Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ ретерира по синоќешните протести во Белград: Полициски час, сепак, ќе нема

0
By Нова ТВ on July 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 8, 2020 16:50

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ретерира во најавите за враќање на рестриктивните мерки во борбата против Ковид-19 по синоќешните протести во Белград што резултати со неколку десетици повредени полицајци и демонстранти, оштетени полициски возила, многу солзавец и обид за упад во Собранието. Во денешното обраќање до нацијата, тој рече дека премиерката Ана Брнабиќ и министерот за здравство, Златибор Лончар ќе ги заострат мерките за главниот град, но „полициски час“ од петок попладне до понеделник наутро најверојатно ќе нема. Истакна дека не се согласува со тоа, но дека ќе ги почитува нивните одлуки, какви и да бидат.

„Се плашам дека вака одиме во корист на оние кои сакаат да се додворат на граѓаните, но тоа нема да донесе брзо оздравување. Го почитувам нивниот став“, рече Вучиќ пред новинарите попладнево во Белград.

Вучиќ најави претворање на други болници во Ковид-центри и ги замоли граѓаните да не излегуваат на собири за да нема натамошно ширење на заразата.

„Денешниот ден ни е втор најлош по бројот на новозаразени лица, имаме 357 случаи од 8.600 направени тестови, починаа 11 лица, а 118 се поставени на респиратор. Тие бројки се зголемуваат секојдневно при што Белград ни е најголем проблем. Немојте да одржувате собири со две, три, четири илјади луѓе, бидејќи така ќе се заразите и самите, вашите роднини и соседи. Камењата не се лек за општеството“, порача Вучиќ на прес-конференција во Белград.

Синоќешните протести во Белград ги оквалификува како „најбрутално политичко насилство“, дека собирот бил добро организиран и непријавен, но и дека потфрлиле српските безбедносни служби бидејќи дошло до наплив на „криминален и меѓународен фактор и служби“. Рече дека „демонстрантите брутално ја нападнале полицијата, ја каменувале, удирале, тепале, а тие, сепак, се однесувале достоинствено се додека не била оштетена вратата на Собранието и заземено фоајето. Вучиќ притоа истакна дека се повредени 43 полициски службеници и оштетени пет возила.

Според него, нема сомнеж дека „оние“ кои работеле на организација на протестот имале за цел да ја ослабнат позицијата на Србија. На прес-конференцијата, Вучиќ истакна дека има докази за присуство на претставници на регионални служби меѓу демонстрантите, но затоа ќе говори по анализите на српските безбедносни служби.

„Сите кои учествуваа во палење на автомобили и повредување на полицајци, ќе бидат остро казнети во склад со законот. И тука ќе нема милост“, најави српскиот претседател.

Воедно тој најави постапки и за припадници на полицијата ако се утврди дека ги надминале нивните овластувања.

„Законите постојат за сите, па и за полицајците“, заклучи Вучиќ кој утре ќе отпатува во посета на Париз и на Брисел.

Александар Вучиќ Белград Ковид-19 полициски час протести Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.