Author: Нова ТВ

Проектот „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“ што „Пакомак“ со магионичарот Кристијан Шопов го реализира за еко-едукација на децата од предучилишна и од училишна возраст е добитник на интернационалната награда „Energy Globe Award“. Како што информираат од „Пакомак“, станува збор за најзначајната еколошка награда во светот со која им се оддава интернационално признание на проекти со голем придонес кон заштитата на животната средина во национални рамки. „Во овој проект „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“, преку забавна магионичарска претстава и интересни трикови, децата учеа за важноста на селектирањето и за одржувањето чиста животна средина. Претставата во која децата се едуцираа,…

Read More

На вечерашната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ е донесена и одлука за измени на Статутот на партијата. Меѓу нив и за ограничување на мандатот на претседателот на партијата, односно тој ќе може да ја води партијата два мандата и евентуално уште еден доколку биде избран со двотретинско мнозинство на Конгрес. Овој статут не предвидува почесни претседатели, односно ниту Никола Груевски, ниту било кој поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели“, изјави Панче Тошкоски, претседател на партиската статутарна Комисија

Read More

Даниела Рангелова, пратеничка во последниот собраниски состав од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна висока функционерка во партијата, јавно го повика лидерот да си поднесе оставка. За време на гостувањето на ТВ 24, таа додаде дека никој од членството на партијата не верува дека Мицкоски може да состави Влада, како што си калкулира врвот на партијата. „Вака веќе не може. Мора да си ја вратиме партијата на членовите. Мицкоски треба да замине ако не направи влада. Еве, не сакам сега да зборувам, нека се остави шанса да видиме при вакво неспособно СДСМ, со толку слаби кадри, со толку лоша економска политика,…

Read More

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбер Таравари вечерва за ТВ 24 Вести изјави дека заедно со Алтернатива идниот понеделник ќе одржат протестен марш со пораката „Доста е“, со цел, како што рече, да изразат револтот против злоупотреба на гласовите и полнење на кутиите на изборите. Како што најави Таравари, протестот ќе почне од скопски Чаир, а предвидено е да заврши пред канцеларијата на ЕУ во Скопје и пред Државната изборна комисија (ДИК). „Пораката од маршот е „доста е со полнење кутии“, оставете го народот да ја изрази својата политичка волја“, рече Таравари, додавајќи оти располагаат со имиња и презимиња…

Read More

Научници ширум светот се во потрага по вакцина против коронавирус. На листата на Светската Здравствена Организација (СЗО) се 160 потенцијални вакцини. Кој ќе победи во трката, уште е неизвесно. Три тима веќе започнаа опсежни, завршни студии

Read More

Неколку изборни циклуси не победуваме. За партија во која најголем дел се навикнати да победуваат, не е едноставно. Најмногу нè критикуваат дека слабо учиме од искуства, пишува поранешниот министер за надворешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ по исходот од предвремените парламентарни избори

Read More

До Управниот суд денеска до 18 часот се поднесени тужби од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива (АА/А) и од политичката партија Интегра, како и од граѓанин за повреда на избирачко право. Освен две официјално заведени тужби од АА/А, од коалицијата во албанскиот политички блок се пристигнати уште 75. „Во тек е заведување на тужбите од Алијанса за Албанците и Алтернатива по што ќе биде објавено на интернет страницата“, информираат од Управен суд. Во Управниот суд во тек е јавна расправа по поднесената тужба од Живка Арсовска од Куманово, за поништување на решението на Општинската изборна комисија (ОИК) за повреда на избирачкото…

Read More

Заложничка драма во украинскиот град Лутск. Експлозии одекнаа на местото каде вооружен напаѓач држи заложници, соопшти телевизијата „Канал 24“. „Предмалку се слушнаа три експлозии. Едната од нив беше експлозија, а другите две беа сомнителни тресоци. Војниците што беа до мене кажаа дека станува збор за звук на граната. Се виде и облак од чад“, јави известувачот на телевизијата од местото на настанот. Според агенцијата УНН, експлозијата се случи околу 15:20 часот по московско време. „Се знае дека терористот од автобусот фрли неидентификувана експлозивна направа, што потоа експлодира. Никој не е повреден“, пренесе агенцијата. Човек кој се претставил како Максим Плахој,…

Read More

Од 295 позитивни случаи кај туристите во Грција, 76 отсто, односно 225 се од балканските земји, а Србија е прва со најголем број заразени меѓу „увезените случаи“на Ковид-19, согласно податоците што денеска ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. Хардаљас објасни дека од 1 до 19 јули, односно од отворањето на границите, во Грција влегле 918.032 лица, од кои мнозинството, над 620.000 се туристи кои авионски пристигнале во земјата. Биле направени вкупно 127.900 тестови на туристи и откриени 295 позитивни случаи, од кои 186 се од копнените граници . Од позитивните…

Read More

Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска достави предлог-закон до Парламентот, кој предвидува посилна контрола врз социјалните мрежи. Главните социјални мрежи како Твитер и Фејсбук ќе треба да имаат претставник во Турција, во спротивно нивниот домет ќе биде намален, се наведува во текстот. Социјалните мрежи, исто така, ќе треба да ги почитуваат наредбите на турскиот суд за отстранување на одредена содржина во рок од 24 часа, а предвидени се и сериозни казни во случај на непочитување на судските наредби. Предлог-законот е насочен кон социјалните мрежи со повеќе од милион врски дневно. Тие, исто така, треба да ги чуваат податоците за…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.636 тестирања со позитивни резултати кај 52 лица во Скопје, 33 во Штип, 21 во Куманово, 17 во Гостивар, седум во Струга, пет во Битола, Дебар-2, по четири во Тетово и во Кавадарци, по три во Свети Николе и во Демир Хисар, по две во Велес, во Струмица, во Кочани и во Пробиштип и по едно лице во Охрид, во Македонски Брод , во Кичево и во Ресен

Read More