Author: Нова ТВ
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во телефонски разговор му упати честитки на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев за победата на предвремените парламентарни избори и изрази задоволство што во Република Северна Македонија е реизбрано политичкото раководство кое со своите храбри и исправни политики ја внесе земјата во НАТО, како 30-та земја членка, соопшти Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ. Како што се наведува во соопштението, соговорниците се согласиле дека со ова е потврдена определбата на земјава, како членка на НАТО, да го продолжи реформскиот пат кој значи напредок, развој и стабилност. – Особено е…
Ситуацијата во која сега живееме е вонредна, истакна претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, во интервју за ТВ Н1 по повод половина година откако е на власт. – Вонредна состојба не значи само војна, истакна Милановиќ и додаде дека станува збор за природна непогода и дека некои права на граѓаните се ограничени затоашто за тоа има потреба, но оцени и дека тоа не е добро регулирано. Според Милановиќ, ситуацијата во Хрватска во која кризниот штаб одлучува, на пример, за тоа колку луѓе ќе има свадба со што ги надминува своите овластувања, потсетува на сцена од филмот „Вариола вера“. – Во тој…
Во Албанија забележан е нов негативен рекорд на позитивни случаи со Ковид-19 во едно деноноќие, од почетокот на пандемијата, во почетокот на месец март. Според Министерството за здравство и социјална заштита од направен 504 тестови во последното деноноќие регстрирани се 126 новозаразени,што е највиска бројка до сега. И понатаму Тирана останува главното жариште на болеста, каде од новозаразените дури 74 се токму од албанската метропола. Во исто време во списокот на оздравени внесени се 45 а починале четири лица. И понатаму загрижува постојаното зголемување на лицата на кои им е неопходно болничко лекување. Во Инфективната клиника и болницата „ Шефќет…
Во периодот меѓу петок и сабота вечер во Грција се потврдени 62 шумски пожари, соопштија надлежните власти. Во гаснењето на пожарите, кое започна во средата, учествувале 1.115 пожарникари со 426 камиони, 24 планински екипи за спасување и доброволци, со локална поддршка. Пожарите сè уште горат во некои делови од округот Коринт, каде до синоќа интервенираа 402 припадници на противпожарната служба со 82 камиони и 15 планински екипи за спасување. Два пожари во западниот дел на Пелопонез полека се ставаат под контрола, а напорите за нивно гаснење продолжуваат. Во тек е истрага за причините за пожарите.
Според податоците и истражувањата на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ во Скопје, периодот на повторување на силен земјотрес во скопското епицентрално подрачје, е 500 години, што укажува дека при градењето во овој град треба да се имаат предвид техничките карактеристики на тлото, како и неопходноста од проекти со асеизмички дизајн за интензитет од IX степени според Европската макросеизмичка скала ЕМС-1998, потсетува раководителката на оваа Опсерваторија, Драгана Черних по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес. Черних, во текстот „57 години од земјотресот во Скопје – никој не посакува ваква катастрофа“, потсетува дека природата често е непредвидлива и може да предизвика…
По вчерашните пет, денеска во Дебар потврдени се осум новозаразени со Ковид-19, со што вкупниот број се доближува до двесте заразени. -Како што и предупредивме, бројот на заразени со опасниот вирус ќе се зголемува, што е последица на непочитувањето на мерките и протоколите. Упатуваме силен апел до граѓаните и до деловните субјекти строго да ги почитуваат препораките, зашто само така ќе можеме да се справиме со невидливиот непријател, порачуваат од општинскиот Оперативен штаб. Од таму го повторуваат фактот дека и натаму е голем бројот на граѓаните кои со симптоми на опасниот вирус се јавуваат во Општата болница во Дебар. Инаку,…
Од Министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие се направени 1.077 тестирања со позитивни наоди кај 39 лица во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 воШтип, 13 во Струга, девет во Тетови, осум во Дебар, по пет во Битола и во Кавадарци, четири во Струмица, по три во Охрид, во Гевгелија и во Делчево, по две во Демир Хисар, во Кичево и во Македонски Брод и по едно лице во Прилеп, во Радовиш, во Кочани, во Кратово и во Свети Николе
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска на својот фејсбук профил објави дека е негативен на коронавирусот. -Негативен и финално. Излегувам, доста беше. 5:0. Од утре назад во акција, пишува Манчевски. Тој им порача на граѓаните да носат маска и да држат дистанца, особено во туристичките места. -Чувајте се. Носете маска и држете дистанца. Нека не ве лаже летото, особено во туристичките места, напиша Манчевски на својот фејсбук профил.
Пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес во 1963 година, на градските гробишта во Бутел, претпладнево беше оддадена почит и положено цвеќе од делегации на Владата, на Собранието, на Град Скопје, од организациии, од здруженија и од поединци. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека природната катастрофа пред 57 години одзеде 1073 животи и урна над 80 проценти од тогашниот станбен блок на главниот град, но во исто време, рече тој, оваа несреќа покажа големина на хуманоста и човечноста од 87 држави од светот и од тогашните шест социјалистички републики на Југославија. Во многу краток рок тие помогнаа, најпрво со…
Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтерова сеизмичка скала, 9 степени по Меркалиевата скала, во 5:17 часот на 26 јули 1963 година
Ураганот „Хана“ синоќа го погоди брегот на американската сојузна држава Тексас, проследен со силни ветрови и невреме, заканувајќи се и со поплави, па дури и торнада. Првиот ураган сезонава на Атлантикот за нешто повеќе од еден час двапати го погоди копното, како бура од прва категорија, пренесуваат американските медиуми. Ураганот го погоди копното околу 5 часот попладнето, околу 24 километри северно од Порт Менсфилд и 209 километри јужно од Корпус Кристи, проследен со ветрови со брзина од 145 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани. Многу делови од Тексас, вклучувајќи го и подрачјето погодено од невремето, во последните неколку…
Со победата на СДСМ на овие избори граѓаните го одбраа патот по кој државата оди уште од 2016 година. Тоа е патот напред, европски, патот на економијата и правдата. Народот кажа дека нема веќе назад, поразени се режимските политики на ВМРО-ДПМНЕ кои водат кон изолација, опасност и неизвесност. Решенијата на новите пратеници се издадени, следува формирање Влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните. Нашата Влада ќе води успешни преговори со ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата. Одиме напред, враќање назад нема! Заедно со граѓаните ќе испорачаме уште повеќе и уште подобри резултати!