Author: Нова ТВ

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, своето гласачко право го оствари во неговото родно место, струшкото село Ливада. Во изјава за медиумите по гласањето, тој истакна дека политичката партија на власт од албанскиот блок врши притисоци врз гласачите, но и се обидува да прикрие нерегуларности во изборниот процес. „Политичката партија на власт од албанскиот блок постојано правеше притисоци последните денови. Информирани сте и за многу нерегуларности, уцени, поткуп, итн. И денеска се обидуваа во некои изборни места да направат проблеми. Имаше еден инцидент, ме информираа во Велешта, треба да го прашате командирот на Полициската станица во Струга да го пријави…

Read More

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на прес-конференцијата одржана во хотелот Белви по затворањето на избирачките места се заблагодари на граѓаните и институциите и најави победа на предвремените парламентарни избори. -Денеска имавме мирен и здравствено безбеден изборен ден како што доликува на демократска држава и следен преговарач со ЕУ. Благодарност до сите граѓани, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19. Чинот на гласање е наша одговорност и наш влог во демократскиот прогрес и напредок. Сведоци сме на професионално спроведен изборен процес. Треба да бидеме горди. Потврдуваме дека нашите институции може да се носат со сите предизвици и да…

Read More

Претседателот на платформата „Македонски концепт“, Петар Богојески своето право на глас го оствари утринава во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје. Според Богојески, секој требаше да излезе и да гласа онака како што смета дека е правилно, но, додаде тој, од утрешниот ден натаму да не се жалиме доколку не сме подготвени да ги промени работите на подобро. „Нашите стари кажале „со сила убавина не бидува“. Затоа денеска секој од нас требаше да гласа онака како што смета дека е правилно, но, сепак, да имаме едно на ум, од утрешниот ден натаму да не се жалиме доколку не сме подготвени…

Read More

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски своето право на глас денеска го оствари на избирачкото место 2489 во месната заедница Автокоманда.  „Очекувам како што и доликува на една европска демократска држава сите учесници во изборниот процес, вечер по завршувањето на гласањето да си подадат рака и да си честитаат еден на друг“, изјави претседателот Стево Пендаровски. Тој особено го истакна фактот што изборите до овој момент се одвиваат мирно и со максимално почитување на здравствените протоколи за заштита на сите учесници во изборниот процес, со оглед дека ова се специфични избори кои се одржуваат во време на пандемија на коронавирусот.…

Read More

До 20:45 часот на гласање на денешните парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас, односно одѕивот е 50,86   проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.466 од 3.480 гласачки места. Според податоците што ги објави на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски, најголема излезност има во Четвртата изборна единица –  59,79 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 39,23  проценти. Во Првата изборна единица излезноста е 52,17,  во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 проценти. По првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од…

Read More

Претседателот на Владата и носител на листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 2, Оливер Спасовски, денеска гласаше на избирачкото место во О.У. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово. По гласањето тој истакна дека денеска е исклучително важен ден за земјата и дека како Влада покажале дека може да се организираат фер, демократски, слободни избори и во услови на сериозна здравствена криза, на пандемија.   „Изборите се безбедни за здравјето и за животот на граѓаните. Признание на Комисијата за заразни болести и на Државната изборна комисија, затоа што воспоставиле протоколи со кои се гарантира безбедно гласање од аспект на здравјето на граѓаните кои во вакви услови слободно…

Read More

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети и носител на кандидатската листа во шестата Изборна Единица го оствари своето гласачко право на избирачкото место 0816 во кичевско Зајас. По гласањето, тој изјави оти посакува регуларен процес и почитување на здравствените упатства, посочувајќи дека овие избори се многу битни ако се знае, како што рече, дека досега се завршени многу значајни процеси што се важни за регионот и за мирот воопшто. „Се отвора нова страница на историјата на оваа земја, за зачленување во Европската Унија, при што победниците имаат историска одговорност да ги исполнат потребните услови за ЕУ. Ќе…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претпладнево го оствари своето гласачко право на избирачкото место во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае. По гласањето, тој изјави дека „денеска е денот кога народот гласно ќе зборува, кога обновата победува“. „Народот масовно излегува на избирачките места и од она што можеме да го забележиме, она што се коментира меѓу граѓаните, е дека народот е подготвен за голема промена што ќе се случи токму денеска, на 15 јули. Сè што се случуваше во изминатите денови, бројните нерегуларности, ќе остават сериозна трага која ќе биде вид дамка на целиот овој изборен процес“, рече…

Read More

Ова беа многу поразлични избори од кои било други досега, но не се помалку важни. И тоа како се важни, бидејќи од резултатите ќе знаеме на која позиција сме како држава и, секако, каков ќе биде животот на граѓаните во наредните четири години. Верувам дека со нашата позитивна и промотивна кампања успеавме да ги осигураме и да ги убедиме граѓаните дека коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ е таа која ја очекува најголемата поддршка, рече лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа во изборната единица број 4, Зоран Заев, кој заедно со сопругата Зорица денеска гласаа на избирачкото место 1730…

Read More

Завршија десеттите парламентарни избори во Македонија, петти предвремени по осамостојувањето. На ред е пребројувањето на гласовите, првични резултати и, секако, први реакции од учесниците во изборниот процес што овојпат се одвиваше под специфични околности поради пандемијата на Ковид-19. Излезноста до 19 часот, според податоци на Државната Изборна Комисија (ДИК), беше 45,77 отсто или правото на глас до тој момент го искористиле 830.370 граѓани. Колку се поместени бројките во последните два часа од изборите, јавноста ќе биде известена од прес-конференцијата на ДИК што е најавена наскоро. Право на глас имаа 1.814.613 милион граѓани кои гласаа на 3.480 избирачки места. Овој процес…

Read More

Набљудувачите на здружението „Инклузива“ што ги набљудува парламентарните избори со 70 набљудувачи кои се лица со попреченост на 210 избирачки места нотира низа пропусти при гласањето на оваа категорија на граѓани

Read More

Гласачкото право до 19 часот го искористиле 830.370 граѓани или 45,77 од запишаните во Избирачкиот список, објави вечерва Државната изборна комисија. Ова се бројки според обработени податоци од 3.463 избирачки места. Според податоците што ги објави портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, најголема излезност има во четвртата изборна единица – 53,24 проценти, а најмала и натаму е шестата изборна единица со 35,49 проценти. Излезноста во втората изборна единица до 19 часот е 43,04 отсто, во третата е 51,52 отсто додека во петтата е 44,89 отсто. По првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од вообичаеното, односно ќе се…

Read More