Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Си-Ен-Ен“: Ковид-19 трајно ќе ја промени светската економија

0
By Нова ТВ on July 27, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 27, 2020 09:33

Коронавирусот, најверојатно, ќе остави траен белег врз светската економија, донесувајќи трајни промени, но и важни лекции, проценува „Си-Ен-Ен“. Следењето на вирусот веројатно ќе стане дел од нашите животи, како што се безбедносните мерки по нападите од 11 септември. Важно е, смета телевизијата, да се инвестира во потребната инфраструктура за откривање на идните вирусни епидемии. Оваа инвестиција ќе ја заштити економијата во случај да се покаже дека заштитата од Ковид-19 е привремена.

Многу економии за време на пандемијата усвоија верзии за работа со скратено работно време. Како резултат на тоа, работниците остануваат вработени и платени, а владата го компензира недостатокот на плати. Работата на далечина ќе стане почеста и постојат докази дека работењето од дома е исто толку продуктивно како и работењето во канцеларија.

Кризата предизвикана од пандемијата го забрза темпото на дигитална трансформација со натамошно проширување на е-трговијата и побрзо усвојување на телемедицината, видео конференции, учење преку Интернет, се наведува во текстот на телевиизјата.

Од друга страна, компаниите во меѓународниот синџир за снабдување се соочуваат со тешкотии. Веројатно многу од нив ќе ја сменат локацијата на нивно производство, а овој тренд нема да создаде нови работни места затоа што поголемиот дел од производството ќе биде автоматизирано.

Владите ќе бидат поголеми бидејќи играат улога на осигурител и последен инвеститор за време на кризата. Јавниот долг, како што се наведува, ќе се „надува“, создавајќи финансиски проблеми ширум светот.

Најважната лекција што може да се научи од пандемијата на Ковид-19 е важноста да се работи заедно за решавање на проблемите што влијаат врз целото човештво, се наведува во текстот на „Си-Ен-Ен“, и заклучува дека светот е многу посилен кога е пообединет отколку поделен.

економија Ковид-19 работа Си-Ен-Ен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.