Author: Нова ТВ

Денеска преку симулација на гласачкиот ден организирана од страна на Државната изборна комисија се одржа пробно гласање со цел максимална безбедност на граѓаните. Во продолжение протоколите за гласање: – Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска. -По влегување во објектот, ред за гласање се чека на дистанца. -При влегување во просторијата, гласачот прво ги дезинфицира рацете, ѝ ја подава личната карта на изборната комисија. -Накратко, ја симнува маската за идентификација, гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете. -Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи…

Read More

Новите случаи се јавуваат онаму каде што не се почитуваат препораките и мерките за заштита од коронавирусот, нагласи министерот за здравство кој денеска присуствуваше и на симулацијата за безбедно гласање во организација на Државната Изборна Комисија (ДИК)

Read More

Приоритети за време на германското претседателство со Европската Унија (ЕУ) во наредните шест месеци, според неа ќе бидат Западниот Балкан, Африка, борбата против дезинформациите, миграцијата, Русија и Кина

Read More

Синоќешните протести во Белград ги оквалификува како „најбрутално политичко насилство“, дека собирот бил добро организиран и непријавен, но и дека потфрлиле српските безбедносни служби бидејќи дошло до наплив на „криминален и меѓународен фактор и служби“

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2. Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е…

Read More

За четири години, Германија прими околу 10.000 мигранти од турските бегалски кампови согласно договорот склучен меѓу Европската унија и Турција, објави весникот „Велт“, повикувајќи се на одговорот на Министерството за внатрешни работи на прашање од Слободна демократска партија. Весникот нагласува дека Германија, со голема разлика, е лидер во ЕУ по бројот на мигранти примени од Турција. Според податоците на Европската комисија, од 4 април 2016 година до 16 март 2020 година, 28.835 мигранти се преселиле во Европа, согласно договорот со Анкара, од кои 9.967 – во Германија. Ова значи дека Германија прими двојно повеќе мигранти од Франција, која е на…

Read More

По долго боледување денеска во Скопје почина Јасмина Спасовска, долгогодишен новинар во областа на културата. Таа работеше како новинар во ТВ 24 Вести, а претходно беше дел од новинарската екипа на А1 телевизија. Во својата новинарска кариера, Спасовска покриваше теми кои имаа за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја, туку и на љубителите на културата и на општиот ТВ аудиториум.

Read More

Претставникот на претседателот Доналд Трамп за Северна Кореја денеска изјави дека американската администрација е подготвена да ги продолжи нуклеарните преговори и покрај инсистирањето на Пјонгјанг дека нема намера да разговара со Вашингтон. Заменик државниот секретар на САД, Стивен Биган, разговараше со новинарите после средбата со јужнокорејските официјални претставници во Сеул, на која е потврдена заедничка определба за дипломатски пристап за решавање на нуклеарниот спор со Северна Кореја, но избегнаа конкретни одговори за што разговарале. Состаноците следуваа неколку часа откако севернокорејските државни медиуми објавија за посетата на лидерот Ким Џонг Ун на мавзолејот во Пјонгјанг за да му оддаде почит на…

Read More

На Јутјуб се појави снимка од телефонски разговор меѓу Александар Николоски и Миле Јанакиески од ВМРО ДПМНЕ. Во снимката се слуша како тие разговараат за организирање на мала сообраќајна несреќа за да настане блокада на пат и гласачите да не може да одат до избирачките места. https://www.youtube.com/watch?v=be9zuKfA5jQ&feature=emb_title „Александар, слушај сега, една идеја со Горде ја зборевме. Има два авиони шиптари, слетуваат сега во 4 ипол. Да направите една сообраќајна несреќа ситна кај Пресека. Трактор да се испреврти, сериозно ти зборам ова“, вели Јанакиески. Сличен разговор беше презентиран и во судскиот процес за предметот „Титаник“ за изборни измами пред две…

Read More

Апел за строго следење на националните здравствени протоколи упати шефицата на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР,  Лаима Андрикиене, на една недела пред денот на гласањето на превремените парламентарни избори. -Гласањето почнува уште в понеделник, така што имаме помалку од една недела до него. Во понеделник и вторник и потоа денот на гласањето е во среда. Сите кои живеете и работите во земјава строго следете ги националните здравствени протоколи. Тоа е дел од нашите животи сега и секако, знаете, целиот изборен процес, сите засегнати страни се обврзани да го прават истото, мислам изборната комисија, учесниците на овие избори…

Read More

Австриските власти ги предупредија граѓаните да не патуваат во Бугарија, Романија и Молдавија поради ширењето на новиот коронавирус во тие држави. Сите патници кои ќе пристигнат во Австрија од трите посочени земји ќе бидат ставени во 14-дневен карантин. На австриската граница со Унгарија и со Словенија се интензивираат проверките на пристигнатите патници од Балканот, а исто така се проверуваат и сите автобуси.

Read More