Author: Нова ТВ
Носењето маски на отворено ќе биде задолжително на територијата на цела Србија во околности во кои не е можно да се држи дистанца од еден и пол метар, одлучи денеска Кризниот штаб. Исто така, се препорачува да се носат заштитни маски на сите други јавни места на отворено. Заштитни маски се задолжителни и на отворено, на места каде што не е можно да се обезбеди растојание од еден и пол метар, како што се редици пред продавниците, аптеките, автобуските и железничките постојки и слично. Одлуките на Кризниот штаб ќе се применуваат на целата територија на цела Србија, а не, како…
До 13 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 23,81 отсто од обработени 3.368 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција. Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани информира дека во Првата изборна единица излезноста е 27,09 отсто, во Втората изборна единица 21,64, во Третата 28,92, во Четврата 27,45, во Петтата 23,11 и во Шестата изборна единица 15,58 отсто. Шабани истакна дека до ДИК до овој момент нема пристигнато никаков приговор или најава за нерегуларности.
Полициски службеник во Дебрешта им кажувал на граѓаните кој број да го заокружат, истакна портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конференција
Главниот град на Венецуела, Каракас, ќе им се придружи на голем број градови низ светот, кои во последните денови воведоа рестриктивни мерки за да спречат ширење на коронавирусот. Каракас и соседната држава Миранда ќе бидат ставени во карантин за борба против епидемијата на коронавирус, напиша на Твитер претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Како што пренесува Би-Би-Си, тој вели дека зголемиот број заразени е резултат на илегалниот влез на луѓе во земјата. Според податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс, во Венецуела има повеќе од 10.000 заразени со Ковид-19 и 96 смртни случаи, што е значително помалку отколку во другите земји од…
До 11:00 часот на гласање излегле 199 495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 104 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Најголем одзив по Изборни единици до 9 часот на десеттите парламентарни извори е забележана во првата (8,14 отсто) според обработени податоци од 468 избирачки места од вкупно 522. Најмногу гласачи притоа се регистрирани во Аеродром (10,13 отсто), а најмалку во Студеничани (1,81 отсто). Според обработени податоци од 462 избирачки места од вкупно 504, пак, во втората Изборна Единица, одзивот до 9 часот е 6,68 отсто, при што најголем е во Ѓорче Петров (8,05 отсто), а најмал во Липково (0,93 отсто). Одзивот во Изборната Единица 3 до 9 часот, според податоци од 538 избирачки места од вкупно 634 е 7,34 отсто…
Откако црногорскиот Институт за јавно здравје вчера ги внесе резултатите од 2.000 тестови во системот, кои претходно беа испратени во Германија за анализа поради малиот капацитет на лабораториите во земјата, Црна Гора од „корона-фри“ стана државата со најмногу активни случаи на коронавирус во регионот., пренесува Хина. Тие резултати покажаа дека 475 од 2.000 анализирани тестови во Германија биле позитивни на коронавирус, а кога биле додадени 66 позитивни случаи потврдени во црногорските лаборатории, добиени се вкупно 1.453 активни случаи или 231 активен случај на 100 000 население. . Црногорските медиуми објавија дека во Северна Македонија има 167 случаи на 100.000 жители,…
До овој момент, од почетокот на гласањето во oсновните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса izbori@jorm.mkнема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Во текот на ноќта и предизборните денови, стои во соопштението, пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања не се утврдени елементи на сторени кривични дела за кои гонењето се презема по службена должности и кои се предвидени во Глава 16 од Кривичниот законик. За останатите известувања, се подвлекува, јавните обвинители преземаат дејствија во…
Најголем одзив во воведните два часа од изборниот ден, како што потенцира портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, е забележан во Изборната единица 1 кој изнесува 6,58 отсто, при што предничи скопски Аеродром со 10,13 отсто
Сите гласачки места се отворени навреме и досега не се забележани неправилности во спроведувањето на постапката на гласање. Гласањето се одвива безбедно, согласно здраствените протоколи, е истакнато на првата од четирите најавени прес-конференции на граѓанската асоцијација МОСТ која за денешниот изборен процес распореди 900 набљудувачи на 696 гласачки места, избрани по случаен и репрезентативен примерок. На тој начин, како што потенцираат од таму, се покриени 20 отсто од вкупниот број на гласачки места на територијата на целата држава, како и 20 отсто од гласачките места во рамките на секоја изборна единица. „Набљудувачите на МОСТ се статични и ќе го следат…
Американскиот фармацевтски концерн „Модерна инк“ објави дека конечните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе започнат на или околу 27 јули. Станува збор за третата, клучна фаза на тестирање на луѓе на вакцината мРНА-1273. Клиничкото испитување го спроведува Националниот институт за здравство, а американската влада инвестираше близу половина милијарда долари во проектот на „Модерна“. Завршните клинички испитувања ќе бидат спроведени на 87 локации во САД. Во испитувањата ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни лица кои имаат големи шанси да се заразат со коронавирусот, објави фармацевтскиот концерн. Со испитувањето ќе се спореди бројот на новозаразени меѓу лицата кои ја примиле новата…