Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Важно е дека промената доаѓа, ова е ден во кој обновата победува

0
By Нова ТВ on July 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 15, 2020 21:24

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претпладнево го оствари своето гласачко право на избирачкото место во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае. По гласањето, тој изјави дека „денеска е денот кога народот гласно ќе зборува, кога обновата победува“.

„Народот масовно излегува на избирачките места и од она што можеме да го забележиме, она што се коментира меѓу граѓаните, е дека народот е подготвен за голема промена што ќе се случи токму денеска, на 15 јули. Сè што се случуваше во изминатите денови, бројните нерегуларности, ќе остават сериозна трага која ќе биде вид дамка на целиот овој изборен процес“, рече Мицкоски.

Тоа, според него, е последниот крик на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев.

„Сакам да им порачам на граѓаните, тие сакаа помала излезност, ние сакавме поголема, таква каква што беше од раните утрински часови. Очекувам дека до крајот на денот очајните обиди да се изигра волјата на граѓаните ќе бидат оневозможени“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски апелира до секој што има каква било дилема да му слугува, како што рече, на Заев и на актуелното раководство на СДСМ во нерегуларностите, ќе сноси кривична одговорност.

„Затоа од утре посебно ќе се внимава како изгледал денот, но и какви беа изминатите денови. Важно е дека доаѓа промената, граѓаните масовно одлучуваат да гласаат за промена“, подвлече Мицкоски.

„Обнова на Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 Македонија Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.