Author: Нова ТВ

Поддршка за евроинтеграциските процеси на нашата земја во текот на вчерашниот ден беа изразени на средбата на претседателот на Владата, Зоран Заев со евроамасадорот Дејвид Гир и при телефонскиот разговор со шведскиот премиер Стефан Левен, на средбите на вицепремиерот Никола Димитров со неговите домаќини во Литванија, како и од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас. Во исто време, австрискиот министер за надворешни работи во Александер Шаленберг во интервју за МИА повика Северна Македонија и Бугарија да го решат меѓусебниот спор на билатерално ниво, но нагласи и дека Австрија им стои на располагање доколку им е потребен посредник. Премиерот Зоран Заев вчера…

Read More

Амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер, изјави дека големи се шансите лансираниот нон-пејпер во јавноста да биде само пробен балон кој, според реакциите кои се негативни, полека издишува. Тој додаде дека Европа нема во план прекројување на границите на ниту една земја од Балканот. – Сите реакции беа негативни во однос на нон пејперот, не забележав никаква поддршка за овој документ, што значи дека доколку се работи за пробен балон, тој полека се издишува. Она што можам да кажам е дека на европски план не постои таква намера, рече Бомгартнер. Во однос на почетокот на преговорите на Македонија со…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека интересот за имунизација кај пратениците е голем. Според неговите информации денеска во Борис Трајковски вакцина примиле повеќе од две третини од народните избраници. Со ова како што истакнува за три недели би требало да се нормализира работењето на Законодавниот дом. – Две третини од пратениците се вакцинирани до 16 часот. Немам информации уште колку се вакцинирале до 18 часот. Но, интересот за вакцинација кај пратениците е голем, вели Џафери во гостување на Канал 5. Не сакаше да ги коментира негодувањата на дел од пратениците кои изразија разочараност што биле вакцинирани со „Спутник В”,…

Read More

Прв случај на видот Β.1.617, односно мутација на Ковид-19 што преовладува во Индија, е регистриран во Грција кај маж во градот Патра, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека на 22 март било потврдено оти мажот е позитивен, откако шест дена претходно се појавиле симптомите, карактеристични за коронавирусот, но не била потребна хоспитализација. Заразениот немал контакт со позитивен случај или патување во странство. Според Националната организација за јавно здравје, конкретниот вид има низа мутации вклучувајќи ја и комбинацијата E484Q и L452R. Сепак, објаснуваат дека откриениот вид во Грција „не ја носи…

Read More

По едногодишна пауза поради пандемијата на коронавирус, македонскиот кошаркарски куп се враќа во календарот на натпреварувања и од оваа сезона ќе го носи името на легендарниот македонски кошаркар, Благоја Георгиевски-Буштур, кој загина во јануари лани во сообраќајна несреќа на 69-годишна возраст. Завршницата на овогодишното издание на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во машка конкуренција, како што соопшти Македонската кошаркарска федерација, ќе се одржи од 14 до 16 мај, додека завршниот турнир во женска конкуренција е предвиден за 7 и 8 мај. И двете завршници ќе се играат во салата СРЦ „Кале“ во Скопје. Главниот град по пауза од шест години повторно ќе биде домаќин на фајналејт-турнирот од ова…

Read More

Останаа големите разлики во пристапот и погледите како да се формулираат препораките за учебниците по историја за седмо одделение и по одржувањето на 13. средба на Мултидисциплинарната експертска комисија. – Од македонска страна беа предложени неколку идеи како да се надминат точките во учебниците кои имаат потенцијал да ја политизираат историјата и со тоа да поттикнуваат нови или ги одржуваат во живот политичките спорови, се наведува во соопштението на македонскиот тим во Комисијата. Тие потестуваат дека откако на претходните средби беа дискутирани учебници во Бугарија по историја за 6 клас, членовите на Комисијата водеа исцрпна дискусија за забелешките на бугарските…

Read More

Северна Македонија е дефинитивно земјата за чие членство во ЕУ очекуваме целосна поддршка и ги разбираме предизвиците што треба да се решат. Знаеме дека ви треба многуслојна поддршка и се надевам дека и нашата поддршка ќе биде од помош, истакна министерот за надворешни работи на Литванија Габриелиус Ландсбергис на прес-конференцијата по денешната средба во Вилнус со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, со која тој ја заокружи дводневната посета на двете балтички земји кои се дел од групата „Пријатели на проширувањето“. – Северна Македонија е дефинитивно земјата за која очекуваме целосна поддршка за нејзиното членство и ги разбираме предизвиците…

Read More

Останаа уште неколку технички интервенции и предлог – законот за државјанство е готов. В понеделник ќе го доставиме на пратеничката група на СДСМ и на владиното мнозинство и очекуваме евентуално некоја забелешка, истакна денеска пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Елми Азири на денешна прес-конференција во Собранието. Азири изјави дека во текот на следната недела е можно да се одржи средба на претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши со премиерот Зоран Заев. – Нашиот дел е завршен, да го видиме нивниот одговор и верувам дека во најкраток можен период ќе се процесуира…

Read More

Додека случајот не се докаже никој не е виновен, но доколку се докаже одговорност тогаш никој не е над законот, ниту е заштитен зашто е носител на некоја функција, смета премиерот Зоран Заев. Тој подвлече дека како и за сите институции, така и за премиерот, министрите, генералниот секретар има контролни механизми. Тој останува на својот претходно искажан став за Рашковски, но, како што рече, истрагата треба да ги даде резултатите. -Прво е Државен завод за ревизија, второ е Антикорупциска комисија која ја има под мониторинг Владата, на крајот се истражните органи, Јавното обвинителство, судовите. Постојат контролни механизми, сигурно има и…

Read More

Би било поцелисходно Никола Груевски да си дојде дома и да продискутираме ако има што да каже, вака премиерот Зоран Заев ја прокоментира фејсбук-објавата на неговиот претходник од Будимпешта. – Се што почнала минатата Влада и што е добро, ние го продолживме. Сите можеме да помагаме, но највеќе ако сме дома. Денес е демократија, слобода. Може екс-премиерот да си коментира секојпат како што мисли, тоа е негово право, но би било поцелисходно да дојде дома и тука да ги прокоментираме идните развојни можности на државата, подвлече Заев. Заев нагласи дека  Владата продолжила со инвестирање во патиштата, ТИРЗ-овите, привлекувањето странски инвестиции…

Read More