Author: Нова ТВ

Под влијание на многу топла воздушна маса од утре до петок времето во земјава ќе биде сончево и многу топло, нагласуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од таму соопштуваат дека максималните температури ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. В петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност. УВ зрачењето ќе достигне 9. Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска до крајот на денот. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал…

Read More

Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) бара неодложно обезбедување на бесплатни тестови за Ковид-19 за скрининг на полициските службеници, идентификување на асимптоматските случаи и мапирање на случаи на лица кои веќе го прележале корона вирусот. „Како Синдикат неодложно бараме Министерството или Владата веднаш да обезбедат бесплатни тестови со кој ќе се врши скрининг и тоа по возраст и хронични болести кои би биле опфатени со испитувања во првиот период, а потоа и за сите други со цел да се види опфатеноста на полициските службеници со овој вирус, идентификување на бројот на асимптоматски случаи кои во голем број се присутни меѓу…

Read More

Скопјани имаат здрава вода за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги спроведе Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. „Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 јули до 24 јули зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18)“, информира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Оттаму потсетуваат дека Секторот за санитарна контрола е прва лабораторија во…

Read More

Полициски службеници вчера во близина на новата крстосница кај градските гробишта во Кавадарци го лишиле од слобода Р.К. (58) додека со трактор „имт“, со велешки регистарски ознаки, превезувал тројца мигранти од Авганистан на возраст од 17 до 23 години. За настанот, како што соопшти МВР, се известени Јавен обвинител и Одделението за прекуграничен криминал, мигранти, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ. Возачот Р.К. бил приведен во полициска станица, додека мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.

Read More

На автопатот Северна обиколница за Скопје, на надвозник за исклучокот за село Кондово, вчера патничко возило „БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И. (57) од Скопје, удрило во пешакот Т.Н. (70) од село Мојанци. По незгодата, како што соопшти МВР, Т.Н. бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Read More

Патната мрежа и хигиената на јавните места добиле најниска оценка од посетителите кои биле анкетирани на граничните премини при влез во Македонија додека највисока оценка дале за однесувањето на луѓето, покажуваат објавените податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС)

Read More

СДСМ најавува формирање на Влада предводена од оваа партија која, како што велат оттаму, ќе работи уште повеќе и уште подобро и го испорача резултатот кој го очекуваат граѓаните. „Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветар во грбот и јасен сигнал за  продолжување на патот кој го трасиравме. Парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда, да бидеме дел од европското семејство“, велат од СДСМ денеска во соопштение. Со победа на СДСМ и коалицијата, потенцираат од партијата, граѓаните недвосмислено потврдиле дека сакаат државата да продолжи напред. „Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност. Граѓаните сакаат…

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие евидентираше 329 лица кои ја прекршиле мерката за носење на заштитна маска. Од МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за спречување на ширењето на Ковид-19.

Read More

Платформата на ДУИ се темели на пет столба – На изборите не се тркаме со повеќе од две листи; Партијата која ќе добие глас повеќе, зборува во име на Албанците во другите општини; Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратегиските линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор; Пратениците на партиите кои не победиле, не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006); Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии. Вечерва во 19 часот, Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе маршираат за демократија

Read More

За македонските државјани, како и за останатите граѓани од земјите на Западен Балкан што се смета за ризичен регион, од полноќ стапија во сила новите мерки за влез во Австрија, меѓу кои и задолжителен негативен ПСР тест не постар од 72 часа. Мерката за спречување на ширењето на Ковид-19 се однесува и за граѓаните на Австрија, на Европската Унија (ЕУ), на Европската економска заедница, на Швајцарија, како и за сите државјани на трети земји кои живеат во Австрија, а се враќаат во земјата од региони со ризик. Според указот на Министерството за здравство, новите мерки значат дека лицата мора да…

Read More

Многу економии за време на пандемијата усвоија верзии за работа со скратено работно време. Како резултат на тоа, работниците остануваат вработени и платени, а владата го компензира недостатокот на плати. Работата на далечина ќе стане почеста и постојат докази дека работењето од дома е исто толку продуктивно како и работењето во канцеларија

Read More

Ураганот Хана синоќа го погоди брегот на Тексас, уривајќи електрични столбови и делови од ѕидот на границата меѓу САД и Мексико. Невремето беше проследено со поројни дождови и силни ветрови во целиот регион. „Хана“ во саботата доцна навечер пристигна до американскиот брег, во близина на островот Падер, како ураган од прва категорија на петстепената скала „Сафир-Симпсон“. Погодени се делови од Тексас, кои веќе се тешко зафатени од епидемијата на новиот коронавирус. Силните ветрови превртеле камиони и откорнале дрвја, а некои куќи останале без покриви на куќите. На некои места наврнале повеќе над 30 литри дожд на квадратен метар, поплавувајќи дел…

Read More