Author: Нова ТВ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот предизборен собир во скопската општина Чаир рече дека граѓаните на Република Македонија секогаш се наоѓаат на дното на приоритетите на Зоран Заев и на оваа влада предводена од СДСМ затоа што нему, како што рече,  поважни му се „лични агенди кои е одлучен да ги турка на сметка на честа и достоинството на граѓаните без разлика на етничките и верските различности“. Наброи четири чекори кои, според него, се матрица на владеењето на СДСМ – лаги, национално понижување, криминал и, како што рече, „масовна пљачка“ и заробено обвинителство и судство. „Обвинителството е заробено за…

Read More

Носителот на кандидатската листа за пратеници во втората Изборна Единица (ИЕ) на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски и носителката на изборна листа во ИЕ2, Сања Лукаревска попладнево беа на средби со граѓани на скопската општина Шуто Оризари. Спасовски во таа прилика ги повика Ромите во целата држава да се обединат против оние кои, како што рече, играат мајтап со ромскиот јазик, „тегнеа за уши“, планираа „пиштење – вриштење“, „семејства во ендек“. Тој нагласи дека по членството во НАТО, следува отворање и на преговорите со Европската Унија (ЕУ). Од европските фондови, информира, ќе се обезбедат две и пол милијарди евра за…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека никој не може на сила да ја преземе власта во Србија по јасно изразената волја на народот кој на неодамнешните избори се изјаснил каква влада сака. „Мене никогаш нема да ме исплашат и скршат. И главата на трупец да ми е, нема да ме скршат. Јас сум оној кој го бира наредниот мандатар. Објективно може да ме убијат, но тогаш ќе требаат претседателски избори, бидејќи ќе нема кој да именува мандатар. Не гледам што можат друго да направат“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк од Париз, пред работната вечера со францускиот претседател Емануал Макрон.…

Read More

Дали клопчето се одмотува, сликата се заокружува, а расплетот се наѕира и може да се види како Милчо Манчевски, кој со години наназад, шурувајќи со сите власти, извлекува милионски суми за своите проекти, некогаш и надвор од редовен конкурс и се гледа неговата алчност и деструктивна енергија, е прашањето што се поставува во соопштението на македонската Агенција за филм. Неговите колеги, се вели во дописот, станаа против ваквите негови хајки, да врши притисок во вакви кревки кризни и предизборни времиња против Агенцијата за филм која подаде рака на филмските работници да си ги добијат навремено парите од завршените филмови на…

Read More

Двајца турски државјани на возраст од 22 и од 24 години, од кои едниот бил позитивен на Ковид-19, синоќа избегале од државен карантин во хотел во Скопје за што се послужиле со чаршафи со кои импровизирале јаже, соопшти полицијата. Двете лица се осомничени за криумчарење на мигранти, но поради позитивниот тест за Ковид-19 кај едниот од нив биле упатени во државен карантин. Според полициското соопштение, на 8 јули околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотел – државен карантин во Скопје бил забележан чаршав, кој бил врзан како импровизирано јаже.…

Read More

По повеќедневни преговори, Белгија ја објави листата на дозволени дестинации за своите граѓани, а меѓу нив не е Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Со ова Белгија ја следи и препораката на Советот на Европската Унија (ЕУ) кој на 30 јуни објави препорака до сите 27 земји членки за отворање на границите. Белгија дури денеска го соопшти конечниот договор. За Северна Македонија, белгиското Министерство за надворешни работи објаснува дека „бројот на случаи на Ковид-19 во земјата силно и постојано расте. Епидемиолошката состојба јасно се влоши од почетокот на јуни месец“. Поради ова, белгиските власти оценуваат дека за нивните…

Read More

На 15 јули вие одлучувате кој ќе ја води борбата со Ковид-19. Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на Мицкоски и неговите луѓе?, праша Зоран Заев на Фејсбук. Со СДСМ и коалицијата „Можеме“, порача тој, во новиот мандат ќе продолжат уште повеќе инвестициите во здравството и во човечкиот капитал, за уште подобра здравствена заштита. „Вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега, продолжуват инвестициите во јавното здравство. Скопје добива нов клинички центар, а Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри“, нагласи Заев на социјалната мрежа.

Read More

Подготвени сме, знаеме и можеме да отвориме 80 отсто од поглавјата до 2024 година, а за шест години од сега да го затвориме целиот преговарачки процес со ЕУ и да бидеме нејзина полноправна членка. Ова е нашата понуда за следните четири години. Точно знаме каква држава сакаме да биде Северна Македонија во 2024 година, слободна, деморкатска, европска и интегрирана“, истакна Заев

Read More

Од Министерството за здравство (МЗ) посочуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.470 тестирања кои покажале позитивни резултати кај 83 лица во Скопје, 26 во Тетово, по осум во Куманово, во Охрид и во Гостивар, по шест во Штип и во Кичево, пет во Струга, четири во Свети Николе, три во Прилеп, по две во Битола, во Пробиштип и во Дебар и по едно лице во Крива Паланка, во Крушево, во Кочани, во Македонски Брод и во Ресен

Read More

Бојан Јовановски денеска во скопското Јавно обвинителство поднел кривични пријави против повеќе носители на јавни функции, членови на нивните семејства и бизнисмени. Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече оти очекува од Обвинителството да отвори предмети по поднесените кривични пријави по документирање на случаите

Read More