Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Продолжува процесот на вакцинација во земјава. Досега, заклучно со 18 април вакцинирани се 7.020 здравствени работници со прва и 6.750 со втора доза на вакцина против КОВИД-19. Од 31 март, кога почна вакцинацијата на населението за лицата над 73 години вакцинирани се 13.575 лица. Од 5 април, пак, почна масовната вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18.376 лица. Во земјава пред два дена стасаа 10 илјади вакцини од „Фајзер“, а во текот на месецов се очекуваат и од останатите производители. Земјава има направено нарачки на над 2 милиони вакцини, но од вчера, доколку за…
Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, е прогласен за виновен по сите три обвиненија за смртта на Џорџ Флојд. Одлуката на поротниците, донесена синоќа, е дека Шовин е виновен за убиство од втор степен, убиство од прв степен, и предизвикување смрт од небрежност. Откако во понеделникот беа дадени завршните зборови, поротата составена од 12 членови, пред да ја донесе конечната одлука, вчера се консултираше четири часа, кога се разгледуваа исказите на 45-те сведоци, влучувајќи ги и случајните минувачи, полицајци, експерти. За пресудата да биде валидна, требаше едногласна потврда од сите членови. Според судските протоколи, во составот на поротата се четири бели жени, двајца бели мажи, четворица Афроамериканци – тројца мажи и една жена, и две жени од мешано етничко потекло. Судот вети дека ќе ги чува нивните имиња во тајност се до изрекување на пресудата. Шовин, кој се…
Мојот пријател има видено и слушнато сешто, секојдевно е сведок на корупција, арамилак, уцена, мобинг, измама, проневера, манпулација…
И не е единствениот.
Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за склучување колективен договор за високо образование и наука и ја овласти министерката за образование и наука Мила Царовска да го потпише. Со колективниот договор прв пат по 30 години се уредува системот на плати, се утврдува основната бруто плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование. Дополнително, предвидено е и зголемување на плататa на наставниот и ненаставниот кадар во септември 2021 година и во септември 2022 година. -Едно од позабележителните постигнувања со овој колективен договор е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќаа со големи потешкотии од страна на високообразовните установи, наведува владината прес-служба. На седницата е утврден и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието…
Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите за туристите од Русија, Белорусија, Украина и Северна Македонија, објави министерот за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ на Твитер. „Драго ми е да ве информирам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и PCR-тестирање, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Северна Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона“, напиша на руски јазик Спајиќ. Се очекува наредните неколку денови да биде прецизиран конкретниот датум. Рады сообщить вам,что для посещения Черногории в туристический сезон 2021,для граждан Российской Федерации,Республики Беларуссии,Украины и Северной Македонии будут сняты все ограничительные меры,в том числе ПЦР тестирование.…
Постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 кои се со важност до денеска, да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник), одлучи Владата на денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести. Како што информира владината прес-служба, исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен…
Португалија како претседавач со Европската Унија и Европската Комисија и натаму се надеваат дека до крајот на португалското претседателство ќе може да се одржи меѓувладината конференција со Северна Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Ана Паула Закариаш, државната секретарка за европски прашања на Португалија, објасни дека денеска за време на Советот за општи работи министрите имале дискусија за Северна Македонија и Албанија како и општо за проширувањето. -Би рекла дека сите земји членки сакаат да видат придвижување тука, претседателството разговараше со земјите кандидати и со земјите членки и со поддршка на еврокомесарот Оливер Вархеји разговаравме со бугарските власти, изјави Закариаш на прес – конференцијата. Таа додаде дека во овој момент Бугарија се наоѓа во постизборен период, но дека дебатата за Северна Македонија продолжува за да се дојде до резултат. -А тоа е за време на…
Владата на Република Северна Македонија, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Како што соопшти Министерството за култура, Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше закочен во надлежнитe институции. Со ревалоризацијата на Аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита. -Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита. Со донесувањето на Одлуката, Аквадуктот се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство, наведува Министертсвото.
– Како што почнавме со поддршка на туристичко угостителскиот сектор така продолжуваме. И во овој пакет се предвидени мерки кои ќе бидат еднократна помош или во облик на грант. Угостителските компании кои се регистрирани со шифра на приоритетна дејност 56.10, 56.29, и 56.30 ќе добијат директна помош од 30 отсто од просечно прикажаните приходи за 2019, вклучувајќи ја и 2020 година. Дополнително на тоа ќе добијат и еднократна помош во износ од 15.200 денари за секој вработен во нивните субјекти, рече Бектеши. На угостителските објекти, додаде тој, кои се основани во текот на 2020 година како просек ќе им се…
Парламентарното мнозинство очекува утре да почне нова седница во полн состав бидејќи според најавите двајцата пратеници кои пред некој ден во скафандери зедоа учество на 32. седница на Собранието, им завршува изолацијата. Доколку утре во Собранието има 61 од вкупно 62 пратеници од мнозинството, според најавите, не е исклучено спикерот Талат Џагфери да закаже во меѓувреме продолжение и на некои од старите седници, за да може да се донесат закони за кои е завршена расправата. Меѓувреме, опозицијата поднесе кривични пријави за непостапување според здравствените прописи против Џафери и пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, велејќи…
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешната прес конференција истакна дека ќе бидат овозможени 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за странските туристи како дел од шестиот пакет економски мерки. „Во очекување на престојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност ќе се овозможи бесплатни 50 илјади ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во нашата држава.“, вели Битиќи.
На ден 19.04.2021 година, од страна на инспектори од Државниот инспекторат за труд извршен е вонреден инспекциски надзор во Собранието на Република Северна Македонија. Вонредниот надзор е извршен во врска со спроведување на мерките, протоколите и препораките за превенција од Ковид 19 донесени од страна на Владата на РСМ, Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник. на РМ бр.66/04; 139/08; 99/09;149/14;150/15;37/16); Законот за измени и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести Сл.Весник. на РСМ бр. 257/20) и Одлуката за превентивни мерки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на…