и јули
Денеска поднесов тужба за клевета против портпаролот на Христијан Мицкоски, Наум Стоилковски, кој е финансиран од партијата да шири лаги во интерес на неговиот шеф. Мицкоски на тој начин посегна по моја лична дискредитација, а тоа ја покажува единствено неговата немоќ да се соочи со конструктивните критики кои му ги упатив по изборниот пораз, порача поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски. „Тој, со ваквото однесување, уште еднаш потврди дека нема никаква почит кон сите досегашни функционери на партијата, мои почитувани сопартијци, како и кон оние кои недвосмислено и со најискрени намери побараа негова оставка од претседателската функција по неуспехот што…
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе едногласна одлука и за зголемување на паричниот надоместок за членовите на општинските изборни комисии за 20 отсто, а здравствените работници што учествуваа во процесот да добијат по 6.000 денари