Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Да излеземе на гласање за сигурна иднина, а не обнова на режимот

0
By Нова ТВ on July 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 9, 2020 21:31

Носителот на кандидатската листа за пратеници во втората Изборна Единица (ИЕ) на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски и носителката на изборна листа во ИЕ2, Сања Лукаревска попладнево беа на средби со граѓани на скопската општина Шуто Оризари. Спасовски во таа прилика ги повика Ромите во целата држава да се обединат против оние кои, како што рече, играат мајтап со ромскиот јазик, „тегнеа за уши“, планираа „пиштење – вриштење“, „семејства во ендек“.

Тој нагласи дека по членството во НАТО, следува отворање и на преговорите со Европската Унија (ЕУ). Од европските фондови, информира, ќе се обезбедат две и пол милијарди евра за државата, а тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, за поголема социјална помош, за канализации, за патишта, за водоводи.

„Вие знаете колку пари насочивме кон граѓаните. Корисници на гарантиран месечен приход во Шуто Оризари се 1.411 лица. Корисници на детски додаток се 572 лица. Корисници на образовен додаток за деца се 341 лице. Корисници на социјална пензија се 71 лице. Општо во државава социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти, 26.636 домаќинства користат гарантиран минимален приход повисок во просек за 300 проценти, за 3,5 проценти го зголемивме опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Над 33.000 деца во училишна возраст примаат по 1.000 денари месечно детски додаток. Воведовме образовен додаток за основци и за средношколци од семејства во социјален ризик: 700 денари месечно за ученик во основно образование и 1.000 денари за средно образование. Воведовме социјална пензија за граѓаните кои немаат никаква пензија, 6.747 луѓе земаат социјална пензија од 6.000 денари. Следува нова развојна економија, со повеќе инвестиции и можности за нови работни места, но мора да продолжиме по патот на евро-атланските интеграции по кој што тргнавме“, порача Спасовски.

Спасовски истакна дека режимот на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, не е решение затоа што мисли само на себе, крадат, рушат се закануваат за државна помош, за плати, за пензии, граѓаните ги оставија во руини и во кал, додека тие крадеа за своите џебови и за нивната бела палата. Потенцираше дека гласањето на 15 јули ќе биде со целосна заштита, со строго почитување на протоколите и сосема безбедно.

„Да излеземе на гласање, да не дозволиме обнова на режимот, да избереме сигурна иднина за сите. Да гласаме за број три и да си ја осигураме иднината“, повика Спасовски на средбите во Шуто Оризари.

Лукаревска: Гласајте за сигурност наместо за опасност
Излезете и гласајте затоа што вашата иднина, иднината на вашите најблиски зависи од вас, вие одлучувате, гласајте за сигурност наместо за опасност, рече носителката на изборна листа во ИЕ2, Сања Лукаревска на средбите со жителите на Шуто Оризари.
Лукаревска беше и во посета на кампот во Визбегово каде се сместени 17 ромски семејства кои беа заборавени од државата и оставени да живеат под скопското Кале. Сега, подвлече таа, сите овие семејства имаат лични карти, нивниот идентитет е во системот на државата со што се стекнаа и со правото да примаат социјална помош, а голем дел од нив се и корисници на платежните картички за купувај домашно. Шестмина се веќе вработени, а 22 деца се вклучени во образовниот процес.
„Градиме комунална инфраструктура во сите населени места во кои живеат Роми, ја подобруваме и социјалната инфраструктура. Заедно ќе го решаваме и најгорливото прашање за ромската заедница, вработувањето, заедно ја подобруваме положбата на жената, социјална и економска сигурност, квалитетна здравствена заштита. Во наредниот мандат на 40 проценти од извршните функции носители ќе бидат жени. Градиме едно општество за сите. На 15 јули гласајте и заокружете го бројот 3“ истакна Луакревска.
Избори 2020 Оливер Спасовски Сања Лукаревска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.