Author: Нова ТВ
Црногорската полиција денеска приведе неколку активисти на движењето „Отпор против диктаторскиот режим во Црна Гора“, кои фрлаа јајца врз влезот на Парламентот, каде се расправаше за предлог-законот на опозицијата за распишување на нови претседателски избори.
Претседателот на Српската напредна партија во Македонија, Драгиша Милетиќ соопшти дека ја напушта пратеничката група на СДСМ и продолжува да дејствува во Собранието како независен пратеник
Претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Трајчевски, најавува премин на емитување преку дигитален сигнал без проблеми. Додава дека кабловските оператори кријат претплатници и затоа ќе бидат потребни само 85 илјади дигитални приемници.
Министерството за земјоделство на Србија, поради сомневање дека содржи повисоко од дозволеното количество афлатоксин, задржа над 200 тони пченка
Рестриктивните мерки против сирискиот режим, договорени во изминатите две години, ќе бидат продолжени за уште една година, почнувајќи од утре, па се’ до 1 јуни 2014 година, се наведува во соопштение на ЕУ
Хелсиншкиот комитет за човекови права бара претседателот на Kомисијата за лустрација Tоме Aџиев да си поднесе оставка од функцијата поради непрофесионалното и неодговорно работење
Висoкиот претставник за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ го оцени како прекумерна мерка на македонските власти притворањето на новинарот Томислав Кежаровски
Стотина демонстранти кои протестираат против сечењето на зеленилото во парк во центарот на Истанбул денеска се повредени во судири со полицијата, која се обиде да го разбие протестот, кој трае веќе четири дена
Припадници на анти-капиталистичкото движење „Блокупај“ ги блокираа улиците во Франкфурт кои водат до зградата на Европската централна банка
Последен предлог за кој власта и опозицијата начелно се согласиле e странец да биде претседател на комисијата што треба да ги расчисти инцидентите на 24. декември
Кандидати за лидер на СДСМ се Игор Ивановски, Зоран Јовановски, Кире Наумов и Зоран Заев. Последниот е единствениот кандидат кој ја најави Радмила Шеќеринска како негова десна рака
Комисијата за верификација на фактите лустрирала друго лице кое исто така се вика Петар Карајанов, но го прогласила за кодош Петар Карајанов, кој е поранешен секретар и претседател на Градскиот комитет на Сојузот на Комунистите