Author: Нова ТВ

Гласањето на денешните предвремени парламентарни избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе одлучат да го искористат своето право. Ќе се гласа во согласност со Упатството на ДИК и протоколите на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат мерки на заштита на избирачките места, за членовите на избирачкиот одбор кои го спроведуваат гласањето, за набљудувачите, како и за гласачите. – Според протоколот за гласање, најпрво полицијата при влез на гласачкото место ќе бара гласачите да стават заштитна маска – По влегување во објектот, ред за гласање се чека на дистанца – При влегување во просторијата,…

Read More

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесетина странски медиумски куќи кои на терен ќе имаат 57 новинари кои добија акредитации од Државната изборна комисија (ДИК). Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и „Ројтерс“, „Франс прес“, „Глас на Америка“, „Асошиејтед прес“, грчката национална телевизија ЕРТ, новинската агенција АНА-МПА, „Њуз247“, германската АРД, Европската фото прес-агенција – ЕПА, Турската радио-телевизија, агенцијата „Анадолија“, „Еуро њуз Албанија“, Радио-телевизија Косово, Би-би-си Србија и Ал Џезира на англиски јазик. Повеќе странски медиуми ќе известуваат за изборите преку свои дописници во земјава.

Read More

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат 2.709 набљудувачи и преведувачи од кои 2,551 се домашни и 158 странски кои добија акредитации од Државната Изборна Комисија (ДИК). Од домашните најбројни се на НВО МОСТ со 1.254 набљудувачи, „АКСИОС 2017“ – 830, „Цивил – Центар за слобода“ – 315, „Инклузив Куманово“ – 86, Национален ромски центар Куманово – 38 и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – 15, „Заедно можеме – Гостивар“ – 9 и Македонски центар за култура и развој – 4. Меѓу акредитираните меѓународни набљудувачи, според информациите што ги објави ДИК на нејзината интернет страница, ОБСЕ/ОДИХР…

Read More

За туристите од земјите за кои е дозволено патување во Грција, а кои од граничниот премин Промахонас (Кулата) планираат да влезат кај јужниот сосед, од денеска важат нови правила, односно задолжителна е потврда на англиски јазик за негативен тест за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Откако во изминатиот период беше зголемен бројот на позитивни „увезени“ случаи, особено од конкретниот граничен премин со Бугарија, што воедно е и единствениот отворен за туристи, грчката Влада, во петокот донесе одлука за воведување дополнителни мерки. Туристите, ќе треба во период од 72 часа пред патувањето да имаат направено молекуларен тест PCR во…

Read More

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска, на денот на одржувањето на предвремените парламентарни избори во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Како што соопштуваат од Канцеларијата на Народниот правобранител, отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Освен на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на  следниве телефонски броеви: Тетово:…

Read More

Избирачките места во шесте изборни единици требаше да се отвораат во 7 часот, а гласањето ќе заврши во 21 часот. Право на глас имаат 1.814.613 милион граѓани кои ќе гласаат на 3.480 избирачки места. Се гласа за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имат 1.578 кандидати. Вчера гласаа болните, немоќните и хронично болните лица, затворениците, лицата во домашен притвор и во старечките домови, а понеделникот беше резервиран за заболените лица со Ковид-19 и оние во самоизолација

Read More

Вкупно 7.861 болни и изнемоштени лица го оствариле своето право на глас во вториот ден на предвремените парламентарни избори. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено-поправни установи 1.235 лица, соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани на синоќешната прес-конференција

Read More

Чаирскиот градоначалник Висар Ганиу по пожарот рече дека ќе следува реновирање на постоечкиот локал и уверуваше дека ќе нема тврда градба, но актуелната состојба на лице место не соодветствува со тогашните најави. Една плоча е веќе готова и се чини дека нема да се запре на неа, со оглед на поставената арматура за столбови за нова подлога и спрат

Read More

Американските војници се повлекоа од пет бази во Авганистан, согласно Договорот потпишан меѓу Вашингтон и талибанците во февруари, потврдија двете страни, без да ги наведат базите. Според извори од двете страни, американските војници се повлекоа од базите во провинциите Хелманд, Урузган, Пактика и Лагман. Според Договорот, американските војници требаше да напуштат пет воен бази и да го намалат контингентот во Авганистан до 8.600 војници во рок од 135 дена по потпишувањето на Договорот, чиј краен рок беше вчера. Талибанците го поздравија повлекувањето, но ги обвинија американските војници дека извршиле воздушни напади во реони „надвор од зоните на активни борби“. Специјалниот…

Read More

Од Здравствен Дом-Скопје информираат дека во текот на утрешниот ден (среда, 15 јули), кој е прогласен за неработен ден, согласно вообичаениот распоред за работа за недела и за празници ќе функционираат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, во поликлиниките: Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

Read More

По 20 години огромен профит, таканаречената „брза мода“ претрпува огромни загуби, па дел од производителите како што се шведски „H&М“, шпанска „Зара“, „Pull&Bear“ и „Страдивариус“ се принудени да затворат илјадници продавници ширум светот. Без работа остануваат и во развиените држави и работниците во сиромашните земји, објави „Хафингтон пост“. Според проценките на „Бизнис и мода“ (The Business & Fashion), глобалната индустрија за мода, облека и чевли, која на годишно ниво заработуваше 2,5 милијарди долари, ќе бележи меѓу 25 и 30 отсто загуби поради кризата што ја предизвика пандемијата на Ковид-19. Кон тоа се додава и фактот дека глобализираната евтина мода се произведува…

Read More

Од 357 пријавени избирачи во домовите за стари лица, гласале 231. Во казнено-поправните установи, пак, од 1.657 запишани избирачи, гласале 808. Од лицата кои се пријавиле за гласање во домашен притвор, досега се изјасниле седуммина, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски

Read More