Author: Нова ТВ
Управата за спречување на перење пари при Министерството за финансии на српската Влада направи список со 20 медиумски работници и 37 невладини организации и граѓански здруженија, со кој бара од банките да извршат увид во сите нивни трансакции во претходната година. Во барањето се наведува дека се бараат податоци со цел да се утврди дали организациите и поединците на списокот имаат било каква врска со финансирање на тероризам или перење пари. Како што јави дописникот на МИА од Белград, на списокот се наоѓаат двете новински здруженија НУНС и УНС, ЦРТА, БИРН, КРИК, Европското движење на Србија, Хелсиншкиот одбор за човекови…
Италијанската Влада планира да ја продолжи вонредната состојба во државата, што ќе овозможи да владее со уредби без потреба од парламентарно одобрување, и покрај силното спротивставување на опозициските партии. – Владата ќе донесе одлука за продолжување на вонредната состојба до 31 октомври, само по одобрување од Парламентот, изјави денеска министерот за здравство Роберто Сперанза, пренесува „Политико“, повикувајќи се на италијанските медиуми. Премиерот Џузепе Конте ќе ги информира сенаторите за намерите на Владата попладнево, а утре – Парламентот. Владата кон крајот на јануари прогласи вонредна состојба за да им овозможи на министрите да се справат со кризата со коронавирусот. Таа одлука…
Апелацискиот суд Скопје го отфрли барањето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, за изземање на Велешкиот суд и префрлување на предметот во Скопје. На денешното рочиште беа сослушани четворица сведоци, службеници од Основниот Кривичен суд Скопје. Една од службеничките сведочеше дека во 2016 година два предмети со звучни имиња од СЈО ги однела кај претседателот на судот Панчевски, а тој ги распределил кај судијките Татјана Михајлова и Лидија Петровска. На прашање на Панчевски до сведокот дали тој имал влијание врз распределбата на други предмети освен оние два од СЈО, за кои имало одлука, сведокот изјави дека не…
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), денеска преку соопштение информира дека во изминатите неколку недели внимателно ја следеше работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во делот на постапување против радиодифузерите за евентуални прекршувања на правилата предвидени во Изборниот законик. На барање, пак на дел од медиумите против кои беа поведени постапки за прекршување на изборен молк, наведуваат, имале присутен адвокат кој ја следел судската постапка, во која Судот пресудил во прв степен во корист на медиумот. Со цел поблиску запознавање со состојбата, ЗНМ беше во контакт со менаџментот и новинарите на ТВ Телма која беше еден…
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за контрибуција на Република Северна Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за справување со пандемијата Ковид-19. При тоа, како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за финансии, согласно можностите, да издвои финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, за учество во Доверителниот фонд на НАТО, како израз на посветеноста на Владата на Северна Македонија да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата Ковид-19.
Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за јули 2020 година, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 3 август, со што од 4 август деловните банки ќе обезбедат достапност на средствата од јунските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи. За корисниците кои не користат картички, како што информира владината прес-служба исплатата ќе се спроведе во три групи во сите отворени филијали и експозитури…
Во продавниците за малопродажба, во продавниците за храна, како што се фурни и месарници, во јавните служби што работат со странки, како и во фризерските и козметичките салони, Грција од утре воведува задолжително носење маска, како за граѓаните, така и за вработените, а за прекршување на мерката предвидена е казна од 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на денешната прес-конференција, соопштувајќи ја одлуката порача дека граѓаните ќе треба да научат да живеат со маска. Додаде дека освен новата мерка, продолжуваат да важат правилата за користење маска во супермаркети, јавен превоз,…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал по допрен глас денеска влезе во Државната изборна комисија (ДИК) за да утврди дали има кривично дело при спроведување на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција, потврдија за МИА од Обвинителство. Оттаму не потенцираа дали обвинителите сè уште се присутни во ДИК, но посочија само дека при овој претрес е одземена тендерската документација за да се утврди дали се почитувани законските постапки. За разлика од другите изборни циклуси, на предвремените парламентарни избори на 15 јули, ДИК не беше во можност електронски да ги соопшти резултатите од изборните единици. Причината, како што информираа…
Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2020 година од областа на ликовната критика. Комисијата во состав Елена Вељановска, Ана Франговска и Нада Пешева одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2020 година да се додели на проектот „Тајните места на Скопје“ на Благоја Варошанец, заради развиеноста, обемот на проектот и акутноста на истражувачката проблематика. Проектот се осврнува на ургентната потреба од документирање, мапирање и архивирање на современото модерно уметничко наследство: скулптури, објекти, мурали, мозаици, витражи и сл., поставени во јавен простор на територијата на градот Скопје, создадени во периодот по втората светска војна сѐ до 90-тите…
Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави по повеќе основи против 11 физички лица и против 14 правни лица, кои во периодот од 1 јануари во 2015 година до 10 октомври во 2019 година на незаконски начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од 146.770.172 милиони денари, износ за кој ја оштетиле Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ)
Министерството за култура, преку допис, најостро реагира на вчерашното соопштение на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија што беше дистрибуирано до медиумите од нивната ПР агенција „Навигаторс“. „Со цел објективно информирање на јавноста, потенцираме дека во наведеното соопштение Агенцијата за филм незаконски го користи логото на Министерството за култура – Сектор за управен и инспекциски надзор. Воедно со соопштението, јавноста е донесена во заблуда бидејќи иницира дека содржината на истото е подготвена и проследена во соработка и со согласност на Министерството за култура“, се посочува во соопштението. Воедно, од Министерството за култура, односно Секторот за управен и инспекциски надзор,…
Пет смртни случаи, 102 нови пациенти и 99 оздравени е ковид билансот во земјава за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие се направени 1.356 тестирања со позитивни резултати кај 39 лица во Скопје, 13 во Штип, 11 во Куманово, осум во Гостивар, шест во Битола, четири во Кичево, по три во Прилеп, во Охрид, во Кавадарци и во Свети Николе, по две во Тетово и во Струга и по едно лице во Радовиш, во Кочани, во Демир Хисар, во Македонски Брод и во Виница. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 99 оздравени пациенти и…