Author: Нова ТВ

До Управниот суд до 14 часот не се пристигнати тужби од политичките партии, откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 нивни приговора за предвремените парламентарни избори, информира за МИА претседателот на Управен суд Бурим Сејдини. ДИК треба да ги достави решенијата за одлуките до политичките партии, по што почнува да тече 24 часовниот рок за поднесување на тужби. Како што информира портпаролот на ДИК, Адмир Шабани до 14 часот решенијата од Комисијата за отфрлање или одбивање на приговорите ги подигнале претставници на Алијанса за Албанците и Алтернатива, на Интегра, на МОРО, на Демократи и на Левица. Тој вели…

Read More

Договорот постигнат рано утринава за седумгодишниот буџет на ЕУ и Фондот за закрепнување треба сега да биде одобрен од страна на Европскиот Парламент, a претседателот Давид Сасоли најави „подобрување“ на пакетот, јави дописничката на МИА од Брисел. Европратеници в четврток ќе одржат вонредна пленарна седница на која прво ќе дебатираат за постигнатиот компромис, по што ќе започнат преговори помеѓу Парламентот и Советот до посигнување конечен договор меѓу двата коодлучувачи. „Ова е договор без преседан помеѓу владите за оживување на европската економија. Мораме сега да работиме на подобрување на овие алатки, нема да се откажеме од амбициозна повеќегодишна финансиска рамка и…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната 77-ма седница го усвои Протоколот за организирање државни настани. На оваа своја седница, како што информираат од владината прес-служба, Владата ја разгледа и усвои „Информацијата за работата на Советот за управување со јавни финансии со Нацрт-годишен извештај за следење на спроведувањето на Акцискиот план за Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2019 година, за периодот јануари 2019 година – декември 2019 година“, и го усвои Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година. Како дел од заклучоците од оваа точка Владата ги…

Read More

Рускоска рече дека на кратко во воведните зборови кажала дека тие се обврзале дека ќе обезбедат државно неизградено земјиште, а донекаде и субвенционирање од страна на државата

Read More

До 10 часот утрово нема пристигнато ниту една тужба од политичка партија до Управниот суд по сите отфрлени 2.142 приговора од Државната Изборна Комисија (ДИК) за предвремените парламентарни избори, информира претседателот на Управен суд, Бурим Сејдини. ДИК треба да достави решенијата до политичките партии за своите одлуки, по што почнува да тече 24 часовниот рок за поднесување на тужби. Како што информира портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, решенијата за отфрлање на приговорите до 10 часот ги подигнале само претставници на Алијанса за Албанците и на Алтернатива. По истек на пет часа од испраќањето, се смета дека примателите ги добиле решенијата,…

Read More

Судењето за „Меѓународен сојуз“ почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај

Read More

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) испрати реакција во однос на деталниот план за Мал Ринг до градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и до претседателот на Советот на Општината, Цветанка Симоновска. Реакцијата ја пренесуваме во целост: Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) остро реагира и бара да го повлечете и преработите Предлог – Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1, Општина Центар Скопје, за кој е закажана јавна презентација и јавна анкета на 22.07.2020 година (среда) во 10.00 часот. Причината заради која бараме да го повлечете предлог-планот е едноставнa. Во планот се планирани истите објекти…

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) евидентира 385 прекршувања на мерката за носење на заштитна маска како една од глобално пропишаните во борбата со Ковид-19 што се применува и во Македонија. Од МВРР и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Read More

Договорениот пакет е во вредност од 1.830 милијарди евра, од кои 750 милијарди евра се наменети за пакет помош за земјите членки погодени од коронавирусот, околу кој најмногу се кршеле копјата за време на преговорите

Read More

Хрватска ќе добие 22 милијарди евра од пакетот на Европската унија, објави утринава хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. – Во Хрватска носиме 22 милијарди евра, што е гаранција за брзо закрепнување на економијата и натамошен балансиран развој на земјата, напиша Пленковиќ на Твитер, откако лидерите на ЕУ 27 постигнаа договор за повеќегодишниот заеднички буџет и фондот за закрепнување. Вкупниот износ на пакетот за закрепнување е 1.824 милијарди евра, од кои 1.074 милијарди се во рамките на заедничкиот буџет за периодот од 2021 до 2027 година. Фондот за закрепнување на ЕУ изнесува 750 милијарди евра, а се состои од 390 милијарди неповратна…

Read More