Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Огромен дел од борбата со Ковид-19 е во свеста и совеста на народот

0
By Нова ТВ on July 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 8, 2020 17:42

Министерот за здравство Венко Филипче денеска по кој знае кој пат нагласи дека препораката за избегнување на секаква форма на масовни собири останува и сега и во иднина, но, исто така, и дека огромен дел во целата борба против коронавирусот е во свеста и совеста на народот.

„Препорака имало, има и ќе има во иднина за секаква форма на масовно собирање. Но, секогаш доаѓаме до истата поента, а тоа е дека огромен дел во целата борба против коронавирусот е во свеста и совеста на народот. Било каква форма на собир каде што нема да се одржува дистанца, граѓаните нема да носат маски е асполутно ризик како по здравјето на присутните, така и по здравјето на нивните блиски“, рече Филипче.

Тој изрази верба дека во последните денови од кампањата, а и вечерта по изборите, кога ќе бидат познати резултатите од гласањето, ќе се почитуват сите протоколи.

„На утринските состаноци на Комисијата за заразни болести секојдневно разгледуваме различни барања, од организатори на настани на отворено, во затворено, дали да се организираат свадби или не беше, итн. Истите препораки важат истите препораки. Новите случаи се исклучиво онаму каде што не се почитуваат мерките“, дециден е Филипче.

Просекот на нови случаи се намалува секој ден, нема потребна од дополнителна мерка

Имаме се помал број на пациенти во болници. Просекот на новодијагностицирани секој ден се намалува. Рестриктивна мерка се воведува тогаш кога ќе се оцени дека постои ризик по здравствениот систем и тоа ни беше потврдено од страна на експертот од Светската здравствена организација кој нè посети, рече Филипче, кој денеска беше на симулацијата на безбедно гласање во организација на Државната Изборна Комисија (ДИК).

„Може да се организираат и одржуваат натпревари во екипните спортови без присуство на публика заради тоа што знаеме дека тоа е огромен ризик. Во таа смисла и моментот кога треба да се воведе рестрикција, треба добро да се оцени, затоа што во даден момент можеби е многу доцна. Кај нас нема ниту најава, ниту е потребна некаква дополнителна мерка“, истакна министерот за здравство.

Препораката за тестови за државјани на Србија, на Косово, на БиХ и на Црна Гора е врз основа на епидемиолошката слика

Предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжително приложување на ПЦР тест не постар од 72 часа за сите граѓани од Србија, од Косово, од БиХ и од Црна Гора при влез во земјава, ќе биде во најскоро време разгледуван на седница на Владата, истакна Филипче.

„Оваа наша одлука и препорака се базира врз основа на податоците што ги собиравме во изминатите денови, а кои укажуваат дека вистинската епидемилошка слика во тие земји е многу полоша од нашата во овој момент“, потенцира Филипче, но и додаде дека државната граница ќе може да ја минат во случај да транзитираат низ македонската територија.

Изминатите неколку дена, според него, се бележи тренд на намалување на бројот на хоспитализирани пациенти за што ги посочи Инфективната клиника и во болницата „8 Септември“ во кој во текот на вчерашниот ден биле примени шест, односно осум лица.

„По многу денови имаме под 1оо на вкупно хоспитализирани во болницата „8 септември“. Бројката пред две-три недели беше околу 120, 130, а во моментот изнесува околу 90. Има и добар дел на пациенти кои се испишуваат. Се надевам дека овие трендови ќе продолжат и натаму, рече Филипче.

Венко Филипче Ковид-19 мерки препораки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.