Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на ХК за јули: Раст на говор на омраза на социјалните мрежи во контекст на изборите

0
By Нова ТВ on August 7, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: pravdiko.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 7, 2020 15:30

Месец јули го одбележа повторното зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми во контекст на одржување на предвремените парламентарни избори и големиот број случаи со Ковид-19. Исто така, е забележано и енормно зголемување на новозаболени граѓани со коронавирус што предизвика негативен дискурс, кој воедно доби и етнички карактер како резултат на бројот на заболени по општини.

Ова се наведува во Извештајот на Хелсиншкиот комитет за месец јули по спроведениот мониторинг на мерките на Владата, особено во контекст на почитување на темелните права во рамки на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права, во кој особено се дава осврт на спроведувањето на мерките и на нивното директно влијание врз граѓаните.

„Слично како и за изминатите месеци и согласно со утврдениот тренд, вниманието треба да се насочи кон справување со социо-економската криза како резултат на пандемијата – заштита на маргинализираните заедници, соодветна имплементација на мерките, соодветен надзор и примена“, се наведува во Извештајот.

На политички план, се посочува, доминираше дискусијата околу одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули во време на светска пандемија и под мерки на заштита на граѓаните. Политичките партии направија напредок со презентирање на нивните политички платформи преку социјалните медиуми, но, сепак, не изостанаа и традиционалните митинзи. Покрај препораките за заштита, преку нашиот мониторинг на социјалните медиуми беше забележано непочитување на мерките од страна на дел од присутните, како и непреземање на соодветни мерки од страна на надлежните институции, оценуваат од Хелсиншки комитет.

Воедно, укажуваат и на прелиминарните наоди на ОБСЕ/ОДИХР преку нивната набљудувачка мисија кои нотираа дека „предвремените парламентарни избори на 15 јули генерално беа спроведени ефективно и покрај приспособувањата како одговор на пандемијата со Ковид-19, но правната стабилност беше нарушена со суштински ревизии на Изборниот законик и последователна ад-хок регулатива донесена за време на вонредната состојба“.

„Кампањата, иако со негативен тон, беше вистински конкуретна и учесниците беа во можност да ги пренесат своите пораки и покрај ограничувањата на вообичаената комуникација. На медиумското известување за изборите му недостасуваше критички осврт на платформите, а одредбите во врска со платеното политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми партии. Денот на изборите се одвиваше непречено и покрај техничките предизвици во објавувањето на резултатите и забелешките во врска со регистрацијата на гласачи“, стоеше во прелиминарната оценка.

Од Хелсиншки комитет во Извештајот наведуваат и дека во сенка на изборите беше утврдувањето на Преговарачката рамка помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија која беше презентирана за време на германското претседавање со Унијата на 1 јули 2020 година.

„Преговарачката рамка е резултат на новата методологија за пристапни преговори која беше усвоена во март оваа година. Во поглед на содржината, особено внимание ќе биде посветено на политичката посветеност на процесот, особено во спроведувањето на првиот кластер поглавја кои се однесуваат на демократијата и на владеењето на правото, особено усогласувањето со политиките од Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права“, се наведува во Извештајот.

Во документот се содржани и теми во врска со работничките права, дискриминацијата, за текстилните работнички, за родовата еднаквост и говорот на омраза.

говор на омраза Избори 2020 Јули Ковид-19 митинзи Платформи политички партии социјални мрежи Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.