Author: Нова ТВ

Полицијата синоќа запрела „цитроен“ со српски регистарски ознаки, управувано од жител на Врање, во кој што биле пронајдени 12 мигранти од Сирија. Возачот бил приведен, а за настанот бил известен и јавен обвинител. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека синоќа околу 23:15 часот на регионалниот пат село Давидово – Гевгелија, полициски службеници запреле патничко возило „цитроен“ со српски национални ознаки, управувано од С.С. (35) од Врање, Србија. При преглед во возилото биле пронајдени 12 мигранти од Сирија. Возачот С.С. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се работи на расчистување на…

Read More

Самите хотелиери веќе не очекуваат оваа сезона да има странски гости што би дошле преку организирани патувања, додека за домашните исто со оценка дека ваучерите што ги додели државата како помош ќе бидат искористени за приватно сместување или во сместувачки капацитети од пониските категории

Read More

Италијанските истражители предупредуваат дека мафијата ќе се обиде да стигне до стотици милијарди евра од Фондот за обновување на Европската Унија (ЕУ) по пандемијата на Ковид-19. Генерал Џузепе Говернале, кој ја предводи италијанската анти-мафијашка агенција (ДИА), изјави дека мафијашите веќе прават планови за тие ги добијат тие пари. Тој додаде дека тие планови вклучуваат корупција и злоупотреби на премногу бавната и неефикасна бирократија. За телевизијата РАИ, Говернале го спореди очекуваниот прилив на финансиска помош по пандемијата на Ковид-19, што имаше уништувачки ефект врз европската економија, со големото закрепнување по Втората светска војна. „Стотици милијарди евра ќе се влеат во Европа…

Read More

Лидерите на Европската Унија (ЕУ) не можат да постигнат договор за Фондот за обнова на економијата и буџетската рамка на Унијата до 2027 година, јави ДПА цитирајќи претставник на Советот на ЕУ. Самитот во Брисел ќе продолжи денеска во 11 часот. Информацијата ја потврди портпаролот на Европскиот совет на својот Твитер профил. „Ние сме во тежок момент на преговори, со блокада по прашањето за управување со планот за опоравување. Чекаме да видиме дали има можно решение“, рече неименуван дипломат непосредно пред крајот на првиот ден од состанокот. Премиерот на Холандија, Марк Руте, побарал земја членка да има право да го…

Read More

Пишува: Беса Арифи Парламентарните избори 2020 беа можеби најтешки за прогнозирање. До последен момент не можеше да се предвиди точно кој ќе победи, кој ќе изгуби и кој колку мандати ќе има во новиот собраниски состав. Хакерскиот напад врз веб сајтот на ДИК уште повеќе ја зголеми неизвесноста околу конечниот резултат кој на крај беше соопштен вчера. Иако кај многумина постои разочарување во врска со резултатите, мислам дека овие резултати треба да се сметаат за позитивни и ветувачки. Граѓаните и овој пат одржаа лекции кои треба сериозно да се анализираат како од политички, така и од аналитички аспект во наредниот…

Read More

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, за ТВ Алфа изјави дека Комисијата дополнително ќе одлучи дали ќе има рачно пребројување на гласовите. Јас сум сигурен во она што го работев два дена и два ноќи, и сум сигурен дека добро е сработено – рече тој на Алфа. Тој истакна дека хакерскиот напад се случи кога почнаа да се објавуваат резултатите од избирачките места. Прашан за кривичните пријави против членовите на ДИК кои ги најави лидерот на Левица Димитар Апасиев, Дерковски кажа дека ќе се воздржи од коментар, за потоа да каже дека изборното право веројатно му е слаба страна…

Read More

До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, покрај веќе поднесените пет, пристигнале уште 77 приговори за изборите. Од нив, како што информираат од ДИК, 74 се од Алијанса за Албанците, еден е од Глас за Македонија, додека два се од ВМРО-ДПМНЕ. ДИК не прецизира на што се однесуваат приговорите од Алијанса за Албанците, но оние од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се за сумирање на резултатите, јавува 21. Приговори за постапката на гласање може да се поднесуваат до 21 часот вечерва, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите до утре до 19 часот и 30 минути.

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека постапката за предметот во врска со сомневања за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје е запрена поради ограничените рокови утврдени во членот 33 по кои беше поведена. „Постапувањето во врска со наведените сомневања ќе продолжи како редовна постапка“, се појаснува во соопштението од ДКСК. Ваквата одлука на ДКСК беше донесена на денешната јавна седница и со неа се запре постапувањето по предмет оформен по сопствена иницијатива, а во врска со сомневања за прекршување на член 8-а став (1) алинеја 3 од Изборниот законик и член 34 став…

Read More

Од Министерството за здравство потенцираат дека во изминатото деноноќие се направени 1.612 тестирања со позитивни наоди кај 59 лица во Скопје, 23 во Свети Николе, 18 во Дебар, 17 во Штип, 12 во Куманово, девет во Гостивар, по шест во Тетово во Струга и во Кичево, по две во Кавадарци и во Пробиштип и по едно лице во Прилеп, во Битола, во Демир Хисар и во Ресен

Read More

ДИК работеше во ефикасна и колегијална атмосфера. Позитивно се оценува транспарентноста на нејзината работа, имајќи предвид дека седниците беа јавни и беа пренесувани на интернет. Сепак, ДИК треба да продолжи да ги зајакнува техничките капацитети во оваа насока, со што на сите заинтересирани граѓани ќе им овозможи да ги следат седниците без никакви пречки“, рече Дарко Алексов, претседател на граѓанска асоцијација

Read More

Преговорите за формирање на новата влада ќе продолжат по Илинден, со запазување на законските рокови, по што државата ќе добие функционални и легитимни институции, велат од СДСМ. Од партијата информираат дека лидерот Зоран Заев од утре ќе користи неколку денови одмор што ќе го помине во државата. „Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона-криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. По Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата…

Read More

Приговорите се потпишани од партијата „Демократи“, а барањето за увид од партијата „Единствена Македонија“. Рокот доставување на приговори изминува вечерва во 21 часот, а утревечер (19.30 ч.) и за сумирање и утврдување на резултатите од предвремените парламентарни избори

Read More