Author: Нова ТВ
Иако е осуден од страна на Џулијан Асанж како „масовен пропаганден напад на Викиликс и карактерот на мојата личност“, но сепак првиот трејлер за филмот Петтата власт (Fifth Estate) сугерира непристрасен политички трилер
Грчкиот премиер Андонис Самарас бара македонската влада да размисли повторно за грчкиот предлог Меморандум за соработка а го смета за ирелевантно создавањето нови преговарачки тимови што го предложи премиерот Никола Груевски- ова е поентата на писмото, кое во оргинал излезе во грчките медиуми
Реакциите за насловната на Ролинг стоун за сликата на осомничениот бомбаш на бостонскиот маратон Џохар Царнаев доведoa до објавување на на нови фотографии на неговото апсење
Предлагам да ги назначиме преговарачите за да започне формален почеток на преговорите во октомври или ноември за целиот процес да заврши до феруари или до пролетта идната година рекол Филе доцна при посетата на Косово доцна попладне
Изнаоѓање на компромис за името во преговорите со Грција, но и поголема ангажираност на Германија и Еу за олеснување на овој процес побарал денеска Али Ахмети на средбата со Амабасадорката на Германија, Гудрун Штајнакер и заменик амбасадорот Ханс Хелте Зандер при нивната посета во седиштето на ДУИ
Во разговор со НОВА Борче Давитковски потврдува дека утре ќе ја поднесе оставката од местото претседател на Комисијата за расчистување на инцидентите од 24 Декември во Парламентот.
Олег Шаров, заменик генералниот директор на српското претставништво на Лукоил е пронајден мртов во својот стан во Белград. Иако на телото немало траги на насилство полицијата случајот го води како сомнителен
Работниците работеле и дење и ноќе, понекогаш и по 18 часа. Слободен ден немале 5 месеци, а изведувале опасни задачи. Денеска почина молерот кој пред неколку дена се повреди во пожар на висококатниците
Владата направила потесна селекција од десеттина кандидати за нов директор на Управата за заштита на културното наследство.Еден од нив ќе седне на испразнетата фотеља на Паско Кузман. Со секој од кандидатите од понеделник ќе биде направено дополнително интервју пишува дневниот весник Вест.
На Србија и престои напорна работа и потребна и е одлучност во следните години за да ја постигне целта, изјави денеска пред српскиот Парламент еврокомесарот за проширување Штефан Филе
Со наслов ИСТРАГА ВО БЕСТРАГА, весникот открива детали за несреќата во која загина
основачот на Фокус Никола Младенов. Кој беше пратеникот што ја обзнани веста за смртта, зошто исчезна мобилниот телефон на Младенов?
Клиничкиот блок од октомври ќе се гасифицира. За оваа цел ќе се потрошат 800 000 евра, а гасификациона мрежа ќе биде долга 1,5 километар